Архива за: 07.08.2013

popovski-risto

Лозанскиот договор и грчко-турската размена на населението

Ристо Поповски  и Ангелина Маркус Крајот на „Големата Војна“ (1914-1918) и „мировните“ договори создадоа идеални услови за победниците и овозможија Грчкото кралство да ја продолжи својата политика на истребување на македонското население од Егејскиот дел на Македонија. Ако во периодот од 1912-1919 година грчката влада се стремеше да го реши ова прашање со воени средства, […]

pero-damcevski

Илинден – симболден

Перо Дамчевски-Коцин ИлинденБожји ден честит денДен на Светиот пророк Илија Илинден Бисер-ден голем-денДен на семакедонските стремежи Илинден Столб-ден вечен-денДен на македонскиот силен непокор ИлинденБраник-ден гранит-денДен на тврдина ден на незаборавот ИлинденАСНОМ-ден симбол-денДен на слободата на самобитноста ИлинденГоцевден Дамевден КаревденДен на славните ден на војводитеНа комитите на безсмртните ИлинденМечкин КаменВгради всаден Илинден Безсмртен Незаборавен

soros

Дали фондацијата СОРОС беше инструмент на Клинтоновата администрација!?

За тоа дека поедини личности-видни функционери на ОН и ЕУ кои на извесен начин биле вмешани за промена на уставното име на Македонија, ќе се послужиме со некои пишувања на познати македонски новинари, кои најсовесно си ја вршат својата професија. Во  „Дневник“ на 17 јули 2013 година, напис од Цветин Чилиманов, македонски новинар на  МИА […]

zvonsko-taneski

Звонко Танески – македонски претставник на книжевниот фестивал Барски летопис во Црна Гора

Македонскиот поет, книжевен критичар, есеист, преведувач и универезитетски професор Звонко Танески ќе биде македонски претставник на овогодинешното издание на реномираниот меѓународен книжевен фестивал Барски летопис, кој се одржува во градот Бар, Црна Гора. Танески ќе учествува во книжевниот сегмент на традиционалната културна манифестација Барски летопис, која се одржува од 15 јули до 23 август 2013 […]

ilinden-pert-1

Свечености по повод Илинден во Перт

Македонските Обединети Организации во Перт, Австралија организираа чествување на нашиот македонски национален и верски празник Илинден. Во македонските православни цркви беа одржани богослужби и панихиди за паднатите борци и беа положени свежи цвеќина од страна на претставници на македонските организации пред ликот на нашиот великан Гоце Делчев во црквата Св. Никола. Главната свеченост се одржа […]

literaturno-drustvo-1

Средба во литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј со поетесата Марина Мијаковска

На 26 јули на посета во Литературното друштво дојде поетесата Марина Мијалковска од Македонија. Иако е на кратка посета во Сиднеј кај свои роднини, пројави желба да се сретне со нашите членови и ја посети библиотеката „Григор Прличев“ за која слушала дури во Македонија и секако да подари книги од својата најнова збирка „Куфери“. Иако […]

jane-sandanski

IV, V, VI и VII востанички округ

Јане Сандански Подготовките за востанието во Серско ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Јане Сандански. Сандански се нашол во Бугарија за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во Бугарија, Јане Сандански се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле вооружени со […]

krusevo903

План за задушување на Илинденското востанието

Насер паша подготвил план за систематско уништување на востаниците. Востанатите територии ги поделил на сектори во зависност од востаничките центри и топографските услови. Во секој сектор биле испратени големи воени сили кои имале задача да ги опколат востаниците и постепено да го стегаат обрачот околу нив и на тој начин да ги уништат востаниците. Сепак […]

odglas

Последици од Илинденското востание

Во Битолскиот вилает се воделе 150 борби со 19.152 востаници против 292.735 противници. Убиени или ранети се 746 востаници, а 3.087 убиени или ранети Турци. Биле запалени 122 села со 8.646 куќи. Без покрив останале 51.606 жители, а бројот на убиени или заклани е 1.779 души. Во Солунскиот вилает, од 2 август до 8 септември […]

To top