Култура и туризам

Легенда за името на Преспа

prespa

prespa

Кога сакаме да зборуваме за Преспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа продукт на природните случувања во неа и нејзин составен дел. Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија, а после делбите во 1912/13 год., на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 год., а практично на терен завршиле во 1924 год.. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 km² припаѓа на:

  •          Република Македонија дел со површина од 761,6 km², или 56,42 %
  •          Република Грција дел со површина од 321,6 km²,или 23,82%
  •          Република Албанија дел со површина од 266,8 km²,или 19,76%

Легенда за името Преспа

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, неосетно му се приближувала убaвата девојка, лесна како срна. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината… Кога ја видел младиот син на кнезот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице … Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро … Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат – едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица… Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, му рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро а населбата околу него го добила името Преспа.

Втора легенда за Преспа

Во градот Преспа живеел богат трговец кој имал ќерка-единачка. Девојката била на 15-16години, со убави очи, руса коса, и достојна става.

Нејзината убавина, носијата и раскошниот накит ја правеле уште попривлечна, секој што ке ја видел го запленувала, таа била гордост на родителите, како и на градот. Кога нејзините родители биле најбогати и најсреќни, таа умрела.

Градот и приредил величествен закоп, облечена во свила, со многу злато и сребро која целата ја обвиваа во сјај.

Двајца од гробарите се договориле вечерта да ја откопаат мртвата, и да ги земат сите скапоцености.

Ја исфрлиле земјата ја извадиле, и ја скриле во црквата, вечерта на сон им се јавила..и ги молела да и го вратат нејзиното. Утредента пак заминале во црквата со цел да и го извадат златниот синџир од вратот, но тој не се кинел, решиле да и го пресечат вратот..

Таа паднала, и се разбудила, кога виделе гробарите се исплашиле..

постариот рекол да ја погубат..таа паднала на колена за милостина..помалиот се нажалил и и рекол, ќе се викаш Преспа од денес, зошто ти не беше мртва, туку преспа, заколни се дека никомú нема да говориш за ова..таа се согласила, ја продале како робинка на некој трговец…од тогаш градот го носи името Преспа.

Јасмина Гјоргиевска

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top