На прво место

ПОВИК ОД МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ:Проклет нека биде и тој и сето негово потомство!

ПОВИК ОД МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г. АГАТАНГЕЛ
Драги браќа и сестри, Македонци, Македонки и Македончиња!
На неодамнешниот референдум, народот јасно го искажа своето мислење. Според резултатите од него, никој не доби овластување да се впушти во промена на нашето вековно име. Основна задача на оние што се бават со политика, а посебно на пратениците во Македонското Собрание, е да ги штитат народните интереси и да спроведуваат политики кои ќе го унапредуваат нашето општествено живеење.
Доколку пратеникот престане да го слуша гласот на народот тој станува одметник и отстапник.
Денес, во Македонското Собрание имаме 80-ет одметници кои пловат спротивно од реката на националните интереси. Овие пратеници, налик на диви одметници, го пљачкосуваат минатото и иднината на својот народ, за да ја збогатат ризницата на самоволниот и силниот на овој свет, за кого не важи ни еден закон, освен законот на суетата и законот на среброљубието.
Овие осумдесетмина отстапници не се свесни дека правдата, навидум колку и да е слаба, на крајот секогаш победнички триумфира. Единственото нешто што ќе го заработат од трговијата со светињата и од примената на насилството е народната осуда и вечното проклетство.
Неправдата врз послабиот и незаштитениот, на насилникот и на неговите најблиски, им носи несреќа и илјадагодишно проклетство.
Паметиме што зборуваа пред да бидат избрани Елизабета Канчевска Милевска, Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и останатите одметнати пратеници на ВМРО ДПМНЕ, а сега ја гледаме нивната бламажа и бесрамност.
Кога градеа кариери врз грбот на нивните поддржувачи, имаа однесување на лавови, а кога малку им се приближија хиените, добија облик на инсекти.
Во какво ВМРО залутале овие профитери, овие без’рбетни облици на живот? На каква, пак, лева опција се наследници пратениците од СДСМ, кога без никаков срам тргуваат со придобивките на АСНОМ? Зарем заборавиле на неброените жртви од првата половина на 20-от век, чии идеали сега безочно ги погазуваат? Од каков материјал се создадени сите овие луѓе, зарем обична вода наместо крв тече во нивните вени? Овие однародени и нечесни пратеници, кои бавењето со јавна служба го користат само за гол профит, од нас, кои им го дадовме мандатот, го заслужуваат единствено нашиот презир.
Ги презираме и отфрламе оние кои работат здружно на нашето колективно убиство и уништување. Оној кој прави неправда и насилие кон слабиот и незаштитениот е проклет за вечни времиња.
Проклет нека биде и тој и сето негово потомство!
Македонија и македонскот народ ќе живеат вечно. Вечно ќе ги паметиме хероите и нивната несебична жртва и вечно ќе ги држиме во проклетство одродниците, плашливците и насилниците.
Во овие тешки моменти за македонскиот народ и за македонската држава се потсетуваме на стиховите од нашиот славен преродбеник Глигор Прличев, кој за одродниците го напишал следново:
„Умилил се чесниј Патрик, свалил шапка навезана, погледнал на сино небо, љуто прок’лнал. Ох! Послушај милиј Боже! Аир никогаш да немаат Стамче Беј и Бујар Лигдо, Пејко Челеби! Милостивиј Бог послушал, патричка горешта клетва, слава нивна, семе нивно, погубил со шум. И сега во куќи нивни, ткае пајак пајажина и во пусти стреи нивни хукат утови“.
Го повикувам сиот македонски народ, а посебно нашата македонска младина, без страв и одлучно да го кренат својот глас во одбрана на нашата света македонска земја. Пратениците, и од левицата и од десницата, од длабочината на мојата душа ги повикувам да не го оцрнуваат своето срце и со делата на своите раце да не нанесуваат вечен срам и проклетство на нивните поколенија.
Функциите се стекнуваат, но и завршуваат, па немојте да бидете запаметени како генерација која се откажала од нашето свето македонско име.
Бог нека ги благослови сите оние кои ќе ги издржат сите налети на нечестивиот и кои преку непокор и со силата на својот дух ќе се изборат за опстојот и благосостојбата на Света Македонија и на нашата Света Македонска православна црква.
МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ
†Агатангел (Станковски)

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top