Историја

Ѓорѓе Влахов, родум од Кукуш – на Петар Карастојановиќ, генерален конзул на Кралството Србија во Солун

old-solun

old-solunДо Неговото Високо Прависходителство на Г-дин П. Карастојановиќ
српски Генерален Конзул
Во Градот

Ваше Високо Прависходителство,

Потпишаниот родум од [ Г.] Кукуш (Македонија) завршувајќи минатата година VII клас на Пловдиската Бугарска Гимназија, настојувам под влијанието на некои и други собитија кои што сум ги чул за Македонија и освен тоа од Македонските народни песни, карактери и обичаи, сакам од се` срце да отида во Србија и таму да можам да пристапам во училиштето; за тоа го молам Вашето Високо Прависходителство, ако е возможно да ме испратите во Србија да се учам, за што Ве уверувам притоа, дека следно кога ќе завршам образованието таму, се надевам е да допринесам во полза на своето.

Како што се надевам, ќе ми ја исполните скромната молба.

Останувам
Ваш Покорен Слуга: Г. Влахов
Во Град (Солун) 1888 г.
Март 21

(Извори – Оригинал – Архив Србије, МПс IV 27/1888; Граѓа за историјата на македонскиот народ од Архивот на Србија, том IV книга III,1888-1889)

Од ова се наметнуваат неколку факти:

1. И Ѓорѓи Влахов е VII клас на бугарската гимназија и очигледно меѓу избрканите (потврдува и брат му Димитар во своите мемоари), но за разлика од Панто Кондов, Влахов во писмото тој факт како да го затскрива и воопшто не го споменува.

2. Напротив тој кажува дека го завршил VII клас и дека сака да продолжи со учењето во Србија, а под влијание на се` што чул и знае за Македонија и нејзините посебности отсликани низ “Македонски народни песни, карактери и обичаи”.

3. Влахов наивно очекува Србија да му овозможи учење на македонски јазик, а без да спомне српски интерес во сето ова. И повеќе, го “уверува” конзулот дека кога ќе го завршел учењето ќе работел на “своето”, без да прецизира кое?! (претходно во реченицата јасно го нагласил како македонско, па истото се подразбира).

4. Никаде нема спомнато српски интерес (чувство) за да Влахов се здобие со правото Србите да му овозможат учење, освен во самиот крај кој ако не е чиста куртоазна флоскула може и инаку да се толкува од нив (“Ваш покорен Слуга”).

5. Наивно или не од Влахов, но ова јасно укажува дека Македонците имаат свест за етничка засебност која не им ја откриле или наметнале ниту Новаковиќ, ниту Карастојановиќ, ниту друг Србин – напротив, тие им ја наметнуваат на Србите како факт пред кој овие се замислуваат. Се` што следи од српска страна е невешта злоупотреба на истиот за свои цели. Како тоа се работи пак укажуваат следните писма од нивните преписки.

Превземено од: Македониум

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top