Култура и туризам

Васко Караџа – современ грчко-македонски речник

sovremen-grcko-makedonski-recnik

sovremen-grcko-makedonski-recnikВаско Караџа (21 мај 1923, Д’мбени, Костурско – 9 февруари 2005 во Скопје) е македонски писател и преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.

Тој е роден во селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија (денес Северна Грција). Васко Караџа во 1946 г. се приклучил кон Демократската армија, а во 1949 г. заминува како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија низ државите на Источна Европа-СССР, за подоцна во 1963 година да се пресели во Скопје, тогаш Социјалистичка Република Македонија.

Васко Караџа бил значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик и обратно. Меѓу останатите негови дела, тој е автор на современиот грчко-македонски речник кој бил издаден на 2 јуни во 2009 година во Солун и содржи околу 15 000 збора. Творецот го доставил ова духовно наследство на Виножито, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција, односно Солун.

Своите први песни ги напишал во 1943 година. Во 1960 година во Ташкент излезе неговата прва збирка песни „Стихови“ и првиот грчки превод на Рациновите „Бели Мугри“. Во 1984 година во Атина излезе на грчки јазик во сопствен превод поетската збирка „Миросувањето на вечноста“, а во 1986-та во Скопје збирката „Егејски мотиви“ и во 1993-та збирката „Со Д’мбени во срцето“, („With D’mbeni at heart“), како двојазично издание на македонски и англиски јазик. Во 1988 година излегува збирката „Елегии за Родниот крај“. Има преведено повеќе од триесет дела поезија и проза од македонски на грчки јазик, седум книги од грчки на македонски јазик и уште седум поетски збирки од српски на грчки јазик. Во 1990 година на еден анонимен меѓународен конкурс во Италија неговата песна „Едно мајско утро“ ја освои првата награда. За својата преведувачка работа Васко Караџа е добитник на две златни пера и на наградата „Глигор Прличев“ што ги доделува Друштвото на литературните преведувачи на Македонија.

Ова сегашно издание на „Зора“ е прво издавање на еден грчко-македонски речник во Грција.

Македонскиот јазик (македоники) е еден од современите јазици на Балканот. Тој е мајчин јазик за Македонците во Република Македонија, како и за македонските национални малцински заедници во Грција, Бугарија и Албанија.

Авторот на ова дело, Васко Караџа (1923-2005), е роден во селото Д’мбени, Костурско, преименувано во Дендрохорион во 1926 г. Васко Караџа во 1949 г. се приклучи кон Демократската армија, а во 1949 г. замина како политички емигрант во тогашна Југославија, па потоа, по личната перипетија (одисеја) низ државите на Источна Европа, се пресели во Скопје, главен град на тогашната федеративна држава, Социјалистичка Република Македонија.
Васко Караџа беше значаен писател и уважен преведувач на дела од грчки на македонски јазик. Во исто време тој се занимаваше и со музичка интерпретација. Тој имаше длабока желба до крајот на животот да се врати во родното место. Ваквата можност беше дадена со правото за враќање на политичките емигранти според Законот бр. 1266/1982 што се однесуваше на репатријацијата на политичките емигранти во Грција. Но за него, како и за илјадници други лица, важеше исклучокот од правото за враќање во татковината, бидејќи тој им припаѓаше на оние именуваните како не-Грци по род.

Грчко-македонскиот речник е дело на многугодишен труд на авторот и содржи околу 15 000 збора. Творецот го достави како духовно наследство до „Виножито“, малку време пред смртта, за да се напечати во Грција.

Оваа книга, како и работата што е во тек, издавањето на Македонско-грчкиот речник, се реализира со одлука на „Виножито“, организација на македонското национално малцинство во Грција. И ова дело е еден одговор против грчкиот режимски став за наводното непостоење на македонскиот јазик.

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top