На прво место

Св. Цар Константин и царица Елена

На 3 јуни, Светата православна црква ги празнува светите рамноапостолни цар Константин и неговата мајка, царицата Елена – личности кои оставиле неизбришлива трага во историјата на христијанството и во развојот на христијанската цивилизација.

Именден на овој голем празник празнуваат: Костадин, Кочо, Костадинка, Коца, Елена, Ленка и сите изведенки од овие имиња.

Царот Константин Велики е запаметен како првиот римски император кој го признал христијанството и ставил крај на вековните прогонства на христијаните. Во првите три века по Христовото раѓање, следбениците на новата вера биле изложени на сурови прогони, уништување на храмови и свети книги, како и на тешки мачења. И покрај тоа, бројот на верниците постојано растел.

Константин бил роден во Ниш на 27 февруари 274 година, како син на царот Констанциј Флор и царицата Елена. По смртта на својот татко во 306 година, тој го наследил престолот на Западното Римско Царство. Неговата мајка Елена, позната по својата побожност, уште од младоста го советувала да ги штити христијаните и да не учествува во нивното прогонување.

Најпознатиот настан поврзан со Константин е неговата визија пред битката против Максенциј во 312 година. Според преданието, на небото видел крст и добил порака дека под тој знак ќе победи. По изработката на крстот и неговото носење пред војската, Константин извојувал голема победа и влегол во Рим како ослободител. Една година подоцна, во 313 година, бил донесен познатиот Милански едикт, со кој било запрено прогонувањето на христијаните и им била загарантирана верска слобода.

Овој настан претставува пресвртница во историјата на христијанството и почеток на неговото слободно ширење низ Римската империја. Царицата Елена останала запаметена по својата голема улога во пронаоѓањето на Чесниот крст на кој бил распнат Исус Христос.

Според црковното предание, по нејзина наредба биле извршени ископувања во Ерусалим, при што бил пронајден крстот Господов. На местото на пронаоѓањето подоцна била изградена величествена црква.

Константин подоцна го основал и градот Константинопол, кој станал нов центар на империјата и едно од најзначајните средишта на христијанскиот свет. Царицата Елена се упокоила во длабока старост, а царот Константин починал на 22 мај 337 година по повеќе од три децении владеење.

Поради нивните огромни заслуги за ширењето и утврдувањето на христијанската вера, Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни – еднакви по значење со апостолите.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија. Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

To top