Култура и туризам

Така и македонциве се народ и нивното место е Македонија

pulevski

pulevskiБелград, 1875 год.

КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНИ И НАЦИОНАЛНО-ПОЛИТИЧКИ ПРОЈАВИ И БАРАЊА НА МАКЕДОНЦИТЕ

ЃОРЃИЈА  ПУЛЕВСКИ, РЕЧНИК  ОД  ТРИ  ЈАЗИКА, С. МАКЕДОНСКИ, АРБАНСКИ И ТУР­­С­КИ: ТАКА И МАКЕДОНЦИВЕ СЕ НАРОД И НИВНОТО МЕСТО Е МАКЕДОНИЈА

“Пи.(тање) А славјанскиот јазик али је секаде еднаков или не, кажи ми со ред?

Од.(говор) Славјанскијот јазик имат пет разлики.

Пи.(тање)  Који се тије разлики, кажи ми со ред?

Од.(говор) Тије се: руски, хрватски, бошњачки, бугарски и македонски.

Пи.  Који јазици се налик еден со другијот од напред речените?

Од. Рускијот и бугарскијот најблизу се. А хрватскијот и бошњачкијот и македон­с­кијот најблизу се.

Пи. А македонскијот јазик, кога је близу со бошњачкијот, зашто се именуват с. ма­­кедонски?

Од. Дека с. македонскијот јазик је најсроден со црквено-славјанските книги и тој је старославјански.

Пи. Који јазици се најпотребни за друга страна, кажи ми ако знајеш?

Од. За Африка арапски јазик је најпотребен, за Азија турски и јерменски и Ќурдски. За Јевропа француски, јенглески, талијански, немачки, маџарски, влашки и славјански.

Пи. Мије каков јазик зборуваме и како го вељат нашево зборување од Македо­ни­ја?

Од. Мије Славјани, који се наодиме од Македонија, на јужноисточни крај (на) Јев­­ро­па, од шар до Доспат, Старославјани сме и нашијов јазик се велит мијачки, које значит чист разговор….

…Пи. Зашто сме мије Старославјани и така се именуваме во Македонија, кажи ми ако знаеш?

Од. Мије затова се именуваме Старославјани дека книгитне црковни Кирил и Ме­тодије, кога ји преводеле од јазикот грчки на славјански, нашле за добро да на­пи­шат бук­ви славјански и да ги преведат книгине богомољни по старославјански јазик и тује во Ма­ке­донија Старославјаните живувајет…

….Пи. Што се велит народ?

Од. Народ  се велит људи који се еден род и који зборувајет еднаков збор и који жи­ву­вајет и се другарет едни со други и који имајет једнакви обичаји и песни и ве­сел­ја; тије љу­дите ји викајет народ, а место во које живуват народ се велит оте­чес­тво од тој народ.

Така и Македонциве се народ и местово нивно је Македонија…

…Од кољку јазици имајет слова, кажи ми ако знајеш?

Од. а) Славјански, б) Турски, в) Јеврејски, г) Латиснки, д) Јерменски, е) Грчки и многу други.

Пи. Кажи ми кољку од чии слова имајет?

Од. Славјански имајет 44, току само со 35 најчисто се пише…

Пи. Со чији слова је писана оваја книга, кажи ми ако знајеш?

Од. Со славјански је писана, само со 35 слова.

Пи. Кажи ми ји од почетка со свршетка?

Од. Овије се а, б, в, г, д,  е, је, ж, з, у, ј, к, л, љ, м, н, њ, о, п, р, с, т, у, ф, х, ц, ч, Ш, ји, ја, ѓ,Ќ, џ,  ју. … “

Речник од три језика. С. македонски, арбански и турски. Књ.II. Написао Ѓорѓи Пуљевски. У Београд, 1875, с .40. 49;

 Ѓорѓија Пулевски, Избрани текстови, ред. Томе Саздов, Наша книга, Скопје 1985, стр. 130-173;

Најново од: Култура и туризам

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top