На прво место

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј

Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“.

Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку:

Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени или споделени по грешка, без намера за доведување во заблуда, при што тврди дека „Синодот е поделен во две групи – прозападно и просрпско-руско крило“ и зборува за „интергалактички предавници“ (n.b. оксиморонски кажано од Фрчкоски).

Злонамерно неточни информации (malinformation) – каде што тврди дека „МПЦ – ОА не е автокефална и Томосот од Српската православна црква (СПЦ) не врши работа“.

Дезинформации – невистинити информации создадени за да доведат до заблуда, односно лажни информации што намерно се претставуваат како факти, при што тврди дека „Цариградскиот патријарх има право да доделува томос за автокефалност“.

Дип-фејк за синодалците – каде што тврди дека во Македонската православна црква препознава прозападно и просрпско-руско крило, кои се под влијание и кои „велат или прават нешто“ што, всушност, никогаш не се случило.

„Othering“ дискриминација – каде што тврди дека „постои синодална група која е под влијание на ‘руско-српски свет’“ – група со несоодветен црковно-политички идеал.

Потребно е да укажеме на манипулативната терминологија на Фрчкоски, таа да биде препознаена, за верниците да можат да донесат одлука и да расудуваат врз основа на точни и веродостојни информации, а не врз основа на она што тој манипулативно го произнесе, измамнички и пропагандистички креирајќи јавно мислење.

За надлежноста и Томосот

Фрчкоски манипулира со инверзија на управното процесно право. Тој е професор по меѓународно јавно право, но сепак мора да има познавања и од управното право.

Прави инверзија на институтот надлежност – месна и стварна – или „во рамките на овластувањата“ (intra vires), и злоупотребата на службените дејствија и овластувањата (ultra vires).

Поточно, тој манипулира со „валидноста“ и „невалидноста“ во однос на надлежноста на Цариградскиот патријарх да доделува томос за автокефалност, при што невалидноста злонамерно ја прикажува како валидност.

Целта на Фрчкоски е да поттикне дестабилизација во Синодот на МПЦ – ОА, а крајната цел е да ја помогне реформацијата на Православната црква за имплементација на источен поглавар или неприкосновен владетел на Православната црква – неопапистички амбиции на Цариградската патријаршија.

Начелото на автокефалност се изразува преку единството на Помесните православни цркви, кои се управуваат независно една од друга и имаат Сеправославен собор како законодавен дом.

Помесните православни цркви поседуваат „Вестфалиски суверенитет“ и секоја ППЦ има исклучителен суверенитет – јурисдикција или надлежност – над својата територија, при што не е дозволено управно мешање меѓу нив.

Цариградската патријаршија е еднаква пред законот и каноните (aequalitas ante legem) со сите останати Помесни православни цркви во Сеправославниот собор и за неа не се пропишани повисоки поединечни права или надлежности со посебен материјален или општ процесен закон.

Претседателот на Цариградската патријаршија има право на одлучување исклучиво за прашања и управни работи во јурисдикцијата на Цариградската патријаршија.

Цариградскиот патријарх нема право да изврши супституција на функцијата претседател на Цариградската патријаршија и претседател на Сеправославниот собор, односно за предмети од надлежност на Сеправославниот собор да решава во Синодот на Цариградската патријаршија, бидејќи со тоа би се предизвикал судир на надлежности.

Постапката за доделување автокефалност

Постапката за доделување томос за автокефалност е регулирана со правен акт и правни правила донесени на Претсоборските конференции, кои се дел од црковното право на Православната црква.

Управната постапка за доделување томос за автокефалност е утврдена на Петтата претсоборска комисија. Во одлуките од таа Комисија е утврдено дека канонска надлежност за прогласување автокефалност има Сеправославниот собор, како врховен законодавен орган и носител на законодавната, односно канонската власт во Православната црква.

Одлучувањето на Сеправославниот собор е општоправославен процес во кој учествуваат сите Помесни православни цркви.

Управната постапка за доделување томос за автокефалност ги уредува надлежностите, дејствијата и актите што ги преземаат и донесуваат органите на црковната управа.

Овластен орган за донесување одлука – томос – за автокефалност е Мајката-Црква, која добива барање за автокефалност од одреден нејзин автономен црковен регион што се наоѓа под нејзина јурисдикција.

Во управната работа, Мајката-Црква има право самостојно да решава и во самата управна постапка да донесе управен акт – одлука или томос.

Управен орган кој постапува во управната работа е Архијерејскиот собор на Мајката-Црква, како нејзин врховен црковен орган. Во рамките на овластувањата утврдени од Петтата претсоборска комисија, тој самостојно ги утврдува фактите и околностите и оценува дали се исполнети црковните, еклисиолошките, канонските и пастирските услови за доделување автокефалност на одреден автономен регион.

Со донесувањето одлука за автокефалност на автономен регион, управниот орган во диспозитивот дава и формално-правен предлог за сеправославно прифаќање на автокефалноста.

Одлуката, односно Томосот за автокефалност, се доставува до Цариградската патријаршија, како прва по чест катедра – патријаршија која има чест, но нема законодавна власт во Православната црква – за таа да го започне процесот за добивање сеправославен консензус за добиениот Томос на автономниот црковен регион кој со него добива автокефален статус во Православната црква.

