Тема: именден

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

Иванден – празник на раѓањето на Свети Јован Крстител, пророкот што го подготви патот на Христос

На 7 јули православните христијани го празнуваат Раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден, еден од најголемите летни празници во православниот календар. Свети Јован Крстител е единствениот светител, покрај Пресвета Богородица, чијшто ден на раѓање Црквата го слави како голем празник. Нека е честит и благословен Иванден на сите кои го празнуваат, како и на […]

Св. Цар Константин и царица Елена

На 3 јуни, Светата православна црква ги празнува светите рамноапостолни цар Константин и неговата мајка, царицата Елена – личности кои оставиле неизбришлива трага во историјата на христијанството и во развојот на христијанската цивилизација. Именден на овој голем празник празнуваат: Костадин, Кочо, Костадинка, Коца, Елена, Ленка и сите изведенки од овие имиња. Царот Константин Велики е […]

To top