
Еве една украинска легенда, која првпат се сретнува во 17 век, во хронологијата(синописот) на Теодосиј Софрониевиќ од 1672 година, а потоа истата се препишува од следните генерации:
„Славјаните во својата храброст и мажественост од ден на ден со сложни подвизи, војувавме и против древните грчки и римски цареви, и секогаш славно восприемавме победа, секогаш слободни живеевме.
Придонесовме исто и за великиот цар Александар Македонски и таткото негов Филип, покорувајќи го светот под власт на оваа држава. Затоа Славјаните, поради воинственото дело и труд, привилегија добија од Александар Цар на Славјаните, на писмо напишано со злато во Александрија, за слобода на земјиштето на кое се утврдени, во триста и десето лето, пред раѓањето Христово“
Овој препис е објавен во 1785 година во хронологијата(синописот) на кнез Владимир.
Александар трети Македонски