Песни за Македонија

Радишани се моли

radisani

radisaniЗастанете! Стојте! Јас сега пред пекол стојам,
последен поздрав за синот молам.
Пред пекол широк во кој ќе се суди
на ѕверот проклет што дете ми уби.

Застанете! Стојте куршуми врели,
дете е тоа, а ние сме мажи нели?!
Кукавици бедни по мене ајде,
да видите тогаш што ќе ве најде.

Застанете! Стојте големи глави,
вашите дома мирно спијат нека се здрави,
а моето, моето мртво лежи,
еден до друг душманот ги нареди.

Застанете! Стојте во ноќта тивка,
мајка со лелек покој на душа не повика
месечино невесто бледа
ти си сведок нем на чедото мртво.

Застанете! Стојте се уште боли
не фрлајте земја врз синовите мои,
стој и ти попе мајка нека збори
смртта на чедото колку боли.

Застанете! Стојте вие нови зори
оставете во темнина душата да гори
пламени ачки срцето ви го давам
за чедото пак да го галам.

Застанете! Стојте светци мои
зарем мртво дете во прегратки да ми стои,
Боже застани! Стој!
Погледни како мајка последна руба за чедото крои.

Застанете! Стојте ветрови диви
да помине ковчег на момчињата мили.
Застанете гробари место сватови,
мајка вас да ве закити.

Застанете! Стојте денови, месеци, години
додека последен помин се точи
во солзите на Радишани.
Застани и ти Вардаре помен да земеш
за петмина синови во свет да однесеш.

Застанете! Стојте! Јас сега пред пекол стојам
последен поздрав за синот молам.
Пред пекол широк во кој ќе се суди
на ѕверот проклет што дете ми уби.

Рецитал – http://www.youtube.com/watch?v=xIVPvv4YWdM

Матеј Крстевски

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top