Историја

Собранието на Република Македонија ја одбива Лисабонската декларација на Европската Заедница

lisabonska--deklaracija

(јуни-јули 1992 год.)

lisabonska--deklaracija„На 1 јули започна седницата на Собранието на која ја разгледавме Лисабонската декларација и требаше да го изградиме нашиот став кон неа. Тоа беше бурна, драматична седница. Прв зборуваше министерот за надворешни работи, Денко Малески… истакна дека длабоко верувал во принципите на нова Европа, но се покажало дека Европа своите принципи ги применува недоследно и селективно. Еропската Заедница наполно се оглуши на нашите аргументи поради свои интереси во односите со една нејзина членка… Малески подвлекуваше дека со тоа сме станале побогати за уште едно искуство кое укажува дека се важни прин-ципите, но важен е и односот на силите и дека тоа од нас ќе бара упорност и готовност да издржиме во својата политика. Зборуваше за своето чувство како во последните месеци да се згуснала целата наша историја и дека македонскиот народ и Македонците со одлуката на Европската Заедница во Лисабон повторно се исправени пред потребата да се борат за својот оп-станок. Притоа истакна дека е многу важно што Европската Заед-ница ги признава  постојните граници на Мкедонија и дека тоа ќе ни овозможи да опстанеме како самостојна држава, што сепак ќе ни даде можност да издржиме во нашата борба за зачувување на уставното име на нашата држава…

…Најголемиот дел од пратениците зедоа учество во расправата. Сите до еден се изјаснија дека го отфрлааат барањето содржано во Лисабонската декларација во врска со името на нашата држава…

…На крајот на седницата беше усвоена Декларација на Собранието, во која Собранието на Република Македонија го оцени за неприфатлив делот на Декларацијата за поранешна Југославија на Европскиот совет на ЕЗ (усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 год.), што се однесува на признавањето на Република Македонија” со име кое нема да го вклучи терминот “Македонија”. Исто така, Собранието на Република Македонија по-бара од ЕЗ, КЕБС и ООН како и од нивните земји – членки, да ја признаат Македонија под нејзиното уставно име и во нејзините постојни граници…”

ДЕКЛАРАЦИЈА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

НЕПРИФАТЛИВ Е И ГО ОТФРЛАМЕ ДЕЛОТ НА ЛИСАБОНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА НА ЕВРОПСКАТА ЗАЕДНИЦА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

“СО ИМЕ КОЕ НЕМА ДА ГО ВКЛУЧУВА  ТЕРМИНОТ МАКЕДОНИЈА”

(јули 1992 год.)

1. Собранието на Република Македонија го оценува за неприфатлив и го отфрла делот на Декларацијата на Европскиот совет на Европската заедница за поранешна Југославија, усвоена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, што се однесува за приз-навањето на Република Македонија “со име што нема да го вклучува терминот  Македонија”.

Со прифаќањето на ваквиот став, макар и привремено, се прави преседан со исклучително тешки меѓународни последици.

2. Собранието на Република Македонија го поздравува делот на Декларацијата што ги гарантира границите на Република Македонија и нивната неповредливост во согласност со принципите на Повелбата на Обединетите нации и на Париската повелба.

3. Со пренесувањето на дел од својот суверенитет во Демократска Федеративна Југославија, Федеративна Народна Република Југославија и Социјалистичка Федеративна Република Југославија, врз основа на правото на самоопределување, Република Македонија е меѓународен субјект со јасно изразено и признаено име, суверенитет и територијален интегритет и како таков субјект е рамноправен правен наследник на СФРЈ, прифатен на Конференцијата за Југославија на Европската заедница и во нејзините документи.

4.  Собранието на Република Македонија со Декларацијата од 17 септември 1991 година ја потврди волјата на граѓаните на Република Македонија изразена на референдумот од 8 септември истата година, во која тие се определија за самостојна и суверена држава под името Македонија, што се изрази и со Уставот на Република Македонија донесен на 17 ноември 1991 година. Во овие документи се истакнува дека Република Македонија ќе се залага за доследно почитување на принципите на меѓународните односи содржани во документите на ООН, завршниот документ од Хелсинки и Париската повелба на КЕБС.

5. За легитимноста и оправданоста на своето барање засновано врз Декларацијата за меѓународно признавање, Република Македонија доби и официјална потврда во извештајот на Арбитражната комисија на Конференцијата за Југославија на Европската заедница, во кој е заземен ставот дека “Република Македонија ги исполнува условите од насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и во Советскиот сојуз и Дек-ларацијата за Југославија усвоени од Советот на ЕЗ на 16 де-кември 1991 година”, како и дека “ употребата на името Македо-нија не содржи какви било територијални претензии кон друга држава”.

6.  Името Македонија е основа за името на еден народ – македонскиот народ, кој претставува мнозинство во Република Македонија и со неговото негирање се врши и дискриминација врз тој народ и националностите што живеат со него. Тоа не е во функција на обезбедување мирен и стабилен сестран развој на Република Македонија и заживување на нејзиниот суверенитет и независност, обезбедени на мирен и демократски начин.

7.  Собранието на Република Македонија и натаму инсистира и бара од Европската заедница, како и од пошироката меѓународна заедница, Конференцијата за европска безбедност и соработка и Организацијата на Обединетите нации и нејзините членки, меѓу-народно да ја признаат Република Македонија со нејзиното име и во постојните граници.

Бр. 08-2812/1                                  

3 јули 1992 год.                                                      

Скопје

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top