Култура и туризам

Дојран и Дојранското Езеро: Легенда и божја лековита бања

dojransko-ezero

Ги лекуваше раните на војската на Александар Македонски, го лекува светот….

dojransko-ezero

Приказните на Дојран почнуваат од 4 век пред нашата ера, во времето на владеењето на македонските кралеви, кога долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале Пајонци. Тие живееле на “езерото”, во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни.

За времето на Филип II (359-336) и Александар Македонски (336-323) и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност Топлец) на површина од 30 – тина хектари веќе бил распространет антички град – тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското царство на Западно и Источно чиј центар бил Константинопол (Цариград), Тауријан станал дел од Источното Римско Царство, односно Византија. Тауријан важел за град кој благодарение на местоположбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци, кои прецизно ќе го окарактеризираат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX – от век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу – на југ.

Во Дојран времето оставило многу траги од минатото. Постојано бил граден, разрушуван, пален па повторно обновуван. Поробуван во повеќе наврати и од разни поробувачи. Сето тоа придонело во Дојран да се изградат градби (Цркви, чешми, бањи, саат – кули, училишта и др.) од различни култури и народи. За таквата богата историја на градот Дојран денес ни зборуваат остатоците од повеќе културно-историски споменици кој можат да се видат во Дојран.

Во својата релативно долга историја променил две местоположби и три имиња. Второто име на градот е Полин, кое останало и до наше време. Кога е сменето името на градот од Тауријан во Полин нема податоци, но се претпоставува дека тоа се случило со мигрирањето на градот од север на југ. Третото и последно име на овој град е Дојран и се поврзува со доаѓањето на Турците во Македонија и на Балканот во 14 век.

Потеклото на името Дојран се поврзува со една легенда. Во зимата 1371-1372, кога турските војски навлегувале во Македонија, стигнале и во Тауријан (Полин). Тие дошле од исток, а бидејќи било зима, езерото било замрзнато и покриено со снег. Турската војска, без да знае, поминала преку замрзнатото езеро и стигнала во градот. Градските првенци, кои ја пречекале војската, прашале од каде поминале, а турскиот војсководец Евронос одговорил: „Ете, овде, преку полето“. Тогаш првенците му кажале дека тоа не е поле, туку дека поминале преку замрзнатото езеро, покриено со снег. Кога го разбрал тоа, Евронос наредил да се направи голема и богата гозба, што на турски значи „дојрумаќ“. Се смета дека од тој збор и по тој случај градот добил ново име.

Друга легенда, пак, наведува дека Дојран го добил своето име по еден друг турски збор – „далјан“, што значи место, езеро, богато со риби.

А историјата на Дојран кажува дека тој во неколку наврати бил целосно уништуван, па обновуван. Последното големо уништување било во Првата светска војна, кога Дојран се нашол на првата линија на Солунскиот фронт. Во периодот меѓу двете светски војни, всушност до 1945 година, Дојран речиси исчезнува од картите и како град не постои. По Втората светска војна, Дојран повторно почнува да заживува, со намена во прв ред за туристичко место.

И Дојранското езеро привлекува со својата љубовна приказна со легендата за бунарот затворен со девет катанци. Кога по вода заминала најубавата девојка од крајот, Дојрана, крај бунарот ја чекало момчето. Занесена од љубов заборавила да го затвори деветтиот катанец, по што водата потекла и ја преплавила целата котлина. Така настанало Дојранското езеро.

Дој­ран­ча­ни твр­дат де­ка бла­го­да­ре­ние на ком­би­на­ци­ја­та на езер­ски­те ал­ги, кал­та и ме­ди­те­ран­ска­та кли­ма, па­ра­ли­зи­ра­но мом­че ста­на­ло од ко­лич­ка, де­ца се из­ле­ку­ва­ле од на­па­ди на ас­тма, се зат­во­ра­ат се­как­ви от­во­ре­ни ра­ни, а спо­ред пре­да­ни­ја­та, крај Дој­ран­ско­то Езе­ро ра­ни­те ги за­це­лу­ва­ла и вој­ска­та на Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски

