
Македонијо колку те љубев
Не верувам дека те напуштив
Душмани не поробија
И низ цел свет не разделија
О Боже колку ти благодарам што ја пронајдов.
Се` на светов да имаш
Сиромав си кога мајка немаш
Било што во живот те радува
Сепак душа ке ти тагува
Затоа што ја нема Македонија.
Душманите навлегоа
И на парчиња те разделија
Но Бог не те остава
Да бидеш вечно отуѓена
Драга земјо македонска сонувана.
Кај и да сме Македонци
Ние идеме да те славиме
Земја знајна и пронајдена
Среќна е чеда свој гледа
Македонијо огниште многу љубено.
„МАКЕДОНЕЦОТ“ Друштво на Македонците од Романија