Досиеја

Службена белешка – 12.6.1990 година

Македонска Нација

РЕПУБЛИЧКИ СЕКРЕТАРИЈАТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
УПРАВА НА СЛУЖБАТА ЗА ДРЖАВНА БЕЗБЕДНОСТ
ИСПОСТАВА: “КАРПОШ”

ИЗВОР: “Раско”
ОП.РАБОТНИК: С.Аврамовски
Отчукано во 4 примероци
Евид. број 09-5/422
12.06.1990 година
Скопје

ЛИНИЈА: МНС
ЛИЦА: – ПО “Лисиче”;
– Георгиевски Љупчо – безбедносно интересен по МНС;
– ОО “Рашомон”

СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА

I – На 04.06. о.г. беше остварен контакт со изворот по негова иницијатива во неговите работни простории. Сознанијата се презентирани во усмена форма.

II – Разговорот имаше за цел добивање безбедносно интересни сознанија во врска со ПО “Лисиче”.

III – Добиени сознанија:

Изворот информира дека на 04.06. о.г. во ресторанот “Метропол” по претходен договор остварил контакт со Змејковски Борис (ПО “Лисиче” н.з.) и Георгиевски Љупчо (безбедносно интересен по МНС, врска на ОО “Рашомон” н.з.). Во таа прилика истите го запознале дека минатата недела во Минхен одржале состанок со претставници на македонските организации од Австралија, СР Германија и Шведска заради конкретизирање на активностите сврзани со формирањето на “ВМРО-Демократска партија за македонскто национално единство”. Инаку, на состанокот присуствувал и Драган Богдановски (ОО “Рашомон” н.з.), при што било договорено веднаш по формирањето на партијата во Скопје на 17.06. о.г. во Домот на младите “25 Мај” (кога ќе се одржело основачко собрание) да се пристапи кон формирање на ограноци во овие земји кои и ќе ја финансирале работата на партијата во Скопје.

Од разговорот изворот констатирал дека главен носител на активностите за формирање на партија бил Георгиевски Љупчо кој според него е далеку поекстремен од Змејковски. Меѓудругото на изворот во разговорот му било понудено и тој да биде член на раководството на партијата, меѓутоа истиот со образложение дека имал професионални обврски до 01.09. о.г. во РК ССММ не ќе можел да ја прифати нивната покана, но ќе им помогнел околу основањето на партијата.

Змејковски исто тка го запознал изврот доколку остане без работа професионално да го вработи во партијата, кажувајќи му дека располагале со фонд на пари во висина од 40.000 долари и планирале за потребите на партијата да купат и автомобил.

Исто така, му било понудено по формирањето на партијата во Скопје, заедно со Змејковски и Георгиевски да присуствуваат на формирањето на партиите во СРГ, Австралија, САД и др. места, кое нешто изворот во начело го прифатил.

Во врска со првата точка од прогласот во кој се повикува на територијално обединување на Македонија, изворот им сугерирал да се корегира таквата формулација бидејќи во сегашни услови истото е неостварливо, по што Змејковски истакнал “доста спиевме” на крајот уважувајќи ја сугестијата на изворот.

IV – Оперативен коментар:

Сознанијата презентирани од изворот ги сметаме за точни и безбедносно интересни.

Изворот за контактите со ПО “Лисиче” на претходниот контакт беше инструиран на планот на продлабочување на сознанијата во врска со формирањето на партијата, како и неговите контакти со ОО “Рашомон”, кое нешто цениме дека со успех го реализирал.

Од сознанијава евидентна е поврзаноста на ПО “Лисиче” и Георгиевски Љупчо со ОО “Рашомон” и ОО “Отиња”, кои најверојатно ценејќи ја содржината на прогласот се се идејни водачи и иницијатори за формирањето на партијата во Скопје.

Во врска со сознанието за состанокот одржан во Минхен, ќе бидат превземени мерки за продлабочување и конкретизирање на сознанијата, со посебен акцент на осознавање и на другите лица кои биле присутни на истиот.

Со оглед да во програмата на партијата е присутен и сепаратизам, поврзаноста на “Лисиче” и Георгиевски со лица експонирани по линија на МНС (ОО “Рашомон” и ОО “Отиња”), како и можноста на изворот целосно да се вклучи во активностите на партијата, истиот е инструиран на планот на продлабочување на сознанијава, со акцент на следење и целосно осознавање на позадината на поврзаноста, влијанието и уделот на “Рашомон” и “Отиња” во нејзиното формирање.

