Среда, 25 Март 2015   
Mеѓу македонците на Црковниот собор во Kливленд

slave-katin

Пишува СЛАВЕ КАТИН
www.slavekatin.com

(ДЕЛ ОД КНИГАТА  „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – САД

На Црковно – народниот собор во Кливлен се собраа околу 2.500 Македонци  Од сите делови на Македонија кои живеат во САД и Канада. Тоа беше Собир за дружење, разговори за црковното живеење, претставување на голем број фолклорни групи и фудбалско екипи

По неколку дена од Детроит заминавме за Кливленд. Се возевме сè до гра­ни­цата меѓу државите Мичиген и Охајо. Го поминавме гратчето Монро, каде на езерото Ири е лоцирана атомската централа „Фер­ми“ и брзо стигнавме во градот Толидо. Таму, кај Порт Ауторити, сообраќајот беше сопрен, бидејќи мостот, под кој поминуваат пре­куо­кеан­ски бродови, беше подигнат за да се отвори широката заливска порта, ка­де што е сместена Железарницата и другите индус­трис­ки капацитети, во кои, како што дознавме, доаѓаат су­ровини и од Македонија.

Колона автомобили се движеше по автопатот број 80 кој води на североисток кон Кливленд. Таму во непосредна близина на бројните богати фарми со мали акумулации, кои личат на непрегледни оази во котлината Охајо, застанавме  со  „мерцедесот 300“ на еден простор каде што стоеше патоказ дека Кливленд е оддалечен 100 км, а Њујорк 600 километри.

Направивме шега со некои слични па­токази во Македонија, на кои, на пример, стои Атина 462 километри (бројка што тешко се запаметува), а нема никаде патоказ за Солун. Патот врвеше и сè повеќе се намалуваа километрите кон Кливленд. Во автомобилот ечеше македонска музика и во паузата одвреме-навреме разговаравме со пријатниот сопатник за состојбите во Македонија и САД.

На еден од црковно-народните собири кој се одржа во Кливленд, во организација на Американско-канадско-македонската епархија, домаќин беше Македонската православна општина „Свети Климент Охридски“ од градот Еивн (Авон), предградие на Лореинг, во државата Охајо. Свеченостите започнаа кога река од Македонци се слеваше во центарот на Кливленд, во најголемите и најмодерните хотели „Мариот“ и „Шератон“ и во неколку други што се наоѓаат во центарот на градот.

klivlend
Кливленд

Таму вриеше како во кошница. Сè беше македонско. Се вееја американското, канадското и бројни македонски знамиња. Потоа, забележителни беа пораките на англиски и на македонски јазик на кои беа напишани имињата на македонските православни цркви и нивните фолклорни и спортски асоцијации што зедоа учество на оваа македонска манифестација, на која главната порака беше за национално и духовно единство кај македонските доселеници од северноамериканскиот континент.

Заедничката семакедонска свеченост се одржа во строгиот центар на метрополата Кливленд, која беше со сосема поинаков имиџ, што е карактеристика за современите американски градови, во кои центрите се уредени, чисти, со фонтани, булевари и скапи места за бизнис и разонода. Така и во Кливленд, центарот изгледаше како европски плоштад со кој секој градоначалник може да биде не само горд, туку и секому да се пофа-ли со чистотата, уреденоста и архитектонските решенија.

На Собранието на Епархијата, што се одржа во прекрасната сала на хотелот „Шератон“ беа пристуни делегати, претставници и свештеници од сите македонски црковни општини од САД и Канада, а на кое се распра-ваше за актуелните прашања и проблеми на Епархијата. Тоа беа дел од македонските патриоти кои вложиле многу време и труд за афирмација на Македонската право-славна црква и македонското име во целина.

Кога почнуваше официјалното отворање на Собирот, дознавме дека околу 2.500 соби се резервирани од нашинци од тие американски простори. Тоа зборуваше дека тој собир беше еден од најпосетените, ако не и најброен. Така и беше на првиот официјален ден од Собирот. Насекаде во центарот на Кливленд ечеше македонскиот збор, музиката и песната. Можеа да се видат десетици момчиња и девојки во македонски носии кои беа атракција за Американците.

Според програмата на Собирот, во попладневните часови се одржаа мирни демонстрации пред споменикот што е лоциран пред општинската зграда што се наоѓа во непосредна близина на центарот и на хотелот „Мариот“, во кој беа сместени голем број учесници на оваа семаке-донска манифестација. Околу илјада луѓе беа собрани пред овој хотел од каде што тргнаа кон споменикот. Се вееја десетици знамиња на Соединетите Американски Држави, Канада и Македонија

Меѓу другото, беше речено дека црковно-народниот собир е свечен миг кога Кливленд живее за вистината на македонскиот народ. Затоа соборјаните го креваат гласот кон правдољубивиот народ на Соединетите Американски Држави  и Канада да ја откопаат правдината закопана од нечесната европска политика.

