Историја

Верскиот референт на ГШ на НОВ и ПОМ

mpc

mpcЗа подобро организирање на животот на слободната територија, посебно во Западна Македонија, со наредба на Главниот штаб на НОВ и ПОМ беа организирани референтства задолжени со одделни области (ресори). Едно од нив беше Верското референтство, кое од името на ГШ презеде активности за организирање на слободен верски живот.

Малку познато дека на 11 октомври 1943 година Главниот штаб на НОВ и ПОМ, чие седиште било во с. Црвена Вода, Охридско, донел одлука и за формирање верско поверенство, а по само неколку дена е назначен и првиот верски референт, дебарскиот свештеник Вељо Тасев Манчевски (Брошица, Дебарско 17. IV. 1905 – Скопје, 23. I. 1962). Сите негови наредби и решенија биле задолжителни за сите свештеници и црковни општини на ослободената територија.

На 27 октомври 1943 година, Вељо Манчевски како верскиот референт на Главниот штаб на НОВ и ПОМ испраќа циркуларно писмо до свештениците во парохиите на слободната територија на Македонија во кое стои:

Народно-ослободителната војска, во борбата за слободата на македонскиот народ, ослободи еден дел от територијата на Македонија. Во таја ослободена територија се најдуе и вашето село. Народно-ослободителната војска на Македонија, на таја ослободена територија заведуе ред, законитост и дисциплина, на која треба да се покорујат како поедини лица, така и извесни управни тела, било верски било от друг карактер.

При Главниот штаб на Н. О. В. и П.О. на Македонија има и одговорно лице по верските работи – верски референт. Како верски референт по Источно-православната вера при Главниот штаб, јас долу-потписаниот, сметам за потребно да ви дадам извесни упуства за вашата работа во иднина:

1. Со успоставуењето на Народно-ослободителната власт престанујат да важат сите закони и наредби от бившата окупаторска власт.

2. Се кинат сите верски врски со верските установи што се најдувајат надвор от територијата на ослободената македонска земја.

3. Сите свештеници на ослободената територија административно потпаѓаат под власта на Главниот штаб на Н.О.В. и П.О на Македонија.

4. Сите  свештеници  својата  верска  работа  со  населението ја извршујат по правилата на Источно-православната црква како и до сега што беше (венчавка, погребуење, крстење и други верски работи).

5. Матичните и други книги да се водат на македонски јазик.

6. Строго се забранува на сите свештеници да земајат високи такси за исполнуењето на верските обреди.

7. Сите спорој (брачни или други) што ќе се појават, свештениците требе да ги достават на Околиското Намесништво на ослободената територија, које ќе биде скоро избрано, или до Главниот штаб, пред да биде избрано Намесништвото.

8. За сите работи, који ќе се појават во текот на работата, а истите не са изложени во писмово, веднаш да се извести Намесништвото за саветуење и за разрешуење.

9. Се задолжујат сите свештеници во својата парохија да држат проповеди во који ќе му кажат на народот дека Народно-ослободителната војска не прави никакви пречки на вероисповедувањето и дава полна слобода на свештениците да си ја вршат својата верска работа како и до сега.

10. Досегашното споменуење на епископот Христофор се забрануе, пошто истиот е надвор от ослободената територија, а ќе се споменујат само Православни Архиепископи и Епископи – без име. Исто така, на ектенијата (црковно пеење) ќе се споменуе Народно-ослободителната војска т.е. „Ешче молимсја о Народно-ослободителном воинствем“.

(АМ. – Ф. НОБ. К. 35, арх. бр. 543 (Објавен: 36. АС-НОМ. д. 13, стр. 83 – 85.)

Со ова циркуларно писмо до свештениците на слободната територија во Македонија од 27 октомври започнува современата документарна историја на шестдецениската борба на македонскиот народ за извојување и признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. Истовремено со оваа наредба, за македонското православно свештенство и де јуре престанала секаква туѓа црковна јурисдикција.

Во првиот акт на верското поверенство упатени до свештениците во парохиите на слободната територија на Македонија, покрај другото, за првпат се зборува и за јазикот во црковната администрација, односно „матичните и другите книги да се водат на македонски јазик“. Сепак, историското значење на овој документ се состои и во тоа дека претставува и почеток на конечното решавање на македонското црковно прашање.

Набрзо по ова било одржано и првото свештеничко собрание на ослободената територија. На 23 октомври 1943 во Издеглавје, Охридско, на собранието на кое присуствувале 11 од 13 свештеници, а во присуство на претставници на повеќе народноослободителни одбори, биле донесени значајни одлуки. Меѓу другото, било формирано првото архијерејско намесништво на ослободената територија, за прв намесник бил избран свештеникот Антим Поповски, а намесништвото било поделено на 9 парохии

Според составот, карактерот и донесените акти, свештеничкото собрание во новата историја на МПЦ е земено како основа врз која единствено можеше да се решава македонското црковно прашање. Неговите акти се и првите документи во конечното осамостојување на МПЦ.

Во октомври 1944 во Врановци е формиран иницијативен одбор за организирање на црковниот живот во Македонија, а набргу потоа биле направени подготовки за избор на делегати за Првиот црковно-народен собор, на кој требало да се утврди основата на идната положба на црквата во Македонија.

На 4 март 1945, во салата на Офицерскиот дом во Скопје, во присуство на над 300 делегати, свештеници и мирјани, се одржал првиот македонски. На Соборот едногласно била донесена следната резолуција: 1. Да се обнови Охридската архиепископија како македонска самостојна црква, која нема да биде потчинета на која и да било помесна национална православна црква; 2. Црквата да има свои народни епископи и народно свештенство за да се почитуваат карактерните особености на македонскиот народ и тој да биде поблизок со својата родна црква; 3. Првиот македонски архијереј да носи титула Охридски архиепископ, а православната црква во Македонија, Светиклиментова Oхридска Aрхиепископија.

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top