
текст: Мишко Талески
Застани само малку човеку,
зошто ме гледаш попреку,
зарем имаш право да ми кажеш кој сум,
каков сум, и на светов зошто сум.
Замолчи, ништо не те разбирам,
твојот јазик не го познавам,
сите гробја што ги гледаш сега овде пред мене,
твојте ги оставиле, ниту еден солза,
ниту кама в грб зариена,
не е заборавена.
Сто лета минаа,
сто години не искинаа,
сите лаги,
вистини закопани и од светот скриени,
дојде време ние да ги кажеме,
злото да го казниме.
Сто години поделена,
сто години одродена,
столетие распетие,
прагој осквернавени,
крстој искривени,
гробја сраснати на знајни и незнајни,
свеќи дополу изгорени,
од ветрој изгаснати.
О, земјо газена, недогазена !
О, Македонијо пеана, недопеана !
Плачи, плачи !
Солзите крв се сторија,
низ реки истекоа,
душмани заминаа,
ама и останаа,
да не јадат,
да не толчат,
само Господ озгора не дава,
со нас е,
ќе не крепи,
рака Исусова ќе не избави.
Сите лаги,
вистини закопани и од светот скриени,
дојде време ние да ги кажеме,
злото да го казниме,
сите горе главата Македонци,
правдата ќе победи!