Фељтон

Медицината и христијанството

isus-hristos

Ангелина Маркус

isus-hristosАко се читаат евангелијата на Апостолите во светото писмо од Новиот завет, зачудувачки ќе се изненадиме како си нашле место и митологијата и медицината во теологијата и религијата на Христијанството.

Духот на Богочовекот ја познава етиката, математиката и медицината. Има исцелителна моќ. Прави чуда. Исус Христос го поддржува доброто, благословува, има претчувство за претскажување, прави чудеса, подучува и сè тоа на еден невообичаен начин, недостапен на обичните луѓе и на лошите. Тој

си избра 12 апостоли следбеници, апостолска школа. Бројот 12 како 12 племиња во Македонија со по 12.000 луѓе прават 144.000 души избран народ, а жената да се згрижи 1260 дена или 42 месеци или три ипол години итн. Секако дека бројките кријат зад себе многу посложени односи, зависности и појави, како што тоа го прави божествената медицина и хороскопот. Учениците на Аристотел во филозофијата и тие на Хипократ во медицината се школуваа за да го овековечат знаењето и да го пренесуваат на поколенијата. Апостолите, светците и мачениците пренесуваа секакво знаење во што ги подучуваше Исус Христос. Прототипот во науките, медицината и религијата е недостижен. Сепак, Апостолите ја ширеа етиката како човекољубие и медицината како исцелување.

Не можеа и не требаше да ги повторуваат Исусовите чуда. Само по еден, најспособниот, може да поседува такви добра како Аристотел, Хипократ, Александар, Исус Христос. Да ги погледнеме тие чуени седум чуда и да размислиме на што нè потсетуваат.

Не можеа и не требаше да ги повторуваат Исусовите чуда. Само по еден, најспособниот, може да поседува такви добра како Аристотел, Хипократ, Александар, Исус Христос. Да ги погледнеме тие чуени седум чуда и да размислиме на што нè потсетуваат.
Исус ја претвора водата во вино.
Исус исцелува болен од далеку.
Исцелување по 38 годишна парализа.
Исус нахранува 5000 души (со 1 леб).
Исус оди по вода и ја смирува бурата.
Исус исцелува слепороден.
Исус го оживува Лазара од мртвите.

Во сите овие чуда има медицинска проблематика. Со времето, со просторот, растојанието, природата, со светлината, со животот и смртта се занимаваат сите религии произлезени од Христијанството, а Христијанството од Македонија произлегува. Во таа нулта граница, обележана како ера пред Христовото

раѓање и по Христа, Македонските држави се ништат за да на нивно место се појават нови содржини на човечкото живеење. Се раѓа нова идеологија, со постојана борба, да се сочува највредното, најубавото, најдоброто во народот. Космполитизмот на Македонецот повторно ќе го обединува светот врз религиска

основа. Христијанството тргна од Македонија со чудесни градби на цркви, базилики, мозаици, фрески, икони, со светци, сите со писмо в рака, со традиција за просветување, со ширење на Македонската култура, уникатна по сè што застапува.

Македонците, македонскиот човек уште долго ќе се прогонува. Го убиваа во Атина, го убиваа во Рим. Ако не беа Македонци, Апостолите немаше да ја најдат смртта во Рим, немаше ни Кириловите и Климентовите ученици толку жестоко

да се протеруваат. Македонското време си трае низ создавање на трајни научни и уметнички вредности. Колку полошо, толку подобро. И во најлошото сме најдобри да опстанеме, да живееме, да се истакнеме како древен, како библиски, како славен Македонски народ.

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top