Песни за Македонија

Толе Паша

Томе Вељаноски

Томе Вељаноски

Толе Паша
Зад висока брего е Крушевица село,
во фамилијата Кулиќеви се роди машко чедо.
Името Стојан нунката му го даде,
со благослов голем – јунак да биде.
Борба да води за народот свој,
доживотно да се бори тој,
на насилниците да им стави крај,
народот свој да добие Божји рај.
Во летно време воловарче оди,
со дедовците Толе дружба прави,
разни приказни од нив слуша,
задоволство ѝ прави на неговата душа.
Порасна Толе, бистро и снажно момче,
на ковачот Стеван зет му стана.
Се ожени тој со ќерка му Ката,
со неа ги добија синовите два.
Немаше Толе добри односи со Адем-бега,
често влегуваше во конфликти со него.
Го напушти Толе домот свој,
за подмолно да не биде убиен тој.
Се вработи Толе во рудникот Алшар,
таму се замери со заптијата Акиф.
Во самоодбрана Толе го уби него,
затворен беше за извршеното дело.
По кратко време од затворот бега,
во Мариово се врати Толе сега.
Основаше своја чета и јатаци најде,
со нечесните луѓе на крај да излезе.
Јован и Толе на Скала заседа направија,
турскиот даночник Мефаил тие го ограбија.
Дел од парите за себе ги оставија,
остатокот меѓу народот го разделија.
Во Бугарија Толе оди, од потера да се спаси,
но по кратко време назад се врати.
„Бугарија не е моја родна земја,
таа за мене е зандана темна.“
Во Полчиште село сардисан е Толе.
Извика чаушот Ферат: „Предај се, ѓаур, сега!“
„Овде сум, паша!“ – одговор доби тој.
Отвори Толе силен оган и си проби пат свој.
Кај Сивевци, во Старовина село,
Толе го разоружа Арслан-бего.
Арслан-бегот, животот да си го спаси,
повеќе жолтици на Толе му плати.
Во вепрчанското поле сокриен е Пашата Толе,
жетварите во снопот го сокрија.
Аскерите сè пребараа, но не го открија,
жетварите Толе од сигурна смрт го спасија.
На Конгресот во Смилево Толе беше,
безбедноста на делегатите ја обезбедуваше.
Ацев и Толе од Смилево во Мариово се вратија,
политичката активност таму ја продолжија.
Во Лопатица Толе силна борба води
против грчки чети и македонски изроди.
Поразени, тие во паника бегаат пред него,
без оружје, со крвави траги во снегот.
Во летото 1904-то, во Гуѓаково Село,
се судри аскерот со четата на Толе.
Убиен падна Толе и дел од неговата чета,
заврши тука Толе низ Мариово да шета.
Во 2001 година му се отвори нова гробница,
моштите на Толе и Веле во родното село се пренесоа.
Погребани беа со величествено опело –
почитувани нека почиваат за своето големо дело.

Автор: Томе Велјановски – Марулецот

Најново од: Песни за Македонија

За Андон Дончевски – наша гордост и жива легенда

Легендата на црвено-црните Од Кавадарци тргна, по скопската трева, со секој негов гол публиката се крева. Со грбот на Вардар и со срце свое, на теренот беше стрелец што победи брои. Двесте и седумнаесет пати мрежата ја затресе, секој негов удар нова радост донесе. Со оган во градите, со молња во чекорот, остави трага во […]

Песна за Гоце

Автор: Венко Марковски Горо ле сестро ајдушка Горо ле, мајко јуначка Зошто ле горо, зашуми Кога ни ветре не дувна? Дал ми те јунак наминал Со стара верна дружина? Дал ми те некој проколна За вековечни времиња. Ил ми те нешто исплаши, Исплаши памет помами? Горо ле, не трај – прозбори, Тешка ми рана отвори. […]

Чуварот на македонскиот копнеж

Посветено на Мане Јаковлески Од убавото Зубовце, под Шара што спие, тргна едно момче со младост во гради. Но во туѓина, каде германски дожд лие, за родниот крај нешто во него врие. Тргна нови соништа да гради. Во Берлин далечен, сред туѓото сивило, Маноил силно го чуваше пламенот свет, пламенот што растеше сè поголем и […]

11 – ти Октомври

11 Октомври Од тешкиот покров на ропската ноќ се роди крик, се роди моќ. Во Прилеп град, под Маркови кули, се разбуди секој што ропство го куди. И Куманово во слободарска зора запали оган што надеж отвора. Пукна првата пушка, одекна глас: „Доста е ропство, дојде нашиот час!“ Не за туѓи круни, не за туѓи […]

Љубов за мојата родна земја

Заминавме со куфери полни со тага и надеж, преку сини мориња, кон далечни, туѓи градови. Таму сонцето нема ист топол сјај, а ноќите се студени како непознати прагови. Но колку и да нè водат патиштата низ светот, македонскиот корен и во туѓа земја никнува. Во Мелбурн, Детроит, Торонто, среде Европа, па и на крајот од […]

Лирско писмо за Волф Ошлис

Саво Костадиновски Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога […]

ВТОРАТА МАКЕДОНСКА УДАРНА БРИГАДА

На 20-от декемвриски ден, во 1943 лето, во Егејот долу, во Фуштани село, близу до Сопота града, се роди Втората македонска ударна бригада. Се исполни планот на Кузман и Ченто, протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо. Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци, командантот е Туриманџоски Димче – Горски. Низ тиквешко поле, бригадата оди, многу борби со […]

Светлината од Скопје

Посветено на Мајка Тереза Мајка на светот, со срце од чисто злато, родена во Скопје, во скромно, мило јато. Од калдрмата стара, каде детството извира, таа тргна по пат што цел свет го вселува. Во Калкута далечна, сред болка и глад, им служеше на сите – и на старец и на млад. Во секое паднато […]

To top