Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (20 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

 Македонското етничко потекло на Птолемеите е спомнато и на  официјалната веб-страница на Интернет, поставена од египетската влада (конкретно од Министерството за туризам на Египет). Во краткиот  осврт кон историјата на Египет,  Птолемеите се наречени како “Македонска династија (“Alexander the Great, Macedonian Dinasty,http://interoz.com/egypt/ macdyn01 .htm).

Прв владетел од династијата на Птолемеите рековме дека бил Птолемеј Лагов (познати и како Птолемеј I Сотер). Тој бил роден во 367 година пред Христа. Од 323 година пред Христа бил гувернер на Египет и на Либија, а од 305 до 284 година пред Христа владеел како крал. Во неговата биографија, во споменатата енциклопедија Енцарта (наслов Птолемј I), читаме:

 “Птолемеј Први бил основач на династијата Птолемеи. Син на Лаг и Македонец по род, Птолемеј бил генерал во армијата на Александар Велики, кој  играл главна улога во подоцнежниот поход на Александар во Азија…”

За македонското етничко потекло на Птолемеј Први ни зборува и фактот што тој бил другар од детството на Александар Македонски. Поради тоа, тој подоцна станал еден од најдоверливите генерали на Александар, кој посебно се истакнал во битките за покорувањето на Персија. Откако станал крал на Египет, тој ја прогласил Александрија за главен град на своето кралство. Птолемеј И ја основал и познатата Александриска библиотека, на која подоцна ќе се задржиме. Тој напишал и биографија за Александар Македонски, која денес не е сочувана, но се знае дека од неа црпеле подоцнежните антички биографи на Александар. Птолемеј Први бил оженет со Береника Прва. Умрел во 283 година пред Христа.

Во 284 или 285 година пред Христа, Птолемеј Први го напуштил престолот во полза на својот син Птолемеј Втори (309-246 пред Христа). Птолемеј Втори војувал со македонската династија на Селевкидите (кои тогаш владееле со дел од Азија и за кои во продолжение подетално ќе пишуваме). Во негово време Египет доживеал силен економски и културен процут. Птолемеј Втори значително ја збогатил библиотеката во Александрија и  активно ја поддржувал уметноста. Притоа многу му помагала неговата сопруга Арсиноја (316-271 пред Христа), која имала големо влијание во неговото владеење.

Птолемеј Втори бил наследен од својот син Птолемеј Трети (околу 282-221 пред Христа). Тој успеал да ја припои Киренајка кон Египет. Исто како и неговиот татко, и тој ја збогатил библиотеката во Александрија и ја поддр-жувал уметноста. Во негово време економијата на Египет доживеала уште поголем процут.

Потоа на власт дошол Птолемеј Четврти, чија сопруга исто се викала Арсиноја. Тој не владеел долго и бил наследен од својот син Птолемеј Петти, кој формално дошол на власт по смртта на својот татко, кога имал само пет години. Тогаш практично власта во Египет била во рацете на корумпираните министри на Птолемеј Четврти, што довело до последици по државата. Птолемеј Петти имал сестра, по име Арсиноја (Трета). Користејќи ја ваквата состојба и таа посакала да дојде на власт. Но, во тоа не успеала бидејќи била убиена веројатно по налог на корумпираните министри. Практично Птолемеј Петти бил само формален владетел на Египет. Кога наполнил шеснаесет години, бил оженет со Клеопатра Прва, која била ќерка на Антиох Трети, македонски крал од династијата на Селевкидите. Во бракот со Клеопатра Прва му се родиле два сина. Птолемеј Петти умрел на возраст од дваесет и осум години. Се смета дека бил отруен. Бил наследен од својот син Птолемеј Шести, кој исто така имал само пет години кога умрел неговиот татко.

Птолемеј Шести (околу 186 – 145 пред Христа) исто така немал среќа во владеењето со Египет. Тој војувал против Антиох Четврти (кралот на Селевкидите) при што бил заробен. Тогаш бил заменет од својот брат Птолемеј Седми. По падот на Антиох Четврти, Птолемеј Шести се вратил на престолот во Египет и заеднички владеел со својот брат Птолемеј Седми. Подоцна избил судир помеѓу нив.  Во 145 година пред Христа на власт во Египет дошол Птолемеј Осми, кој исто така бил син на Птолемеј Петти. Тој бил опишан  како суров владетел, иако вовел  либерални    реформи   во  религиозните   институции. Бил оженет со  Клеопатра Трета. Во бракот им се родиле два сина (Птолемеј Деветти и Птолемеј Десетти Александар) и три ќерки (Клеопатра Четврта, Клеопатра Трифена и Клеопатра Селена). Птолемеј Осми умрел во 116 година пред Христа. Престолот на Египет тогаш дошол во рацете на неговата жена Клеопатра Трета. Таа го форсирала својот помлад син Птoлемеј Десетти како нов владетел на Египет, иако граѓаните на Александрија повеќе сакале Птолемеј Деветти да им биде крал. Птолемеј Деветти прво бил поставен за гувернер на Кипар, но под притисок на граѓаните на Александрија, бил вратен да владее со Египет. Подоцна неговата мајка Клеопатра Трета го обвинила дека наводно подготвувал заговор против неа и повторно успеала да го испрати на Кипар. Наместо него, на престолот повторно дошол неговиот помлад брат Птолемеј Десетти. Клеопатра Трета умрела во 101 година пред Христа. Птолемеј Десетти останал да владее со Египет како мошне непопуларен крал. Загинал во една битка во 88 година пред Христа. По неговата смрт, Птолемеј Деветти повторно се вратил од Кипар во Еипет и повторно станал крал. Тој владеел со Египет уште осум години, с# до својата смрт. Птолемеј Деветти имал два сина, но тие умреле како мали деца. Поради тоа, бил наследен на престолот од својата ќерка Клеопатра Береника. Според египетската традиција (според која секоја жена владетелка морала да има крај себе личност од машкиот пол за да може да владее) Клеопатра Береника била принудена да се омажи за својот братучед Птолемеј Единаесетти, кој бил  син на Птолемеј Десетти. Но, само по деветнаесет дена од свадбата Птолемеј Единаесетти ја убил својата сопруга Клеопатра Береника. Тоа ги разгневило граѓаните на Александрија, кои насилно влегле во кралскиот дворец и го убиле својот крал Птолемеј Единаесетти. Тогаш во Египет завладеал хаос. На престолот дошол Птолемеј Дванаесетти, кој бил син на Птолемеј Деветти  и кој владеел до својата смрт во 51 година пред Христа. Тој имал четири ќерки и два сина. Една од неговите ќерки била Клеопатра Седма. Тоа всушност е познатата  египетска кралица Клеопатра, чие име денес е познато во целиот свет!

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top