Многу медицински лица како постоперативна рехабилитација препорачуваат лето на Дојранското езеро. Го пре­по­ра­чу­ва­ат Дој­ран ка­ко мес­то иде­ал­но за пос­то­пе­ра­ти­вен прес­тој на па­ци­ен­ти­те, за ли­ца што стра­да­ат од бо­лес­ти на рес­пи­ра­тор­ни­те ор­га­ни, но и од рев­ма и иши­јас. Не­кои ле­кот го наш­ле во езер­ска­та во­да, а не­кои и во езер­ска­та кал.
Не­кои странски ту­рис­ти ос­та­на­ле вер­ни на дој­ран­ска­та кал и до­а­ѓа­ле крај езе­ро­то ду­ри и за вре­ме на еко­лош­ка­та ка­тас­тро­фа, кога езер­ска­та кал ја има­ше во из­бо­ил­ство оти во­да­та бе­ше пов­ле­че­на.
Ов­де со по­долг прес­тој, со ка­пе­ње и мач­ка­ње со кал, лу­ѓе ста­ну­ва­ле и од ко­лич­ка, от­ка­ко по теш­ки со­об­ра­ќај­ки има­ле проб­ле­ми со дол­ни­те екс­тре­ми­те­ти, а на вре­ме­то не би­ло за­мис­ли­во ри­ба­ри­те да одат на лов без да се на­мач­ка­ат со кал. При­ме­ро­ци од кал­та се од­не­се­ни во Со­фи­ја, Бел­град или во Љуб­ља­на за да се ут­вр­ди кои ле­ко­ви­ти ма­те­рии ги по­се­ду­ва кал­та за да го про­мо­ви­ра Дој­ран и ка­ко езер­ска ба­ња.
“Ако мо­же­ла вој­ска­та на Алек­сан­дар Ма­ке­дон­ски да се ле­ку­ва ов­де, зош­то не и ние. Пре­да­ни­ја­та ве­лат де­ка, по се­ко­ја бит­ка, ов­де до­а­ѓа­ла вој­ска­та на Алек­сан­дар за да ги за­ле­чи сво­и­те ра­ни и бол­ки од бор­би­те. Ако со ис­пи­ту­ва­ња­та и на­уч­но ја до­ка­же­ме ле­ко­ви­тос­та, вед­наш ќе из­ра­бо­ти­ме бро­шу­ри и прос­пек­ти за прив­ле­ку­ва­ње и на стран­ски ту­рис­ти”, зборуваат мештаните.

Се ве­ру­ва де­ка дој­ран­ска­та кал е да­ле­ку пок­ва­ли­тет­на од кал­та во Цр­но­то Мо­ре, ко­ја се ко­рис­ти за те­ра­певт­ски трет­ма­ни. Би­ла мно­гу бо­га­та со ми­не­ра­ли кои бла­гоп­ри­јат­но дејс­тву­ва на ко­жа­та, но и на рев­ма­тич­ни бол­ки. Но, спо­ред дој­ран­ча­ни, тоа на­уч­но тре­ба да го до­ка­жат и струч­ни­те ли­ца.

Чудна и навидум непријатна, но толку уникатна мешавина на мириси, не може да се почувствува на ниту едно друго место на светот. Единствено се доживува и вдишува токму на брегот на Дојранско Езеро. Оној ист мирис кој го прави Дојран посебен, оној ист мирис кој сме го вдишувале и пред петнаесетина години, кога езерото беше полно со чиста и бистра вода. Кога езерото и градот вистински живееја.

Езерската вода е жешка, зелена и матна. Кога влегувате во неа ја чувствувате тињата под стапалата. Гледате кон езерото, а оттаму непрестано кон брегот надоаѓа пена, која ви личи на пена од сапуница. Кога го доживувате сето ова, и кога, згора на тоа го вдишувате мирисот на алгите, имате чувство дека се наоѓате среде мочуриште.

Но, тоа е поради цветањето на алгите во езерото. Пената ја произведува токму нивниот цвет, значи, таа е сосема природна. Ова се случува само петнаесетина дена во годината. Водата тогаш е најлековита.

Водата на Дојранското езеро е волшебна и чудотворна….

А дојранската риба спремена на илјада кулинарски дојрански начини нема да ве остави рамнодушни….

Клаудија Лутовска

Најново од: Култура и туризам

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top