Историја

IV, V, VI и VII востанички округ

jane-sandanski

jane-sandanski
Јане Сандански

Подготовките за востанието во Серско ги започнал Гоце Делчев, а по неговата смрт тие продолжиле под раководство на Јане Сандански. Сандански се нашол во Бугарија за да се снабди со воени матерјали и за да собере чета. Во Бугарија, Јане Сандански се задржал еден месец. Откако собрал 50 души кој биле вооружени со манлихерки и берданки, се вратил во Серски револуционерен округ, а со него биле Пејо Јаворов, Никола Наумов, Димитар Стефанов и други.

Востанието во Серскиот револуционерен округ требало да почне подоцна. На 11 август (стар стил) Задграничното претставништво го известило Јане Сандански како началник на воените сили во Пиринско дека востанието во Битолскиот округ започнало, а востанието го зафатило и II–от востанички округ–Кожув. Во август со дозвола на Задграничното претставништво почнале да навлегуваат врховистичките чети. Првата поголема таква чета броела 160 души и била под раководство на Јурдан Стојанов и Љубомир Стоенчев. По нив пристигнале Иван Цончев и Атанас Јанков со околу 350-400 души. Во Серскиот округ се нашле околу 500-600 души под команда на врховистички војводи.

Во Мелничко борбите започнале порано од предвидениот ден за востание. На 12 септември кај Св. Троица во близината на село Пирин била откриена здружената чета на Сандански, Димитар Зографов, Петар Дрвингов, Дончо Златков, Михаил Чаков, Јурдан Стојанов и други.

На Крстовден 27 септември здружените сили на Сандански и Цончев се нашле пред Свети Врач со намера да го нападнат турскиот гарнизон. Меѓутоа тие биле следени од аскер и башибозук од 2.000 души и затоа се утврдиле за да започнат битка. Но одредот на Сандански и Цончев бил опколен од сите страни и затоа во текот на ноќта се повлекле. Планот за напад на гарнизонот во Свети Врач пропаднал, Сандански се повлекол кон Кресна, а Цончев кон Разлошко.

На Крстовден во Демирхисарско дошло до борба кај Ак бунар, каде загинале 15 востаници. Турците имале 5 загинати и 3 ранети. Овој судир бил последниот во Демирхисарско. По оваа борба Љубомир Стоенечев заминал за Неврокоп, а потоа кон Бугарија, поради предвремено започнување на борбите, предвидениот план не бил реализиран.

Спроти Крстовден, Атанас Тешовалијата и Стојан Филипов ги исекле телеграфските линии помеѓу Куманич и Долно Броди. Истата ноќ било нападнато селото Обидим со 5 чети во јачина од околу 200 души, со војводите Чаков, Малчаков, Иван Апостолов – Копран чауш, Антон Вимола, Лимо Карлович и други.

Во Разлошко биле преземени најобемните подготовки за востанието. По Серскиот окружен конгрес, тука бил одржан Околиски конгрес на кој имало делегати од Банско, Мехомија и од селата Бачево, Годлево, Добриниште, Белица, Јакоруда, Бања, Елешница, Горно и Долно Драглиште и други. Разлошко располагало со значајни чети и војводи. Тука биле: Борис Голев, Родон Тодев, Тасе Фурнаџиев, Костадин Колчагов, Саве Мехомиски, Милош Колчагов, Димитар Лазаров – Минѓов, Симеон Молеров, Георги Галев, Јонко Вапцаров и Костадин Молеров.

Подготовките во Драмско биле под раководство на Мирчо Кипров. На првиот ден од востанието било предвидено да се ликвидираат одделни шпиони и да се изведат атентати на железничката линија. На 3 октомври биле откриени четите на Николиев и Диката кај Горно Фраштани. Дошло до битка која траела 8 часа, по која четите се повлекле без загуби. Во Горноџумајско имало две борби на 11 октомври. Последниот судир во оваа област бил на 21 октомври. Во оваа борба учествувале Стефан Николов, поручникот Саракинов и поручникот Балтов, имало еден загинат.

V востанички округ – Струмичко – Малешевски

V востанички округ бил од стратешко значење за Организацијата и османлиските сили. Низ него минувале заначајни организациски канали кон Солунскиот и Битолскиот револуционерен округ. Кон крајот на март за Струмичко заминал Христо Чернопеев со 190 души. Во оваа група имало чети за Радовишко, Тиквешко, Велешко, Битолско, Кичевско и др.

На 21 април 1903 година низ селото Костурино поминала една чета од 100 души која била на пат за Валандово. Ноќта 6 четници дошле во судир се воена патрола, од двете страни имало по еден загинат. Во почетокот на мај во Смолари четата на Алексо Поројлијата имала судир при што загинал еден четник. Во август, Христо Чернопеев се обидел да навлезе во Струмичко со голема чета.

