На прво место

Знамето од Кутлеш на Ивон Величковски

kutles

kutlesИнспиративна и корисна беше за нашата генерација поуката од Езоповата басна, во која таткото на своите наивни и раскарани синови, со помош на сноп од обични прачки, на еден илустративен начин им покажа, колку може да бидат погубни неслогата и себељубието.

Се сеќавам… нашата учителка при обработката на оваа басна, дури беше донела и вистински прачки, а ’рскотот и кршењето на овие слаби дрвца во нејзините добри и меки рацете и ден денес, како невидливо ѕвонче, одѕвонува во мојата совест, тогаш, кога наоѓајќи се на крстопат, потребно е да донесам соодветен морален или етички суд. И денес, погледнато од временска дистанца од неколку децении, сигурен сум дека оваа дедуктивна илустрација во неколку реченици и живи слики ни ја прераскажа целокупната историја на македонскиот народ, со сите негови доблести и слабости, бидејќи историскиот и општествениот од и развиток на народите, вклучувајќи ги тука и Македонците, е определен од нивната способност за единство по клучните општествени прашања. Разбивањето на единството е основната непријателска цел уште од почетокот на светот и векот. Нехармонијата, дезорганизацијата и дезориентираноста, подеднакво деструктивно влијае и во материјалниот, но и во духовниот свет. За да се разбере ваквата поставеност на светот и нештата во него не е потребна голема интелигенција и продуховеност. Дивиде ет импера – раздели, па владеј – е древна човечка мудрост, која одлично, до перфекција ја развивале, користеле и синтетизирале, како античките владетели и африканските колонизатори во 19 век, така и модерните борци за човекови и меѓународни права и слободи. Токму ние Македонците примената на оваа античка сентенција сме ја почувствувале и ја чувствуваме на своја кожа. Годинава се потсетивме на 100-годишнината од овој јубилеј на злото. Во текот на овие 100 години, а особено во последните 20 години од нашето осамостојување, на дело ги гледаме плодовите на наследниците на „миротворците“ од Букурешт, кои срамот и монструозноста на геноцидот на цел еден народ, со видливи и невидливи методи, со помош на разни димни завеси, се обидуваат да го затскријат.

Една од последните шок-бомби фрлени во нашево општество, а која мене ме инспирира и ме поттикна да го напишам ова писмо, беше залагањето на претседателот на Либералната партија г. Ивон Величковски македонското Собрание со закон да го ограничи јавното користење на симболот со сонцето од Kутлеш. Демек, така ќе сме биле поконструктивни и во подобра позиција од Грција во преговорите за името на државата. Сето тоа било за наше добро… Според моето скромно лаичко мислење, ваквите ставови на македонски политичари, новинари и јавни личности без разлика колку се влијателни, авторитетни и познати во општеството се арско ѓубре за никнување на разни моркови, ореви и друг неавтохтон зеленчук, кој својот горчлив вкус сака да го посее и изникне во „Вашата земја“. Разговарајќи за вакви непристојности, дури и на улица, а камоли во Македонското собрание, ние всушност се фаќаме на јадицата на ваквите конструктивни либерали, чија скриена цел е дебата за идентитетски прашања, зашто разговори за национални симболи и обележја не е ништо друго освен обид за преструктурирање на нечиј идентитет. Сите знаеме кој се радува и кому му се потребни вакви дебати. Полемика за национални симболи е пластелин политика на несозреани, несериозни и корумпирани личности, на кои ништо не им е свето. Ние не учиме од сопствените историски и стратешки грешки, а тие упорно ги користат нашите слабости. Ваквите предлози, како овој на г. Величковски, јас ги разбирам повеќе како мисловни амортизери за ублажување удари, предизвикани од халуцинациите на господата Василакис и Папулјас. Некој треба да ги оправдува бедните неонацисти и нивните белосветски поддржувачи. Денес тоа е Ивон, утре ќе биде некој друг, с` е дозволено во овој свет, но не е с` и корисно. г. Величковски, со ваквите антимакедонски и геноцидни залагања, работи на планот на одврзување на снопот и лесно кршење на секоја прачка поодделно. Опис и попис на неговото работно место е да н` раскарува и скршува, наше е да се спротивставуваме, да ги збиваме редовите, во никој случај да не се плашиме и да издржиме. Правдата и вистината секогаш победуваат, а тие се на наша страна. Така Бог го устроил светот, Он се грижи за своите најмали. Македонскиот народ и во потешки времиња, во неслобода под тежок туѓ јарем, успеал со Божја помош и поткрепа да опстои и да преживее разни обиди за асимилации. Знаел да препознае кој е неговиот вистински водач, а кој наметнат со јагнешка кожа, работи за интересите на туѓи бели дворови.

Ја користам оваа пригода јавно да ги поддржам нашите политички лидери – претседателот Иванов и премиерот Груевски, во непопустливиот став во однос на нашето древно име. Секој, без разлика на неговата политичка определба, ќе ја има мојата поддршка во одбраната на македонската вистина. Едномислието во Вистината победува и ослободува, а лагата и неслогата понижуваат и уништуваат с` пред себе. Ова нека ни биде патеводителка на сите во овој тежок историски период од нашето македонско постоење.

Митрополит Повардарски Агатангел (Станковски)

КОЛУМНА НА ВЛАДИКАТА АГАТАГНЕЛ- Дневник од: 07.11.2013

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top