Посебно во Кичевско, Крсте војводата оставил силен впечаток сред народот и за него, со посебно задоволство се пеела песната;
Силен ми ветар завеа од Кичево и од полето.
то не беше силен ветар, тук ми беше силен аскер,
турски аскер и башибозук:
Сардисаа планините,
планините долините.
ги догледа Крсте војвода
Ја станете мили браќа,
Сардисани сме од сите страни,
од планини и долини.
Ми станаа комитите
си грабнаа оружјето.
Ми отпочна лута борба
Аскер викат; „Алах, Алах!“, „Ура“ викаат комитите.
Паѓаат жртви неброени.
Крсте војвода извика:
Ајде браќа, мили браќа, на јуриш да куртулиме,
ставете ги ножевите, запалете ги бомбите,
сите браќа ај по мене!
Петнаесет души в обрач си пробија,
во горите се најдоа,
а дванаесет паднаа.
Слово држи Крсте војвода,
слово држи солзи рони
за своите загинати војводи.