Македонски легенди

Александар Христов

aleksandar-hristov

aleksandar-hristovАлександар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основаат весникот „Народна волја“ (1. Х. 1980) и станува прв негов главен редактор. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.

Александар Стоев Христов е роден 14 февруари 1929 година во село Јаново, Благоевградско, Пиринскиот дел на Македонија. Со основно образование се стекнува во соседното село Перово, а потоа учи гимназија во Свети Врач (денес Сандански). По шестиот клас гимназија се запишал на Педагошкото училиште во Скопје (Народна Република Македонија). Резолуцијата на инфорбирото во јуни 1948 година и изолацијата на Југославија, го затекнува Александар во Бугарија, кој по затварањето на границата го продолжува своето образование во Благоевград.

Меѓутоа, властите во Бугарија не му дозволуваат да го продолжи своето образование. Како „неблагонадежен“, Александар го земаат војник („трудовак“) и го праќаат на работа во рудник за ураниум во селото Блатешница, крај Софија. Во рудникот работи заедно со други „неблагонадежни граѓани“ во крајно тешки услови по што се одлучува за бегство. Иако е свесен за опасностите и последиците на таквиот чин, во јуни 1951 година, Александар успева да избега од рудникот и нелегално се префрла во Грција. Оттаму неговиот пат води во Бразил, каде поминува неколку месеци, а потоа патува за Франција.

По низата непријатни доживувања за време на неговото патешествие и по доаѓањето во Франција, Александар Христов се запишува на Факултетот за новинарство и социологија во Париз, кој го завршува во 1965 година. Во текот на неговиот престој во Франција тој се дружи со бројните бегалци од Пиринскиот дел на Македонија, а таму ја запознава и сопругата Лидија Терек со која подоцна има две деца Мајкл и Хелен.

Во 1968 година Александар Христов се сели во Англија каде работи во Радиото ББЦ Лондон. Во програмата на бугарски јазик на Радиото ББЦ Лондон, тој ќе остане да работи дваесет години, но во него ќе го сочува македонски дух.

Александар Христов одржува врски со неговиот постар соселанец Крсто Енчев (1912 – 1999) од Јанево, кој исто така, во 1950 година емигрирал преку Грција во Австралија, каде се вклучил во активностите на македонската дијаспора. Во 1980 година, Александар го посетува Крсто Енчев во Сиднеј, со кого преземаат активности за основање на печатен медиум наменет за Македонците кои живеат во Пиринскиот дел на Македонија, но и во целиот свет. Александар Христов и Крсто Енчев, заедно со Ангеле Вретовски, Георги Чочков, Митре Мојсовски и други Македонци ги поставуваат основите на весникот „Народна волја“.

Александара Христов станува прв главен уредник на весникот „Народна волја“ кој за првпат излегува на 1 октомври 1980 година во Сиднеј, Австралија. По неговото враќање во Англија, се сели и седиштето на редакцијата, а весникот од март 1981 година излегува во Лондон. По падот на тоталитаризмот во Бугарија и со демократизацијата на бугарското општество, редакцијата на весникот се преселува во Благоевград и од април 1992 година целокупната грижа за весникот ја превзема неговиот брат Георги Христов (псевдоним Јан Пирински). Од своето појавување до денес весникот опфаќа теми од историјата и културата на Македонија и Македонците, но и се спротивставува на лагите и клеветите на бугарската пропаганда и нејзините мегаломански аспирации. Весникот станува трн во очите на бугарските шовинисти.

По излегувањето на првиот број на „Народна волја“ во април 1992 година во Благоевград, бугарските весници пишуваат дека весникот бил антидржавен, антибугарски, антинароден и му лепеа разни етикети кои не му одговараа. Бидејќи бугарските политичари и историчари немаат сила и докази за да се спротивстават на вистината која ја објавува весникот за посоењето на македонска нација, народ, култура и историја, тие се обидуваат да го згаснат весникот со закани. Тие вршат притисок врз Александар Христов и му праќаат опомена во која се вели: ‘Нека Христов знае дека во Бугарија има брат Ѓорѓи, кој ќе има проблеми со весникот’.

Меѓутоа и покрај заканите браќата не потклекнуваат на заканите, а весникот продолжил да ги брани интересите на македонскиот народ. Александар до крајот на својот живот останува посветен на македонската кауза.

Во текот на животот Александар Христов покрај со новинарската професија се занимавал и со пишување на поезија. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.

Александар Христов почина на 20 октомври 2005 година во Лондон, Англија. Негова желба била да почива во родната земја. Таа му се исполнува на 20 декември 2005 година кога неговите посмртни остатоци биле погребани во неговото родно село Јаново, Пиринскиот дел на Македонија.

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

To top