Историја

Вистински Македонци, верни деца на татковината!

edinstvo

МАНИФЕСТ НА ПРИВРЕМЕНАТА ВЛАДА НА МАКЕДОНИЈА

СОБИРАЈЌИ СЕ ОКОЛУ СЛАВНОТО ЗНАМЕ НА МАКЕДОНИЈА ДА НАПИШЕМЕ: ЕДИНСТВЕНА И ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА! ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!

(23 март 1881 год.)

edinstvoМакедонци,

Нашата мила татковина Македонија била некогаш една од најславните земји. Македонскиот народ, исто така, удирајќи ги првите темели на воената вештина, со своите победнички фаланги и Аристотеловата просвета, ги цивилизирал човештвото и Азија. Но таа некогаш толку славна наша татковина денес е на прагот на својата пропаст поради нашите грешки и заборавање на нашето потекло. Туѓи и сомнителни народи сакаат да ја заземат нашата земја и да ја уништат нашата народност која, светејќи со таков сјај не може и нема никогаш да пропадне… Таа денес е географски поим. Гробот и го ископале нејзините интриганти, кои крстосувајќи ја нашата земја, и туриле разурнувачки отрови. Овие интриганти се гробари на големата и славна татковина; тоа се исто така оние интриганти кои бараат да ја раздробат или поскоро да направат да влезат во неа победничките трупи на Австро-Унгарија. Со минувањето од еден јарем во друг, регенерацијата на Македонија нема да стане можна и нашата народност ќе пропадне. Моментот за Македонија е критичен: се работи за нејзиниот живот или смрт.

Вистински Македонци, верни деца на татковината!

Зар ќе трпите нашата милаземја да пропадне. Погледајте како е покриена во ропство и со рани што и ги направиле околните народи. Погледајте ја и видете ги нејзините тешки синџири што и ги произведува султанот. Наоѓајќи се во ваква немоќ и гледајќи ја целата расплакана, нашата мила Македонија, нашата драга татковина Ве вика: вие што сте мои верни деца; вие што по Аристотела и Александра Велики сте мои наследници; во чии што жили тече македонска крв, не оставајте ме да умрам, туку помогнете ми. Каква тажна глетка за вас, вистински Македонци, ќе биде ако станете очевидци на мојот погреб. Не, не, еве ви ги моите крвави грозни рани, еве ви ги моите тешки синџири: скршете ги нив, излекувајте ми ги моите рани; направете сеж на знамето на што ќе го кренам да биде на-пишано: единствена и обединета Македонија! Штом тоа ќе го сторите храбро, истерајте ги од вашата земја овие убијци кои го држат во своите раце знамето на неслогата и внесуваат отцепувачки страсти, ве делат вас мои деца на безброј народности, потоа собирајќи се околу знамето на Македо-нија, како ваш единствен национален белег, кренете го високо и подгответе го ова славно знаме за потоа да напишеме едно гласно:

Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!

Постои гласот на нашата татковина, постои слободата, тоа скапо наследство на народите. Да ги прогласите овие зборови, тоа значи да ви ракоплескаат слободоумните луѓе, тоа значи да ги повикате благородните срца да побрзаат да дојдат да се бијатза да ви помогнат да ја добиете таа света слобода која од многу векови побегнала од нашата драга татковина.

Македонци, сетете се за вашето потекло и немојте да го откажувате!

Ќустендил, 11/23 март 1881 г.

Верно на оригиналот

Доспат 18/30 април 1881

Претседател Васил Чомо (Симон)

Секретар, Никола Трајков”

Славко Димевски, Привремената влада на Македонија… , Разгледи, 1-2, 1973, стр. 173-180; Љ. Лапе, Одбрани текстови…, II,стр 256–258;Документи за борбата …, т.I, док.189, стр 267- 268

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top