Дијаспора

Баргала – Ново поетско издание во Сиднеј

pero-kocin

Новини од Македонската заедница во Сиднеј – НЈВ

pero-kocin
Пишува: Перо Дамчевски Коцин

Деновиве од Македонија покрај големиот број нашинци кои ја посетија нашата родна земја, нашата татковина Република Македонија се врати и нашиот познат драмски режисер, а сега и поет Јорде Петровски кој живее и работи во Сиднеј, НЈВ.

Низ подолгиот разговор со него тој не` запозна за неговото поетско остварување, збирката поезија Баргала кое е негово прво поетско дело. А за издавач на оваа збирка поезија се појавува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија каде книгата беше печатена.

За оние читатели пошироко во Австралија кои недоволно или малку го познаваат Јорде Петровски овде посебно ќе нагласам дека тој не е непознатa личност меѓу Македонците, туку напротив тој е доста познат меѓу нашинците повеќе како драмски режисер во еден подолг период поточно од формирањето на Австралиско-македонски драмски театар во Сиднеј од 1994 година. За неговиот вложен труд на културно поле во Заедницата и пошироко бил наградуван во повеќе наврати и тоа; Признаница од општината Рокдаел, Парламентот на НЈВ, две номинации за големата награда Македонско златно сонце кое секоја година го доделува Македонскиот телефонски именик и други вредни награди.

Баргала оваа дебитантска збирка поезија на авторот содржи триесетина песни и изобилува со песни посветени на татковината на фамилијата, родителите, внуците на родното село Аргулица кое го напуштил уште на петгодишна воздраст, за љубовта за децата за внуците… Поезијата во оваа збирка Аргулица не е дело на посложени и поимагитативни игри на асоцијации и симболи. Авторот овде се служи со скромниот и едноставниот поетски речник на печалбарот кој е толку далеку, но и толку блиску со душата и срцето до татковината.

„Исклучително важно во песните на Јорде Петровски е пеењето од срце и душа, пеењето за љубовта кон татковината и нејзините знаменитости, а речиси во сите песни од збирката се препознава типичната печалбарска носталгија кон родината. Јасен и лесно спознатлив е неговиот отворен и оригинален поетски идентитет. Петровски ни подарува нови стихови низ кои согледуваме веќе согледани нешта, но и нешта кои ги среќаваме за прв пат“. Ќе рече во предговорот на оваа збирка поезија писателот Борче Орешански.
Ова најнова збирка поезија им ја препорачувам на сите љубители на книгата посебно љубителите на поезијата да ја прочитаат, а таа наскоро ќе може да се најде и во библиотеката „Григор Прличев“ во Сиднеј или лично кај авторот Јорде Петровски.

МАКЕДОНИЈА

Македонија вечна,
во збор и во мисла. 
Низ векови името изговарано,
дење и ноќе неминливо,
не менливо,
чиниш проколнато,
чинам благословено…

Создателот нејзин пак, истурил
на сите четири страни
во неа
божја убавина.
Во нејзините реки и планини,
Во нејзините езера и манастири
и во нејзините срца
македонски-
кротки, библиски…

bargala

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top