На прво место

Иванден – празник на раѓањето на Свети Јован Крстител, пророкот што го подготви патот на Христос

На 7 јули православните христијани го празнуваат Раѓањето на Свети Јован Крстител – Иванден, еден од најголемите летни празници во православниот календар. Свети Јован Крстител е единствениот светител, покрај Пресвета Богородица, чијшто ден на раѓање Црквата го слави како голем празник.

Нека е честит и благословен Иванден на сите кои го празнуваат, како и на сите што го носат името Јован, Јованка, Јове, Јовка, Иван, Ивана, Иво, Ивана, Јанко, Јане и сите изведени форми од овие имиња.

Според Светото Писмо, Свети Јован бил син на свештеникот Захарија и праведната Елисавета. Неговото раѓање било чудесно, бидејќи неговите родители биле во длабока старост и долго време немале деца. Архангел Гаврил му ја соопштил радосната вест на Захарија дека ќе добие син кој ќе биде избран од Бога да го подготви народот за доаѓањето на Спасителот.

Свети Јован живеел подвижнички живот во Јудејската пустина, облечен во камиласка кожа и хранeјќи се со скакулци и див мед. Тој ги повикувал луѓето на покајание и духовно очистување, крштевајќи ги во реката Јордан. Токму затоа е наречен Крстител.

Најголемиот настан во неговата мисија е крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. При тој чин се јавила Светата Троица – Синот се крштевал, Светиот Дух слегол во вид на гулаб, а се слушнал гласот на Бог Отецот: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“

Поради тоа што јавно ги осудувал неправдите и неморалниот живот на владетелот Ирод Антипа, Свети Јован бил затворен, а подоцна и погубен со отсекување на главата. Неговото мачеништво останува симбол на храброста, вистината и непоколебливата вера.

Во македонската народна традиција Иванден е поврзан и со бројни обичаи. Во многу краишта уште пред изгрејсонце се берат лековити тревки и полски цвеќиња, бидејќи се верува дека токму на овој ден тие имаат најголема исцелителна моќ. Девојките плетат венчиња од иванденско цвеќе за здравје, среќа и благослов во домот, а многу семејства го одбележуваат денот како домашна слава или именден.

Празникот потсетува на важноста на покајанието, духовното очистување, смирението и верноста кон Божјата вистина. Свети Јован Крстител останува пример за човек кој без страв ја сведочел вистината и го подготвил патот за доаѓањето на Христос.

Најново од: На прво место

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

To top