VI востанички округ – Овчеполски

Во Скопскиот вилает, поточно во македонскиот дел од Скопскиот санџак имало послаба востаничка дејност. Еден дел од околиите во рамките на Скопскиот револуционерен округ останале неворужени, дел од силите на Организацијата биле истоштени во борбата со српската пропаганда, а дел биле засегнати од аферите, додека пак во некој околии постоеле раздори како што била Велешката околија. Сето тоа влијаело за слабиот одзив во востанието.

Неколку недели пред востанието во Скопскиот округ се појавила четата на Никола Пушкаров со јачина од 18 души. Таа имала 200 бомби и 100 килограми динамит. На 1 август во 11 часот бил извршен атенатат на железничката линија Скопје – Солун. Расчистувањето на пругата траело два дена. Потоа едно оделение на чело со Димитар Бојанов имале судир со турска потера, во судирот загинале 10 војници, а останатите се разбегале. На 5 август две чети, од 47 души, над манастирот св. Ѓорѓија дошле во судир со потера составена од Арнаути и аскер. Во текот на целото востание во Скопскиот округ имало 15 борби.

VII востанички округ – Одринско

Конгресот на Петрова нива, одржан на 28 и 29 јуни 1903 година решил Одринскиот револуционерен округ да се подели на 5 востанички околии: I Мало–трновски, II Чокенски, III Мустафа–пашински, IV Дедеагачки и V Ахчелебиски. Бил избран Раководен штаб во кој влегле: Михаил Герџиков, Лазар Маџаров и капетанот Стамат Икономов.

На 29 јули едно одделение на турската војска на пат кон Мало Трново дошло во судир со една чета и во борбата паднале 2 војници. Кон крајот на јули (стар стил) Околискиот штаб се собрал во селото Мегалево. Востанието во Битолско веќе било започнато. Од весниците, Околискиот штаб разбрал дека во Македонија уште на самиот почеток на востанието, Османлиите започнале со палење на егзархиските села.

Под влијание на таквото однесување на османлиската војска, било решено во Одринско да бидат нападнати сите турски села. На 5 наспроти 6 август, на Странџа избувнале голем број на пожари, а набргу по избувнувањето почнале да се слушаат грмежи на бомби и пукоти од кримките. Христо Силјанов истакнува дека:

Тоа беше поздрав кон борците во Битолско од востанатите нивни браќа од Странџа.

Најново од: Историја

На 13 октомври 1993 Македонија го одигра својот прв меѓудржавен фудбалски натпревар

На 13 октомври 1993 година, во словенечкиот град Крањ, започна меѓународниот пат на фудбалската репрезентација на самостојна Република Македонија. Во пријателски натпревар против Словенија, македонските фудбалери остварија убедлива победа од 4:1 и го претворија своето деби во ден за паметење. Првиот гол го постигна Зоран Бошковски – Чоко, чие име засекогаш остана запишано на почетокот […]

„Гласот на Москва“ во 1914 година: Македонец и Бугарин се различни поими, а стремежот е обединета и независна Македонија

Во статијата „Македонија“, Н. Николаев ги разгледува балканските спротивставувања и се залага за обединета и независна Македонија како праведно и трајно решение на македонското прашање. Превземено од: Macedonia: A True Endless Story Во рускиот весник „Гласот на Москва“ („Голос Москвы“), број 237 од 15 октомври 1914 година, е објавена статијата „Македонија“, потпишана од Н. Николаев. […]

Берлинскиот конгрес од 1878 година – прекројување на Балканот без решение за Македонија

Големите сили го ревидирале Санстефанскиот договор и воспоставиле нова политичка рамнотежа на Балканот. Македонија останала под османлиска власт, со предвидени реформи што не ѝ обезбедиле политичка самостојност. Берлинскиот конгрес се одржал од 13 јуни до 13 јули 1878 година, под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. На него учествувале претставници на Германија, Австро-Унгарија, Русија, […]

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ И АЛЕКСАНДРИЈА

Со основањето на Александрија во 331 година пред нашата ера, Александар Македонски ги поставил темелите на град што ќе стане едно од најзначајните трговски, културни и научни средишта на античкиот свет. Неговата визија ги поврзала природните богатства на Египет со поморските патишта на Средоземјето. Основањето на Александрија било еден од најдалекосежните потези на Александар Македонски. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

Гоце Делчев: 10 највлијателни мисли за Македонија

Гоце Делчев е едно од најголемите имиња во македонската историја и револуционерна мисла. Неговите зборови и денес се цитираат затоа што не се само историски сведоштва, туку и силни пораки за слободата, народната свест, достоинството и иднината на Македонија. Неговите зборови зборуваат за предавството, истрајноста, жртвата, самостојната борба и правото на Македонците сами да одлучуваат […]

Охридско-дебарското востание од 1913 година: заеднички отпор против српската окупација и поделбата на Македонија

Македонските револуционерни чети и албанските востаници краткотрајно ја протерале српската власт од Дебар, Струга, Охрид и Кичево. Востанието било задушено со воена противофанзива, помогната и од грчки сили, по што следувале репресии, палење населби и бегалство. Охридско-дебарското востание од септември 1913 година претставува значаен настан во историјата на отпорот против српската окупаторска власт во Македонија. […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

To top