Култура и туризам

Македонска крвава свадба

Vojdan_krvava_svadba

Vojdan_krvava_svadbaМакедонска крвава свадба е најкомплетниот драмски текст на Војдан Чернодрински, како во поглед на содржината, така и во однос на уметничкиот дострел, околу чие создавање и изведување изникнале цели перипетии. Во текот на размислувањата околу фабулата и ликовите, Чернодрински го најавил својот нов драмски проект, а заинтересираните – веќе заинтригирани од познатите авторот – веднаш побарале да го прочитаат – ненапишаниот текст и да се отпочне со распределбата на улогите! За да не се посрамоти, Чернодрински во еден навистина рекорден рок го напишал текстот. Малку подоцна, преку пробите, јавноста индиректно била запознаена со самата содржина на делото. Така дошло до интервенција кај официјалните бугарски власти од страна на еден туѓински дипломат кој побарал да се прекратат пробите на оваа драма. Реакционерната власт издала заповед за да се престане со работата над сценската реализација на делото. А кога главните протагонисти се оглушиле од таа заповед и ја закажале премиерата, пред зградата на “Славјанската беседа” во Софија, на самиот ден на премиерата, стигнала група вооружени коњички стражари со цел да ја разбркаат публиката. Пред нив, меѓутоа, застанале повеќемина четници и со парабелуми во рацете – го обезбедиле текот на премиерната изведба!

Премиерата се одржала на 7 ноември 1900 година.

Како што тоа се случило со Стендал, Достоевски, Флобер, а во нашиов век и со Иво Андриќ, така и Војдан Чернодрински за делото Македонска крвава свадба се инспирирал од еден краток новинарски извештај од животот во Македонија. Во весникот “Реформа” ја прочитал Чернодрински дописката за која подоцна, во своите Спомени ќе ја забележи: “Таа дописка ми го даде сижето, таа беше канавацата на која во тек на 20-30 дни најпрвен во мислите ги бродирав сликите кои и денеска се редат пред вашиот снисходителен поглед”.

Драмата Македонска крвава свадба е напишана на македонски јазик.

Нејзиното дејствие е предадено преку петте чина од кои првиот го открива тешкиот клучки аргатски живот на македонскиот роб, но во исто време и идилата помеѓу овчарот Спасе и младата жетварка Цвета. На нивата пристига Осман-бег, господарот на чифлигот со своите вооружени слуги. Тие насила ја грабнуваат Цвета за харемот на Осман-бег.

Во средиштето на вториот чин е сцената со Турчинот што бара коњак во куќата на Кузмана, дедото на Цвета. користејќи ја својата положба на господар, Турчинот ги малтретира старците, барајќи од нив и вечера, а во исто време да го служи младата снаа на дедо Кузман. Дејствието на третиот чин се одвива во една од одаите на Осман-беговиот сарај. Цвета се стресува од првиот шок, размислувајќи за тоа што и се случило. Влегува Осман-бег, кој и ветува се и сешто ако се потурчи без отпор. Цвета гневно го плеснува по образот, немоќно бранејќи ја својата чест. Потурчените Македонки Крста и Петкана, ќе треба да ја одоброволат младата Цвета, да го скршат со добро нејзиниот отпор, иако и самите воопшто не се уверени во исправноста на своите улоги пред девојката. По нивниот неуспех таа ролја му се доверува на Селим-оџа, кој ќе треба со билје да ја успие свеста на заробеничката.

Во меѓувреме, блиските на Цвета побарале интервенција од битолските конзули. На нивно барање пристигнува повелбата на Вели-паша за претрес во домот на Осман-бег. Но за тоа време девојката ја кријат. Во четвртиот чин се одвива комедијантското иследување на случајот со Цвета. под наркоза, во присуство на нејзините блиски, но и на странските дипломатски претставници, девојката исустува дека доброволно сака да се потурчи, “од љубов” спрема Осман-бег. Во последен момент, сепак, таа се освестува и ја кажува вистината. Османлиите се повлекуваат, а Цвета заминува со своите дома. Меѓутоа, Осман-бег не сака да го признае поразот. Во петтиот чин, на денот на свадбата на Цвета и Спасе, тој прави препад со своите луѓе и обид повторно да ја грабне младата девојка. Цвета, во самоодбрана, успева да го убие силникот, но и самата паѓа мртва од турски истрел.

Целата оваа фабула во основата е предадена со еден романтичарски патос, но и многу сцени обилуваат со реалистички слики од животот и борбата на мекедонските луѓе. Тоа најмногу се огледа, речиси, во целата сцена на нивата, во сцената со Турчинот – натрапник во домот на Кузмановци и, во крајна линија, во сцените на физичкиот отпор. Како и во секоја битова пиеска, и во оваа драма се користат фолкорно-етнографски материјали, со што, можеби, се губи во динамичноста на дејството, но секако се добива општа импресија.

Чернодрински бил свесен за воздејството на овој текст врз публиката, но интимно и самиот не очекувал таков успех каков што всупност драмата постигнала во оној период, па и многу подоцна. Говорејќи мошне скромно за своите литературни амбиции во врска со ова дело, потцртувајќи ја посебно онаа, денеска многу позната мисла “Што напишав јас и одговарајќи на тоа прашање дека “Ништо не напишав. Јас го препишав од се уште ненапишаната крвава историја на Македонија она, кое читателот ќе го прочита, а гледачот ќе го види во театарот” – Војдан Чернодрински се обиде да го предизвика вниманието на сите оние што го чувствуваа проблемот на Македноја како своја болка. И успеа во тоа. Навистина, тој не ги прикажа во оваа своја драма Македонците во една мобилна состојба. Не ги воведе во сцената свесно организираните елементи кои го подготвуваа народот за востание во блиска иднина. Тој ги одбра за јунаци луѓето од најниската скала на општествената хиерархија од едно, за Македонците, многу специфично време. Ги прикажа нивните страдања, но и нивната готовност да ја бранат честа македонска.

Војдан Чернодрински, Предговор кон „Македонска Крвава Свадба“ 2 декември 1900 г.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top