
Се стивна бурата на Балканот
А сеуште царува над него Содом,-
Тоа во македонските великани
Клокоти крвта за татковиот дом
Не под среќна ѕвезда
Го влечеа животот досега тие
Обележувајќи ги со алова бразда
Не само нивите, туку и дните.
Крвта во градите не напразно им тече,
Збирајќи резерви од тајни сили:
Целото небо ќе го осветли со пожарот
Кога ќе дојде заветниот час.
Душмани, плашете се од великанот
Додека в срце му гризе црв,
У тргнете се вие од вулканот:
Да не ве погребе во кратерот тој, –
И не китете се со празната слава
Опијанети од победите пусти:
Таа ќе ги залее со врелата лава
Безумните бладања од дрските усти.
Леон Шах – Паронијанц, 1915