Дијаспора

МАКЕДОНЦИТЕ ВО СРБИЈА ЌЕ БИРААТ НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ

НЕКА ПОБЕДАТ ИДЕИТЕ, нека победи онаа листа која ќе добие најповеќе гласови.

Да се избориме за промени, нови лица, нови идеи. Од нас зависи.

Се работи за нас Македонците, затоа ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ

______________________________________________________________

Како и сите други малцинстава, така и ние Македонците во Србија, оваа година ќе бираме нов состав на националниот совет.

Според соопштението од Министерството за државна управа и локална самоуправа на Србија, од 05.08.2014 година, Одлука за распишување на изборите за Национални совети, ќе се донесе на 20.08.2014 година.

Изборите ќе се одржат на 26.10.2014 година, едновремено за сите национални совети.

Ова ќе биде трет пат да бираме раководство на Националниот совет.

Првиот состав на Националниот совет на Македонците беше избран во 2004 година и мандатот му беше до 2010 година. Тогаш советот го избиравме по пат на електори. Прв претседател на советот беше Јован Радевски, од Јабука.

Изборите во 2010 година, беа по новиот закон за Национални совети на Србија од 2009 година. Заради малиот број на запишани Македонци во Посебните бирачки списоци, и тогаш, советот го биравме по пат на електори. Само да се потсетиме дека тогаш советот го избравме „едвај“ дури во третиот обид, на 31.08.2010 година.

Оваа година се донесе нов закон за Националните совети, во кој што има доста измени, посебно во делот на регулативата за изборите, кои што ќе ги спреведе Државната изборна комисија.

Според тој закон, малцинствата во Србија можат да изберат свои Национални совети, заради остварувањето на правата на самоуправа во областа на културата, образованието, известувањето и службената употреба на јазикот и писмото.

Средства за финансирање на Националните совети се обезбедуваат од буџетот на Република Србија, буџетот на АП Војводина и буџетите на единиците на локалната самоуправа.

До сега во Србија има регистрирано 20 Национални совети. Оваа година, свое барање за формирање на Посебен бирачки список заради формирање на свој совет, поднесоа и претставниците на полското и црногорското малцинство во Србија.

Според законот, членовите на националниот совет се бираат на непосредни избори или по пат на електори. Услов за тоа е, секое малцинство, на 24 часа пред донесувањето на одлуката за распишување на изборите, да има запишано во ПБС повеќе од 40% припадници на тоа малцинство, според податоците од последниот попис.

На 18.08.2014 година, надлежното министертво времено ќе ги заклучи бирачките списоци, за да донесе одлука кои совети како ќе го бираат својот совет. На 20.08.2014 година ќе знаеме, колку Македонци се запишаа во ПБС и како ќе одиме на избори.

Според последниот попис од 2011 година, во Србија се изјасниле како Македонци 22.755 лица. 40 % од тој број се 9.102 лица, запишани во ПБС.

Нажалост, ние Македонците и оваа година, највероватно советот ќе го бираме повторно по потешкиот пат, со електори, затоа што нема да имаме доволно запишани. Во 2010 година, во ПБС не имаше запишано 5.336 лица. Нема ни време сега пред изборите да запишеме преку 9.200.

Зошто е тоа така и дали можевме и ние да имаме непосредни избори? Секако дека можевме.

Некому му беше во интерес да не запишеме доволно лица во ПБС и пак да одиме на избори со електори. Не стојат оправдувањата дека ние Македонците не сакаме да се запишуваме во тие списоци. Што не ги погледнеме другите малцинства. Законот за сите е ист.

Дали и нашите избори за совет, како и за сите други совети,ќе беа полегални, полегитимни ако сега одевме на непосредни избори.

За овие 4 години, ако не повеќе, можевме да запишеме барем 50% од тие 22.755 Македонци, според последниот попис и да го исполниме условот за непосредни избори. Запишувањето во ПБС нема никаква врска со изјасувањето на пописот. Тука можат да се запишат и оние Македонци, кои на пописот не се изјасниле како Македонци.

Колку електори ќе имаме сега за овие избори?

Според законот за НС, за малцинства од 20.000 до 50.000, според последниот попис, ако се оди на електорски избори, тоа малцинство ќе треба да има минимум 45 електори, за да може да се одржи изборното електорско собрание.

