Дијаспора

Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија (3 дел)

nusa

Јанко ТОМОВ

Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од “Грејп Вајн”-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на “Нуса интернационална фолклорна група” на 10 мај 2014 година.

Свечено прославена 20-та годишнина на “Нуса интернационална фолклорна група” во 2014

Убави беа спомените на повозрасните членови на оваа фолклорна група, кога за време на паузата се потсетувавме на првите години од основањето на групата во 1994 година и активноста до денес. Како илустрација на присутните, ќе ги спомнам пријатните спомени од играњето во оваа фолклорна група на Нуса. Првенствено сеуште е активната Џин, која оваа година ја прослави својата 90-годишнина, потоа Мередит 80, Су 80 години, Ренај 80 години итн. Исто така и другите малку помлади или повозрасни членови како, Ингред, Бети, Хеда, Гај, Бери, Максин, Ана и други.

nusa
О
снивачите на фолклорната група од Нуса (во средина Нина и Јанко) 1998 година

За информативното списание “Грејп Вајн” – Винова лоза

Јас со мојата бивша сопруга Нина, пред 18 години, кога од Перт Западна Австралија се населивме во Нуса, во “Санрајз Биџ”, се зачленивме и станавме редовни фолклористи на оваа група се` до 2000 година, кога се разделивме после успешен 35 годишен брак. Нина се врати во Перт, а јас останав во Нуса. Кога дојдовме во Нуса (1996 година), со себе донесовме еден примерок на фолклорен билтен од фолклорната група од Западна Австралија, која оджуваше настава во општинската сала на “Флореат Парк”, населба близу до “Сити Бич” и “Вембли Даонс” кога живеевме во Перт, а во која игравме неколку месеци пред да се преселиме во Нуса. Во билтенот имаше коментари и свои видувања за фолклорот кој го практикуваа, а и поедини стручни статии со фотографии, исто така во врска со поедини фолклорни ора и танци. Од тогаш, “Нуса интернационална фолклорна група”, месечно го издава  билтенот, кој е всушност списание “Грајп Вајн” (по наше: Винова лоза) и кој број – 19 излезе во мај 2014 година.

Во информативното списание – “Винова лоза”, се публикуваат статии со фотографии од интересни фолклорни настапи на членовите на оваа фолклорна група. Скоро се` поврзано со местата, инструкторите, кореографите, клубовите-групите и прекрасните чувства на фолклорната игра, каде и кога биле посетени, лично или со поедини софолклористи од нашата група. Потоа за лични доживувања околу почестите индивидуални патувања на годишни одмори или повидни празници и викенди, за патувања на членството во преку океанските држави и континенти, како и во австралиските природни убави туристички места и познати места за одмор и рекреација.

Во  списанието “Винова лоза”, постојат неколку рубрики, како на пример датумите и имињата на членовите, за нивниот роденден во месецот што доаѓа; датумите и местата на одржување на прослави и настапи; наставни часови-предавања каде раководат познати фолклорни инструктори-кореографи  од други места од Австралија и други информации. Понекогаш се организираат заеднички посети на прослави или на предавања-ворк шопови, на подалечни места од Нуса. Една од нив е познатата Вутфрд фолклорен  фестивал, близу до Бризбен, кој се одржува по Католички Божик, пред Нова Година. Таму на тој фестивал има поставено десетици шатори и бини, каде се учат и играат 3 дена ора и танци, со повеќе од ијада уцесници кои имаат свои шатори и пликолки.

За разните настапи на “Нуса интернационална фолклорна група” вклучувајќи ги и хуманитарните

Во списанието “Винова лоза”, се забележани и настапите на “Нуса интернационалната фолкорна група”, во театарот на Нуса, каде настапуваа и неколку национални фолклорни групи, емигранти-жители на Австралија од околните источни држави. Во театарот исто така, со нас настапуваше и една  балетска група од Нуса, која остави одличен впечаток заедно со нашата група, а во која јас и поранешната сопруга Нина учествувавме со дваесетина наши соиграчи.

nusa2
Настап
на Дени Макензи со Фолклорната група од Нуса на саем во Калбурча, близу до Бризбен

За одбележување, како дел од историјата на оваа фолклорна група е учество во основањето на “Танцова Асоцијација на сочевиот брег” (“Саншајн Коаст Денс Асосиејшн”) во 2000 година, каде учествуваа: инструкторката –кореограф Дени Макензи од фоклорната група на Нуса; инструкторката по “Лаин денс” (Линеарни танци) Су Бучар од Тивонтин; инструкторката по “Лаин денс” Кери од Нусавил; лидерот-инструктор по “Рокен рол” Џон од Тивонтин; лидерот на “Олд болрум денс” (класични танци) од Тимбирва и авторот на овие редови, како организатор-оснивач на оваа танцова асоцијација. Танцовата асоцијација беше со кус век, но послужи за меѓусебно запознавање, зближување и трајни пријателства на танчерите и фолклористите од тој дел од Квинсланд.

Фолклорната група на Нуса на концерт во РСЛ-Тивонтин 2001 година

Најголем успех Танцовата асоцијација на Саншајн Коаст постигна во 2001 година во популарната сала на РСЛ-Тивонтин, каде се одржа концерт во чест на Денот на жената 8 Март, за прв пат во Квинсланд, а можеби и во Австралија. Јанко Томов беше организатор и водитело на концертот, кој истовремено играше ора и танцови во речиси сите групи што настапуваа. На концертот зедоа учество: “Нуса интернационалната фолклорна група”, големата група на “Рокен Рол” од Тивонтин, неколку “лаин денц” (линеарни танцови) групи со неколку настапи од Тивонтин (покрај групите од тивонтин учествуваше и групата “Лаин денс-Кантри глс” од Нембор. На крај настапи групата на понежниот пол со егзотични –стомачни танци “Бели Данц-Тивонтин – Нуса”. На овој концерт учествуваа најдобрите фолклористи и играорци на постојните групи, пред стотина гледачи и обожаватели на фолклорот. Пријатните доживувања со фолкорот и танцовите игри ги покажаа со драгоцениот за нас громогласен аплауз.

janko-koncert
Јанко Томов на концертот на 8 Март 2001 во РСЛ Тивонтин

nusa3
Фотографии од концертот на 8 Март 2001 и од други активности на “Нуса интернационална фолклорна група”

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top