Историја

Писмо од унијатскиот свештеник Лепавек до Февриал (20 февруари 1862 година)

brakja-miladinovci

ЗА ЗАТВОРАЊЕТО И СМРТТА НА БРАЌАТА ДИМИТАР И КОНСТАНТИН  МИЛАДИНОВИ

brakja-miladinovci„Од извесно време не сум ви пишал… Мислам дека ви зборував за  неколкумината учители, кои беа задржани (уапсени) во последно време, кога беше задржан и нашиот (Васил Манчов, н.б.); ние бевме мошне среќни да го ослободиме оној, кој ни беше земен од дома… Но еден друг стар учител, за кого држев многу, бидејќи тој имаше големо вли-јание во земјата, беше кренат оттука ноќе и одведен под стража во затворите во Цариград, каде што добрата сестра Мадлена го видуваше од време на време. Неговиот брат, учител како и тој, беше во Австрија кај монсињорот Штросмаер, епископ на Срем, кога ја примил таа тажна вест, напуштил се, за да дојде во затворот да го види и да работи за неговото ослободување. Но за несреќа тој скап брат бил чуван и изолиран. Сепак тој најде начин да дојде до него. Но по посетата тој самиот бил задржан во затворот. Ни пишаа  од Цариград дека ќе бидат ослободени; но, разбравме дека и  двајцата умреле во затворот, Бог знае од каква болест! Оваа смрт на двајцата беше мошне мачна; но на крај да биде волјата Божја! Стариот учител Миладинов остави во сиромаштија сопруга и пет млади девојчиња, од кои највозрасното е 15-годишнио. Ако имавме тука сестри, ќе ги молев да земат некое од нив.

Смртта на нивниот татко и нивниот стрико во земјава отворено се при-пишува на тукашниот грчки владика и на охридскиот.

Со силата на парите тие направиле да бидат неправедно затворени, од што следела и нивната смрт во затворот. Смртта на двајцата ги направи нашите луѓе (приврзеници на унијата, н.б.) исплашени повеќе от секогаш”.

Извадок од писмото на Лепавек, Славко Димевски, Прилог кон прашањето за смртта на браќата Миладиновци, Гласник на  ИНИ,  г.ЏЏ, бр.1, Скопје 1976, стр. 125-126;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top