Култура и туризам

Семејните односи пo Мариово

kukjata-na-stale-popov

kukjata-na-stale-popov

Подробното опишување на мариовската куќа има строга функционалност во романот “Крпен живот”.

Таа е всушност главниот локалитет во кој се одвива романескното дејство и токму таквите околности ја диктираат етнопсихолстијата на двата главни женски лика во романот: Митра и Доста, односно нивната страсна приврзаност кон материјалните интереси, во името на подобриот, поимотниот утрешен живот, каков што веќе е реализиран во денешното Мариово.

Во градењето на роменскното дејство Стале Попов тргнува од претпоставката: Што се случува во Мариово кога на мариовецот ќе му умре жената и останува вдовец? Таму тоа е вистински проблем, зашто тешко се наоѓа жена. Затоа почнува општа грижа Се интересираат комшивките, сваќите, а посебно оние на кои тоа им е работа: сводниците или “кодошите”, како што ги наречува нашиот писател. Тие посредуваат меѓу вдовецот и вдовицата, со мошне убедливото настојување: “Јас оваа кошула а носа една година здрава, три а носа крпена”. – вели сводникот Петко Балето, иако преженувањето не е како женењето: “He е како првиот залак… крпено, па крпено”, од каде и доаѓа насловот на романот.

Ако се има предвид дека во веќе опишаната мариовска куќа треба да живее “меката” кокона Доста Рожденката, солунка, која живеела во куќата на рускиот конзул во Солун и му го гледала детето, тогаш се сфаќа каква жртва прави оваа “пресна” вдовица, свесна дека не се решава лесно проблемот на самата жена во Мариово, иако мариовците никогаш не се рамнодушни кон понежниот пол: “Зошчо ќе зборуваат мариовците, ако не за жени?” – вели Стале Попов.

Во мариовското патријархално многучлено семејство се се одвива по строго пропишан ред. Така, најстариот член врши распоред на работите уште вечерта, спроти утрешниот работен ден, кој што треба да сработи, и тука нема можности за какво и да е спротивставување, зашто работата е единствен услов за материјалната благосостојба во домаќинството.

Мариовскиот човек е религиозен и суеверен. Тој пости божиќни пости, велигденски пости, секоја среда и петок и на мртвени денови, a во куќата чува икона на домашниот светец пред која постојано свети кандило. Тој човек е подложен на разни верувања, кои не ретко имаа директна функција во правилното однесување и кон себе и кон другите во семејството и надвор од него. Ha пр.: “He се седнува на трпеза немиен никогаш, оти лебот ќе избега од куќата”, куќниот праг се пречекорува со десната нога и притоа се прекрстува тој што првпат влегува во куќата. Ова особено се однесува на невестата.

Меѓу семејните роднини најблиски се: свекорот, свекрвата, снаата, зетот, деверот, јатрвата и золвата, а карактеристични народни обрнувања се: невесто, сестрице, браче и сл.

Во Мариово и жените се купуваат со пари. Меѓутоа, на овој обичај решително му се спротивставува Доста Рожденката, велејќи за себе: “He сум кобила да се продавам за пари!” Во строгиот патријархален мариовски живот се е строго одредено како да се прави, но Доста речиси револуционерно настапува и многу нешта ги менува со сопственото слободоумно однесување. И покрај тоа што е точно утврдено, што со што се готви, на пр. кокошка: “ја со бонгур во грнето, ја со бел ориз во тепцијата”, Доста (дојденката) готви кокошка – со компири, што е рамно на дрскост. Мариовците не ги прифаќаат лесно новините и промените, така што тие кон нив се однесуваат потсмешливо и потценувачки. Оттаму хумористичната интонација на сметка на поновото, помодерното облекување на Доста овде речиси е неизбежна: “Токму Ѓупка.. Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи!” – се лути мажот и Илко Сукалов, зашто во Мариово точно е утврдена носијата: кошулче од конец, “копитото” кошула, саѓија со срмени крстови, појас, алова фура, чорапи, калци и гуна со чоа, гушалчиња, туљбени, кистови, прегачи, скопци, решмиња, павти, синџири, ќилимче.

Новините што ги внесува Доста во патријархалното мариовско живеење се израз на поголемата култивираност од живеачката во Солун: послободно поздравување со машки лица, дури и со Турци, со подавање на рака, исфрлување на отпадоци од мутлите без прашање на мажот, готвење невообичаени јадења за Мариово, внесување новини во облекувањето, спротивставување на машката навика да се тепа жената, велејќи: “He су магарица да ме тепаш со ластагарката” и, што е најважно, прва во селото пушти женска челад на училиште. Таа е “разбудена жена” и не потклекнува под патријархалните стеги што влечат назад. За овој револуционерен чекор на Доста Рожденката даскалот Бино вели: “Ееееј, до каде достигнавме ние мариовците! Ни по градишчата чупињата не одат на школо, а ние во Мариово тргнавме веќе”.

Преземено од:

„ФОЛКЛОРОТ И ЕТНОЛОГИЈАТА НА МАРИОВО BO РОМАНОТ “КРПЕН ЖИВОТ” ОД СТАЛЕ ПОПОВ“

Автор: Цане Здравковски, Скопје

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top