Историја

Признавање на правата на македонците од Егејска Македонија (1982)

Karamanlis

МАКЕДОНЦИТЕ ДЕМОНСТРИРААТ ПРЕД ООН

KaramanlisМанифестација на Македонците-иселеници од северно-американскиот континент пред палатата на Обединетите нации во Њујорк.

МАКЕДОНСКО-АМЕРИКАНСКАТА КОМУНА ОД ЊУЈОРК ЗА ПРАВАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Декларација на Движењето за македонски човекови права, од Македонско-американската комуна во Њу Јорк и Њу Џерси (САД), упатена до ООН, Европската заедница, претседателот на САД и грчката амбасада во САД, во врска со признавањето на националните, политичките и други права на Македонците (август 1984).

МАНИФЕСТ ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ И ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА

НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

(Солун 26 август 1984 година)

“МАНИФЕСТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЧОВЕЧКИ ПРАВА ДВИЖЕНИЕ ЗА ЧОВЕКОВИ И НАЦИОНАЛНИ  ПРАВАЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Ц О К з а  М Ч П- С О Л У Н

Ние Македонците од Егејска Македонија, организирани во една масовна организација, именувана по име – Ц.О.К. за М.Ч.П., – Централен Организационен Комитет за Македонски Човекови Права, со седиште во Солун, и со мрежа од подкомитети од жители на Егејскиот дел на Македонија, а моментално на постојана или привремена работа во странство, како во Европа, Америка, Канада и Австралија, ја испраќаме оваа ДЕКЛАРАЦИЈА до владата на Грција, а истовремено копии од истата испраќаме до сите постојни грчки партии од Грција, до сите грчки но-вински агенции, до сите Амбасадорски и Конзуларни претставништва со седиште во Грција, до интернационални организации, до владите на Балканските држави и до сите подкомитети од нашето движение во стран-ство.

ДЕКЛАРАЦИЈА СО БАРАЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ  ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА ПОД ГРЧКА ДОМИНАЦИЈА, ЗА ЧОВЕЧКИ И НАЦИОНАЛНИ ПРАВА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ И ГРЧКАТА ВЛАДА ВО АТИНА.

Нашата организација именувана под име Централен Организационен Комитет за Македонски Човекови Права (Ц.О.К. за М.Ч.П.) со седиште во Солун ги поставува следниве БАРАЊА до Грчката влада и Грчките политички партии.

1. Признавање на фундаменталните човечки и национални права и полна слобода за Македонците од Егејска Македонија во денешните граници на Грција.

2. Да (му) се даде на Македонскиот народ одобрење да оформи свое образование, на свој мајчин Македонски јазик, да слободно организира и употребува културни институции и установи, училишта, црковна служба, да има пристап на радио- телевизиските програми, вести, да има свои публикации на книги и весници на македонски јазик.

3. Да се донесе и изгласа закон во грчкиот парламент со кој на Македонците им се одобрува слободно враќање од странство во своите родни мерста. Така тие да можат да земат активно учество во економскиот, културниот и просветниот живот на земјата, со своите можности и квалификации да дадат свој допринос кон изградбата и прог-ресот на Грција.

4. Бараме од Грчкиот Парламент и Влада да донесе и прогласи специјален закон, со кој закон ќе се прокламира дека Македонците од Егејскиот дел на Македонија имаат неотуѓиви права, без никаков притисок, закани и заплашувања, да можат слободно во јавност да си го употребуваат својот, мајчин македонски јазик, своите народни обичаи и култура, со збор, книги, весници, ора и песни.

5. Објаснување на Грчката јавност за вистината на неотуѓивите права за заштита на националните и човечките права на еден народ кон претставува множество или малцинство во една држава.

Тие спогодби и повелби ги потпиша Грција како член на меѓународните организации.

Бараме од  Грчката Влада и Грчкиот Парламент од политичките партии и целата грчка јавност да најхитно земат мерки и за најкратко време донесат одлукас за признавање на Човечките и Националните права на Македонците од Егејска Македонија. Одобрување на сите горе направени барања, на целост и превземање на практични нерки за соработка…”

Манифест за македонски човечки права, ДАРМ, фонд: Георге Томов, кут. 1;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top