По мирис цвет и свежина
Пролета се препознава
Момче на девојче
Бело цветче и подава.
Принцес цветче за тебе
Друго јас ќе скинам
Погледни ме ти в очи
Сакам лице да ти видам.
Не ме гледај лудо младо
Јас си имам дечко
На години доста стар
А на пораст е малечко.
Немам среќа девојче
Ти си убава и бистра
Која девојка да ја засакам
Судбината моја секаде е иста.
Ќе ти најдам девојче
Другарката моја Вена
Што е лична и убава
Таа уште дечко нема.

(Гроздан Јовановски, Њукастел)
Прличева награда, песна за деца