Томосот на СПЦ за МПЦ – ОА

СПЦ, како Мајка-Црква на МПЦ – ОА, е стварно и месно надлежен орган за одлучување во управната постапка за доделување Томос за автокефалност на МПЦ – ОА.

Управниот акт – Томосот или Одлуката донесена од Архијерејскиот собор на СПЦ, како акт донесен од стварно и месно надлежен орган за решавање на предметната работа – доделување автокефалност на МПЦ – ОА – го содржи неопходниот канонски, законски и правен основ.

Во Православната црква, исто така, е предвидено начело на двостепеност, што подразбира право на жалба против решение донесено во прв степен од страна на Мајката-Црква.

Решение против кое не е изјавена жалба во управната постапка, или жалбата е искористена, а со кое странката се стекнала со одредено право или ѝ е определена обврска, е конечно во управната постапка, како и решение против кое не може да се поведе управен спор.

Со Решението што СПЦ, преку Одлуката/Томосот, ѝ го нормирала на МПЦ – ОА, таа е задоволна странка во постапката. МПЦ – ОА не изјавила жалба против Решението, Одлуката или Томосот, ниту против правата и обврските што произлегуваат од нив, поради што тие стануваат извршни и конечни.

Ниту една Помесна православна црква не употребила редовен или вонреден правен лек против Одлуката, односно Томосот на СПЦ со кој на МПЦ – ОА ѝ се доделуваат автокефални права.

Во понатамошната анализа ќе бидат наведени и причините поради кои Цариградската патријаршија и Бугарската православна црква (БПЦ) не можат да побараат повторување на постапката или заштита на законитоста, бидејќи би биле должни да обезбедат веројатни околности од процесна природа и основаност за употреба на вонреден правен лек.

Унилатералното доделување Томос на МПЦ – ОА од страна на Цариградската патријаршија би било actus non legitimus – законски нелегитимно, односно бесправно дејство – и би претставувало процесна повреда во управната постапка.

Во таков случај, Цариградската патријаршија би постапила незаконито и би ја повредила општата управна постапка, а обврска за секого е актите и дејствијата да ги донесува и презема врз основа на закон, подзаконски акт и каноните на Православната црква.

Критика на ставовите на Фрчкоски

Љубомир Фрчкоски, како правник, требало да презентира за незаконитото одбивање на Цариградскиот патријарх да преземе соодветно дејствие – Томосот за автокефалност на МПЦ – ОА да го процесуира до сите Помесни православни цркви за добивање консензус, дејствие што патријархот бил должен да го изврши, а одбива да го направи.

Фрчкоски се обиде да создаде тензија во јавноста околу (не)автокефалноста на МПЦ – ОА врз основа на вонправни аргументи, наместо врз основа на правни.

Се обиде да создаде „одлучувачки удар“ преку предиктивната теорија за правото. Неговата анализа не е базирана на материјални ниту на формални извори на правото и каноните.

Фактите и правните основи наведени во неговото образложение се засноваат на претпоставки за правото и каноните на Православната црква и не се потпираат на емпириски докази.

Тој го примени т.н. судски активизам, кој нема за цел да создаде право, туку преку логичката грешка на композиција (fallacy of composition) изведува неточни правни заклучоци од збир на јасни, доследни и сеопфатни правни правила.

Површен, со очигледна когнитивна дисонанца и привидно аналитичен, во состојба на конфабулација – пополнувајќи ги празнините од некогашниот грандиозен интелект – тој прошири лаги за да поттикне хистерија и дестабилизација и скок во ескалација кај евентуално емоционално слабите членови во Синодот на МПЦ – ОА.

Фрчкоски со „дива екстраваганција“ прави обид, преку апсурдни и фалсифични новокомпонирани толкувања на каноните, да го „изора умот на толпата и да го посее семето на пропагандата“ – „луѓе, подгответе се за ужасот и разочараноста од Синодот на МПЦ – ОА и танцувајте со Грците за поквалитетен Томос“.

Фрчкоски во јавноста создаде баласт и непотребен ментален товар.

За законодавството на Православната црква мора да се говори прецизно, како црковен правник – каноничар, а не како лаик.

Фрчкоски се радува и повикува на деградација на МПЦ – ОА – автодеструктивен синдром – наместо да се радува на нејзиниот суверенитет?!

Како и да е, чудни причини доведуваат до уште почудни конструкции!

Извор: Литургија.мк

Целата анализа прочитајте ја на: https://koe.mk/novosti/vesti/pomesnite-pravoslavni-crkvi-ppc-se-dolzhni-da-postapuvaat-spored-opshtata-upravna-postapka-utvrdena-vo-pretsoborskite-komisii-kako-opsht-procesen-zakon-za-dobivanje-avtokefalnost-implicitno-i-cari/

Извор: https://www.facebook.com/share/p/1Cgi1pqkTU/

Најново од: На прво место

Како е можно невролог да препорачува хируршка интервенција во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Барбов, Филипче и Заев да одговорат за препораката за лекување на Ива Михаилова во Бугарија ВМРО-ДПМНЕ во соопштение упатува прашања до доктор Иван Барбов, Венко Филипче и Зоран Заев за постапувањето во случајот со Ива Михаилова и за основата врз која била дадена препораката за нејзино лекување во Бугарија. Од партијата обвинуваат дека, обидувајќи […]

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

To top