Бидејќи изворот ги исполнува објективните и субјективните услови за ангажирање во активната соработничка мрежа на СДБ, за таа цел ќе биде изготвен предлог, кое нешто е договорено со линијата по МНС во УСДБ Скопје.

ОПЕРАТИВЕН РАБОТНИК
С.Аврамовски
(Своерачен потпис)

Најново од: Досиеја

Тајните досиеја сведочат: Мане и Гојко Јаковлески членови на ДООМ под надзор поради македонската кауза во Берлин

Транскрипција на службена белешка од 16 октомври 1978 година РСВР на СРМ СДБ – Скопје Испостава на СДБ Струмица [прецртано] Струмица, 16.10.1978 год. Евиденција бр. 132/18-266 17.10.1978 год. СЛУЖБЕНА БЕЛЕШКА Извор: [прецртано] Објект: Емиграција Лица: Гојко Јаковлевски, емигрант во Берлин Мане Јаковлевски, емигрант во Берлин Стојан Ковачев од Струмица, на привремена работа во Париз – […]

Архивски документ: Љупчо Георгиевски го овластува Мане Јаковлески да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во Европа

ВМРО – Демократска партија за Македонско-национално единство Централен управен одбор Бр. 224/92 30.10.1992 год. Скопје ИЗВРШЕН КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ Скопје РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Рег. бр. 38 [нечитлив знак] 3552/1 ГУВР–Скопје ПРЕДМЕТ: ПОЛНОМОШТВО Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (Република Македонија), има чест да го ополномошти г. Манол Јаковлески (роден на 1.02.1951 год., во Гостивар, Република Македонија), кој сега […]

Од 1992 година ЕУ ја започна скриената агенда против Македонија

Архивски документ од Берлин 1992 година сведочи дека уште на почетокот од македонската независност биле препознаени политичките притисоци, пропагандата и обидите за попречување на меѓународното признавање на Република Македонија.  

Мане Јаковлески и Драган Богдановски во евиденцијата на ДБК (УДБА) од 1992 година

Еве уште еден документ за тие што ЛААТ против мене, или нов израз за таквите е ТАЛОГ. (ТАЛОГ е нешто безвредно или морално пропаднато — на пример: Талогот на општеството) 4. 06. 1992 DBK – IV UPRAVA 400000 EKSTREMNO DELUVANJE VO ZEMJATA PREGLED NA LICA OD R.MAKEDONIJA VKLUČENI VO RAZNI PARAVOENI FORMACII (VOENI ŠTABOVI, GARDI, […]

Еден документ од 1991 година: СДБ -УДБА барала тајно прислушување на Мане Јаковлевски, а вториот од Југословенска УДБА од 1984 г.

Овие два документи (едниот од Македонска УДБА) а (вториот од Југословенска УДБА) ги објавувам како: „поздрав“ до оние кои продолжуваат да ЛААТ за мене, или народски кажано: кучињата лаат а карванот продолжува да оди. Документ Бр.1 Архивски документ на Службата за државна безбедност (УДБА) при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија открива дека на […]

ДОСИЕ: На 5 и 6 септември 1944 година Хитлер испратил две тајни телеграми со наредба веднаш да се прогласи независна Македонија

Две тајни германски телеграми од 5 и 6 септември 1944 година сведочат дека германското државно раководство, во последните месеци од Втората светска војна, презело конкретни чекори за прогласување независна Македонија. Документите биле означени со висок степен на тајност – „Geheime Reichssache“ („Тајна државна работа“) – а во нив се пренесувала личната наредба на Адолф Хитлер […]

Илинденски проглас на ДООМ од 1974 година

По повод 71-годишнината од славното Илинденско востание, Централниот комитет на Движењето за ослободување и обединување на Македонија, кое и во тешките и ропски денови за македонскиот народ ја продолжува борбата и ги следи идеалите на бесмртните илинденски херои, го упати следниот: ПРОГЛАС: БРАЌА И СЕСТРИ – МАКЕДОНЦИ И МАКЕДОНКИ!      

To top