Сите проценки, прогнози се дека ќе обезбедиме околу 50 до 55 електори. Со 50 – 55 електори, со подршка за кандидатура за секој електор по 45 Македонци запишани во ПБС, тоа е бројка од 2.250 – 2.475 Македонци. Ова значи дека „само“ околу 2.500 Македонци во Србија, од 22.755, колку сега не има по пописот, на некој начин ќе дадат легалитет и легитимитет, на изборите, да избереме совет. А тоа е само 10% од вкупните Македонци по попис.

Ако имавме сега запишано само 50% од Македонците според последниот попис, и ако само 50% од нив излезеа на гласање, тоа се 5.688 Македонци кои ќе гласаа за советот, што е 25 % според последниот попис, што е повеќе од 10%.Друго е прашање што стално повторуваме, дека во Србија, не има барем 10 пати повеќе, некаде преку 200.000 Македонци.

Можеби тука е објаснувањето зошто некому му одговара да имаме електорски избори. И за ова ќе мора да се позабавиме малку подетално после изборите.

Каков совет ни треба, кого да кандидираме за електори?

Според законот, нашиот совет има 23 члена. Од нив се бира претседателот на Советот и членовите и претседателот на Извршниот одбор. Претседателите и членовите на четирите задолжителни одбори и сите други членови на останатите одбори немора да се членови на советот.

Логички се поставуваат прашањата:

  • Каков совет на Македонската национална заедница во Србија сакаме?
  • Знаеме ли што и како сакаме?
  • Кои се тие 23 Македонци, кои ќе влезат во советот?
  • Според кои критериуми треба да обезбедиме кои и какви електори ќе не застапуваат во наредните 4 години?
  • Дали да одиме и на територијална застапеност, да не има од сите региони?

До 20 08.2014 година, кога се донесува одлуката за распишување на изборите и од кога почнува собирањето на потписи за подршка за електорите, имаме уште време, да се консулираме, да поразговараме, да предложиме, да ги избереме најдобрите кои ќе не водат во наредните 4 години.

Јас како кандидат за електор и како носител на една од листите за овие избори, под наслов „ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ“, и на овај начин упатувам некои мои предлози во врска со кандидирањето на електорите

Критериуми за предлагање на електори

-Покрај општите услови предвидени со закон, електорот да е запишан во ПБС и да има подршка од најмалку 45 лица запишани во ПБС на Македонското малцинство во Србија, да се придржуваме и кон следното:

-Електорот да го зборува македонскиот јазик, да знае да чита и пишува на македонски јазик.

-За електори да се кандидираат лица кои имаат углед во своите средини и здруженија, кои се активни членови во работата на здруженијата,

-За електори да се кандидираат лица кои знаат, можат и сакаат да работат во Националниот совет за доброто на Македонската заедница во Србија.

-Предложените кандидати да се докажале во досегашната работа на нашите здруженија, асоцијации, или во своите средини, на своите работни места.

-Најмалку средна школска спрема, пожелно познавање на јазици.

-Комуникативни, толерантни, подготвени за колективна работа и избор во органите на советот.

-Задолжително познавање на работа со компјутер.

-Пожелно е да има електори од сите региони во Србија, од сите здуженија

-Пожелно е да има подеднаков број на кандидирани лица, машки и женски лица /минимум 1/3 треба да се женски за листа/

-Во однос на политичката активност на предложените електори и членството на истите во други партии, не би требало да предлагаме лица кои се активисти и на функции во други партии, освен во ДПМ.

-За електори можат да се кандидираат и избрани раководители на функции во Сојузот на асоцијациите на Македонците во Србија и Демократската партија на Македонците /ДПМ/, но подоцна, да нема дуплирања на функциите. Тоа го запишавме и во Стратегијата, што значи тие неможат да се на функции и во ДПМ и во Сојуз и сега во советот.

Дали и колку ќе успееме да ги предложиме и избереме „најдобрите“, ќе покажат изборите.

Формирањето на повеќе листи е дополнителен мотив и гаранција, изборите да успеат и да ги избереме најдобрите.

НЕКА ПОБЕДАТ ИДЕИТЕ, нека победи онаа листа која ќе добие најповеќе гласови.

Да се избориме за промени, нови лица, нови идеи. Од нас зависи.

Се работи за нас Македонците, затоа ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ПРЕД СЕ

Славе Груевски

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top