Македонија секогаш раѓала горди синови и раѓа чеда кои се борат пред правдољубивиот свет да ја докажат вистината за Македонија. Грчката нечесна пропаганда, за жал, бара да се одземе од Македонците најсветото - светото гордо име, кое е длабоко врежано во душата на македонскиот народ. Церемонијата беше проследена од бројни американски средства за информирање.

g-g-mihail
Архиепископот г.г.Михаил
 

ПубликацијатаБиблиски речник“ , чиј автори се  проф. д-р. Петко Златески и Славе Николовски–Катин, е издание на „Библиското здружение на Македонија“ и „Македонска искра“, Скопје, 1997, 1-215.

Исто така, на присутните им се обратија и познати Македонци родени во Соединетите Американски Држави  и Канада. Еден од нив, меѓу другото, рече дека неговиот род води потекло од Беломорска Македонија, во сегашните граници на Грција, земјата од каде што излезе зборот „демократија“, а самите Грци не знаат што е демократија. Потоа, тој додаде дека нашето свето име македонско не е на распродажба и за ништо на светот нема да го продадеме, бидејќи уште од дамнина нашите прадедовци биле Македонци, а сега, во овој цивилизиран свет, и ние ќе се викаме онака како што е нашата волја и како што сакаме ние – Македонците.

Во гратчето Еивн, предградие на Лореин, Охајо, со успех работи Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, која беше домаќин на Собирот. Овој значаен црковен храм и културно-просветен центар е собиралиште на македонските доселеници, кои живеат и работат во градовите Еивн, Лореин, Илирија, Кливленд и други места. Меѓу педесет и петте националности од целиот свет што живеат во Лореин, град што е основан во 1807 година, видно место зазема македонската етничка група. Таа е една од постарите на тие простори, која започнала да се организира на црковно-национално поле.                

sv-naum-bista
Св. Наум Охридски                                              

Инаку, идејата за изградба на Македонската православна црква „Свети Климент Охридско“ во Лореин била реализирана на 9 април 1978 од членовите на црквата, кои претежно дошле од преспанскиот, битолскиот и други краишта на поделена Македонија. Прва богослужба на македонски јазик била отслужена во Украинската црква. Тогаш е купено место каде била изградена сала со привремено адаптиран олтар, каде денес до салата е црквата „Свети Климент Охридски“.                                                                      

Во состав на црковната општина, покрај играорната група и женската секција активни биле црковниот хор, фудбалскиот тим и секцијата за бинго. Македонците во Лореин редовно учествувале на Фестивалот на нациите што се одржува секоја година во Лореин. 

Големата сала на овој значаен црковен храм и црковно-просветен центар во која се одржа црковно-народниот собир, пак, се наоѓа во непосредна близина до хотелот „Шератон“. Таа вечер таму Македонците од сите делови на Соединетите Американски Држави  и Канада се слеваа во големата сала каде што настапија 15 играорни групи. Во средината на центарот беше сместена огромна бина од која беа поздравени присутните и им беше посакано срдечно и топло добредојде.

Потоа настапија играорни групи, кои се претставија со македонски ора и песни со што оставија силен впечаток кај присутните. Програмата траеше до доцна во ноќта, а веселбата младите играорки и играорци ја продоложија по улиците на Кливленд.

igraorci

Фудбалските екипи, пак, кои работат во составот на црковните општини, ги одмерија силите во попладневните часови, на фудбалските терени на „Комјунити колиџ“. Нив ги имаше 16 на број, кои се натпреваруваа во куп систем и ги покажаа своите спортски вештини. Победник на турнирот беше екипата на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ од Торонто, второто место му припадна на клубот „Македонија“ од Њу Џерси, а третото место го освои екипата на Македонската православна црква „Света Богородица“ од Лос Анџелес.

Собирот заврши со голем банкет што се одржа во ексклузивниот хотел „Мариот“, на кој присуствуваа околу 800 гости, меѓу кои и градоначалникот на Еивн, претставникот на гувернерот на Кливленд, претставникот на Одделот за здравство на Охајо и други.

Го напуштивме Кливленд по автопатот што се наоѓа во непосредна близина на езерото Ири и се упативме кон аеродромот. Долго ги гледавме прекрасните пејзажи долж езерската шир, која непрегледно се протегаше кон американските хоризонти. 

 

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.