Историја

Вангел Ајановски-Оче за разговорите со делегацијата на НОФ на Македонија од егејскиот дел на Македонија во Скопје

VangelAjanovskiOce

(април 1949 година)

VangelAjanovskiOce“На 13 април о.г. вонредно се состанавме со другарите Павле Раковски… Вера Николовска… Тане Наумов…

…После тоа говореше Керамитчиев (Михајло)… направи еден осврт на положението од И Конгрес на НОФ, анализирајќи ги ставовите на Порфирогенис (Милтијадис) и Иоанидис и одлуката на Политбирото на ЦК на КПГ. Ја осуди резолуцијата на И пленум, говореше за настаните после И пленум, за прашањето на Гоце и него, за формирање на македонски единици. По тоа питање ја раскринка батакшиската политика на Захаријадис, говорејќи за мобилизацијата на жените во преспа и фор-мирањето на бајаги македонски батаљон на Вичо… и ги анализира во подробности сите наши предлози, објасни зашто нија не се согласуваме со ставот на КПГ по питањето на Балканската федерација (исфрлената парола на КПГ преку НОФ на 3.ИИ.1949. – “Единствена македонска држава во рамките на балканска федерација”, н.б.). Све по ред ги објасни ос-новните причини со кои не се сложуваме.

После Михали (Михајло Керамитчиев), говорев јас-Оче и ги поставив само следните прашања: 1. Зошто КПГ не ги раскринкава и казни одговорните руководиоци за престапничката им политика према НОФ. 2. Во што гледаат да му се дава право на македонскиот народ. Во тоа што Захаријадис им најдува инструменти за музика или во тоа што Паскал (Митревски) и Којчев учествуваат во власта или во лажните обеќања на Захаријадис. 3. Зошто КПГ не расчистува со националното прашање него секој 10 дена мења став, некогаш балканска федерација и некогаш самоопределение? 4. Зошто не е спроведена одлуката за формирање на македонски единици?

…Захаријадис ни постави задатак да ги заостриме тија односи и да ве расцепиме. Исто така Вера ни рече да Захаријадис на претконгресното советување побара од Паскал (Митревски) да расчистите со односите му со Колишевски и Вардарска Македонија, пошто Колишевски е со Тито. Вера му честита на Паскал (Митревски) за одговорот кој му го даде на Захаријадис, дека не ќе престани да биде духовно врзан за Колишевски и со народот од Вардарска Македонија па и се уздржава и неќе да поверва дека Тито ќе одит на страната на империјалистичкиот блок… После оваа изјава- рече Вера- Паскал доби голем ауторитет… Раковски рече: да стањето долу не е толку добро, односите не се добри измеѓу кадровите на НОФ и Грците, као и меѓу старите и нови кадрови на НОФ.

Засебно Вера ми рече дека да никој не зема правилен став, сите се плашат, а посебно Папалазару (Лазо Поплазаров) и Раковски водат дупла политика.

Мене и на Славјанка ни рече Вера дека КПГ опет почна да ја спроводи својата расцепничка политика меѓу кадровите на НОФ. Она рече да денеска во НОФ постојат три фракции, една на Паскал, друга на Раковски и трета на Којчев (Вангел) и да она мислит да КПГ опет спрема нешто против НОФ…

После тоа друг. Михали им говореше во врска со резолуцијата на ИБ, за хапшењето на Трајчо Костов во Бугарија. Им ги анализира говорите на Тито и Колишевски на Конгресот на НФЈ. Им дадовме весници со говорите на Тито и Колишевски…”

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 46/49;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.112. стр.229-234;

Најново од: Историја

Колективната меморија на Македонците

Од книгата „Македонци“ Автор: Бранислав Светозаревиќ-Покорни „Кога ќе го видиш начинот на играта на еден народ, му го откриваш карактерот.“— Конфучие Колективната меморија претставува сврзно ткиво на многуте генерации низ историјата на еден народ и е клучна за неговиот опстанок. Сè додека постои еден народ, постои и колективната меморија, но и народ без колективна меморија […]

Александар Македонски се уште еден од најфасцинантните и најдолготрајните митови во човечката историја.

Александар Македонски и по повеќе од 2.300 години останува една од најфасцинантните личности во човечката историја. Неговиот живот продолжува да инспирира нови истражувања, биографии и различни толкувања на неговото наследство. Оваа недела, историчарот на антиката Едмунд Ричардсон ја освои водечката британска награда за нефикција, „Бејли Гифорд“, за биографијата „Александар: Бог, крал, човек“. Напишана со елеганција […]

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци

Праисториските народи: Енхелеј, Пелагонци и Пеонци Палеобалканското племе Енхелеи е поврзано со митското доселување на Кадма и неговата жена Хармонија од беотска Теба, меѓу древните жители на западниот Балкан и борбата со Илирите во XIII век пред Христа. Меѓутоа, тие се интересни од повеќе аспекти, а, пред сé, што припаѓаат на единствениот праисториски свет на […]

Логорите на Царството Бугарија и македонските интернирци (1941–1944)

Во текот на Втората светска војна, властите на Царството Бугарија воспоставиле мрежа на логори во кои затворале политички противници и луѓе осомничени за учество во отпорот. Во службените документи логорите биле нарекувани „Селишта на државната сигурност“. Меѓу заточениците имало и македонски дејци, меѓу кои поетот Венко Марковски и Методија Андонов-Ченто. Според Македонската енциклопедија, Министерството за […]

Санстефанскиот договор – голема грешка на руската дипломатија

Санстефанскиот договор предвидувал најголемиот дел од Македонија да биде вклучен во голема бугарска држава предизвикал меѓународна криза и тешкотии за самата Русија. Во приложените историски записи се наведуваат и руски оценки за погрешноста на таквото решение. Санстефанскиот мировен договор, склучен на 3 март 1878 година меѓу Русија и Османлиската Империја, бил обид за прекројување на […]

Полскиот лингвист Мјечислав Малецки уште во 1934 година пишува за посебноста на македонскиот јазик

Полскиот лингвист и славист Мјечислав Малецки (1903–1946) оставил значајно научно сведоштво за македонските говори и нивната јазична посебност. Во своето дело „Два македонски говора“, објавено во Краков во 1934 година, ги истражувал говорите на селата Сухо и Висока во Солунско, во егејскиот дел на Македонија. Проучувајќи го живиот говор на месното население, Малецки ги разгледувал […]

Славе Катин – Географски карактеристики на Балканот

Името „Балкан“ е од подоцнешен датум, по стариот италијански Бог на огнот Вулканус, првенствено Бог на вулканскиот оган, а подоцна и Бог на ковачката вештина. Ова име се однесува на планината Хем и на целиот полуостров. Погрешно е да се смета дека е од турско потекло. Науката за Балканот е балканологијата, која е основана во […]

Американското училиште во Битола (1865–1913) за народноста на Македонците

„Писмо на битолскиот областен инспектор од 1913 година во кое го информира надлежниот министер дека училиштето на американската мисија во Битола му испратило список на ученици кои по народност биле „Македонци“, нешто друго од народноста „Србин“.“ Ова американско училиште во Битола било отворено во 1865 или во 1873 година. На почетокот било наменето за девојчиња, […]

To top