Дијаспора

Македонската песна е моја љубов

vera-trajkovska-1

ИНТЕРВЈУ СО ВЕРА ТРАЈКОСКА

vera-trajkovska-1

Кога почна да се занимваш со музика и која е твоја прва песна?

Јас  почнав да се занимавам со музика, поточно со македонската песна преку фестивалите во Австралија од 1998 година. Пеев во македонската музичка група “Милениум” од 1999а година.

Мојата прва песна беше мојата компонирана песна” Љубовта била лага”

Како се роди љубовта кон песната?

Песната од кога памтам ми беше поврзана со мојот карактер.Нашата куќа дури растев беше стално полна со македонска песна. Јас слушав песни со саати на радио, ленти, плочи или видео. Песната беше мојата љубов и хоби. Мајка ми има прекрасен глас и стално беше распеана кога работеше низ кујната или на домашни слави. Мајка ми исто така е позната во нејзиното родно село Бучин и уште од млади години била поканета на аудиција за пеење во Скопје.  За жал татко ми не и дозволил да оди на таа аудиција инаку верувам дека ќе беше многу популарна. Затоа ете  во мене се роди таа љубов кон македонската песна и го правам тоа што не можеше мајка ми.

Кое беше твое прво појавуање пред публика?

 Моето прво појавување пред публика беше во 1998 година на настапот на КУД Јане Сандански на Фолк Фест Мелурн. Настапив со песната “Љубовта била лага“.

Дали гледаш иднина како пејач на македонски народни песни овде во дијаспората?

Македонската песна пред се  е моја љубов и хоби. Си ја пеам повеќе за себе и ми е  мило и кога други сакаат да ме слушаат кога пеам или кога сум поканета да пеам на разни прослави овде во дијаспората.

Какво е искуството од настапувањето на фестивали овде во Австралија?

Имам настапено на повеќе од 10 Фестивали низ Австралија, почнувајќи од 1998-ма година во Мелбурн, Сиднеј, Волонгонг, Перт. Можам да кажам дека искуството беше прекрасно посебно тоа што имав можнности да се запознаам со многу Македонци низ Австралија кои се вмешани во музиката, во македонската песна и тоа ми помогна да се стекнам со искуство и да настапувам на повеќе фестивали.

vera-trajkovska-2

За првпат настапи и на Фолк Фест Валандово во Македонија, какви се твоите впечатоци и дали можеш да го споредиш со овдешните фестивали?

Настапот на Фолк Фест Валандово 2013 беше исполнување на мојот сон. И стално се на смеа велев дека еден ден ќе настапам на Валандово. Така еден ден дојде покана од композиторот Оливер Глигоров во 2012 година. Откако ги видел моите спотови на јутуб, тој и неговата сопруга Милица напишаа песна за мене за да настапам на Валандово. Со мене стапија во контакт преку социјалната мрежа фејсбук и за мене тоа беше неверојатно убаво чувство. Што се однесува до споредба на фестивалите овде во Австралија и таму во Македонија, можам да кажам дека во Македонија се многу професионални, се пренесува во живо на Македонската телевизија, и песните се слушаат често пати на радијата низ Македонија.  Многу е убаво и тоа што настапуваш пред многу поголема публика и со многу ѕвезди од македонската естрада.

Која ти е досега најдрага песна и зошто?

Можам да кажам дека сум среќна што имам многу убави песни од првиот,вториот и  третиот албум и тешко е да се одлучам за една,  ама ако морам да изберам тоа е песната “Птица без крила” затоа што е убава женска балада и ми лежи на срце  и песната  “Еј туѓино не си веќе моја судбина“ преку која ја пренесувам љубовта кон Македонија.  

Имаш нов албум, како го нарече и кога планираш промоција овде во Мелбурн?

Среќна сум да кажам дека мојот нов албум е сниман во Македонија и е наречен  “Само ти душо ти“, песна со која  настапив на Валандово 2013 година. Промоција за овај албум беше планирана оваа година во Македонија ама за зал поради некои работи што испаднаа тука во Австралија мораше да се вратиме порано. Промоција во Мелбурн,  уште немам во план и немам точни датуми засега но би сакала да одржам промоција и во другите градови на Австралија.

Кои се твои соработници во Македонија?

Се одлучив да имам соработка со Оливер Глигоров на мојот трети албум сниман во Македонија,поради убавата соработка со него и сум многу задоволна со песните што ми ги направи .Имам голема поддршка со еден дирекнор од Валандово “Мирче Карамучев”што ме промовираше и праќаше на многу интервјуа на Македонската телевизија, радио и весници.Тој исто така е текстописец на две од моите песни на новиот албум, тоа се песните“Еј туѓина не си веќе моја судбина” и “Две раце во оган ќе ставам”

Твои планови и желби за во иднина?

Плановите и желбата во иднина на музички план е да можам да го донесам мојот автор Оливер Глигоров во Австралија  и заедно да можиме да ги промовираме песните.Тој исто така е прекрасен пејач  и има прекрасни песни, исто така сакам што повеќе да бидат поврзана со македонската песна.

Каква порака би сакала да пренесеш на македонската публика?

Пораката што би сакала да ја пренесам до македонската публика е да се сакаме и да си помагаме тука и таму и да бидиме колку што можиме активни во Македонската заедница во Австралија да можиме да оставиме нешто за идните генерации. Мислам дека е многу важно за децата да знаат за своето потекло, тоа му дава основа и силно чувство на припадност.

Разговорот со Вера Трајкоска го водеше Гордана Димовска за Macedonian timeline.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top