Македонски легенди

Спиро Џеров – Македонски

spiro-dzerov

spiro-dzerovСпиро Џеров (Ѓеров) – Македонски (1834 – 17. VII. 1868) е македонски револуционер. Во 1862 година подготвувал заговор во Битолско, по што бил уапсен и осуден на смрт. Одлежал пет години робија, а по ослободувањето зел учество во Критското востание во 1866 година. Со Стојан Везенков се активирал да организира ново востание во Битолско и во Крушевско во 1867 година, а потоа учествувал во ослободителните борби во Србија, Романија и во Бугарија, каде што и загинал.

Спиро Иванов Џеров е роден 1834 година во Битола, во трговско и револуционерно семејство. Тој е внук на Спиридон Џеров и братучед на војводата на Македонската Револуционерна Организација Лука Џеров. Неговиот дедо Спиридон Џеров, во периодот на Негушкото востание во 1822 година, како водач на бунтовниците од Битолско бил обесен од Турците. Спиро учел грчко училиште во Битола, а подоцна патувал во Цариград, Смирна, Египет.

Со цел да подигне организирано востание, во 1862 година во Битола, Спиро Џеров, следејќи ги стапките на својот дедо, заедно со Леонидас Вулгарис од Пијанец, организирал заговор во кој биле опфатени над 80 села од Битолската, Леринската, Охридската и Ресенската околија. Но, по предавството на грчкиот митрополит на Цариградската патријаршија Венедиктос Пелагониски (Византиос), во мај истата година Спиро бил уапсен од Турците и осуден на смрт. Но, Спиро одлежал само пет години затвор и во декември 1866 година бил ослободен.

Спиро Џеров како и многу Македонци од тоа време, верувал во едно општо востание на христијаните кое ќе го ослободи поробениот балкански народ од турското ропство и дека тоа ќе му овозможи еден подобар и подостоинствен живот. По излегувањето од затвор, прво заедно со Стојан Везенков се обидувал да организираат антитурско движење во Крушевско, а потоа учествувал и во Критското востание.

Во текот на 1867 година, кога се очекувало Србија повторно да влезе во војна, Спиро се вклучил во Втората лицејска легија (т.н. Втора бугарска легија) во Белград. Но, по бунтовите и распуштањето на легијата, во пролета 1968 година, Спиро Џеров – Македонски заедно со Христо Николов – Македонски, како и други македонски и бугарски револуционери, ги напуштаат српските касарни и одат во Романија.

Спиро Џеров – Македонски им се придружил на четите на бугарските војводи Хаџи Димитар и Стефан Караџа, кои имаат намера да ја преминат Романско-турската граница и да го кренат населението во Бугарија на вооружено востание. По вклучувањето во четите, Хаџи Димитар и Стефан Караџа го назначуваат Спиро Џеров – Македонски за член на воениот совет.

Во своите спомени за преминувањето на границата Христо Николов – Македонски ќе забележи: „Со нас дојде, придружен со еден војник, до граничниот премин и капетанот Никола Македонецот, кој беше донирал 30 пушки за четите и кој беше во романска служба. Кога се доближивме да излеземе од Букурешт, тој се спушти кон рампата и им рече на луѓето кои беа таму да ја пропуштат колата, натоварена со воен материјал и кои се праќаа за Ѓоргево“…

Од цитатот се гледа дека не само Спиро Џеров – Македонски и Христо Николов – Македонски, туку и многу други како на пример капетанот Никола Македонецот, ја потенцираат својата национална посебност, додавајќи ја кон своето име и презиме придавката “македонски“.

Новинарот Патар Карчев, со потекло од Охрид, додека живее и работи во Русе ги бележи спомените за настаните од тоа време. Според овие записи, современик кој добро го познава Џеров, за него вели: „Спиро Џеров од Битола, …бил молчеливо, но безгранично бестрашно момче; безумно предаден на Караџа. Меѓу револуционерите бил познат како Македонски. Бескрајно чесен како човек, тој бил подготвен во името на делото… да се жртвува… да им помогне на другарите западнати во неволја“.

По обуката на бунтовниците во романското село Петрушан, четите предводени од бугарските војводи Хаџи Димитар и Стефан Караџа, со цел да подигнат востание, границата ја преминале на 7 јули 1868 година. Меѓу 125 востаници (според  Христо Македонски 128), се наоѓаат и десетина македонски револуционери меѓу кои: Антон Стојанов (Куманово), Божил Димитров (Куманово), Георги Крстев (Куманово) Филип Димитров (Куманово), Арсени Мартинов (Велес или Велешко), Нено Спиров (Воден), Никола Иванов (Прилеп), Сотир Пејов (Велес), Христо Николов – Македонски (Горни Тодорак, Кукушко) и Спиро Џеров – Македонски (Битола).

Веднаш по преминувањето на Дунав, четите биле откриени и уште истиот ден се судираат кај селото Караисен. Во овој судир паѓаат и првите две жртви, Арсени или Арсо Мартинов од Велес и Александар Василев од Плоешти. Востаниците речиси под секојдневна борба со турската потера се движат кон планината Балкан. Во битката кај Вишоград бил убиен знаменосецот на Стефан Караџа, па знамето го презел Христо – Македонски.

По десет дена од преминувањето на Романско-турската граница востаниците биле разбиени. Последните триесет души, предводени од Хаџи Димитар, доаѓаат на врвот Безлуџа. Тука востаниците биле обиколени од околу 700 војници на редовната турска војска. Во битката која трае повеќе од три часа, четниците се обидуваат да го пробијат обрачот, но успеваат да се пробијат само четворица. Се смета дека во оваа борба со турскиот аскер, која се одигрува на 17 јули 1868 година на врвот Безлуџа, животот го загубил и Спиро Џеров – Македонски.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top