Дијаспора

Од патувањата по светот – Израел (2)

slave-katin

slave-katin
СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

(ДЕЛ ОД КНИГАТА „СВЕТОТ  НА  ДЛАНКА“)

ВО ГРАДОТ НА МЛАДОСТА – ТЕЛ АВИВ

Патувањето во Светата земја – Израел во вистин­ската смисла на зборот за нас претставуваше ретко до­жи­вување. Во литературата што ја прочитавме стои дека Израел за Евреите е Ветената земја од Гос­пода на Аврама и на неговите следбеници. Таа е наслед­ство во кое децата на Израел биле водени од Мој­сие по егзодусот од Египет и соединети во моќта на еврејската нација (Хибру), под водството на царот Да­вид и неговиот син Соломон. Таа е лулка на три големи монотеистички религии: еврејската, христијан­ската и муслиманската. Но, најважно за хрис­ти­јанскиот свет е тоа што Израел е родната земја на Исус Хрис­­тос и Светиот град каде што тој бил распнат на крст, потоа погребан и по три дена воскреснал.

Според библиските преданија од Стариот за­вет, првите доселувања на Евреите во Ветената зем­­ја – Канаан почнале околу 2.000 години пред Исус Хрис­тос. Тие биле номадски сточари од Месопо­тамија, од Долен Еуфрат и од други места. Нив ги до­нел патријархот Аврам. Меѓутоа, масовното до­се­лување на Евреите на овие простори почнало со на­пуштањето на Египет во 1580 година пред Христа под водство на Мојсеј, кој на Синајскиот Рид им ги дал Десетте Божји заповеди.

Еврејскиот народ постои уште од номадскиот пе­риод преку создавањето на првата др­жава на Евреите од 1030 до 930 година пред Христа, па преку нејзиното распаѓање, покорувањето­ на Евреите и нивната емиграција, до создавањето на еврејската држава која се реализира дури по Втората светска војна, на 14 мај 1948 година.

Денес Израел доживува своевидна револу­ција во својот развој. Во тоа се уверивме кога го видовме облагородувањето на пустинските предели, изград­бата на иригациони системи за наводнување, раз­војот на земјоделството, на машинската и на другите ин­дустрии. Исто така, таа има сличен подем во современата трансформација на градските урбани сре­дини кои претставуваат интересна симбиоза со бо­гатата историска ризница и библис­ките преданија. За одбележување е осо­бено тоа што веќе е во тек зелената револуција за освојување на нови пус­тин­ски предели и нивно претворање во не­пре­г­ледни зе­лени оази. Оттука и не случајно се вели де­ка оваа земја е вистинско чудо. Заслужува да се спо­мене дека како посебна содржина на живеење во Га­лилеја се и многубројните колективни населби со оп­штествена, приватна и колективна сопстве­ност. Најзастапени од нив се таканаречените кибуци, во кои се применува колективната организација на трудот, а и колективната сопственост. Денес во Изра­ел има повеќе од 300 кибуци кои почнале да се формираат пред Првата светска војна, со првите доселувања на голем број Евреи, особено од Русија. Тие се каракте­ризираат со заедничка сопственост над зем­јиш­тето и над средствата за производство и со  распределба според потре­бите на чле­но­вите на семејството и можностите на кибуцот. Дел од нив се формирани и под влијание на разни политички и верски организации.

tel-aviv-1

Местото каде ја допревме Светата земја – Из­раел беше најголемиот и најзначајниот, како за ци­ви­лен така и за воен транспорт, аеродромот „Бен Гу­рион“ во Тел Авив. Тој е најголемиот град во Израел, кој во последно време, од причини што во централното подрачје живеат  претежно  млади брачни па­ро­ви, а повозрасните се селат во предградието, е на­речен град на младоста.

Според податоците што ги добивме од домаќините, само во градското под­рачје на Тел Авив живеат околу 1.000.000 жители, а заедно со предградијата, тој има повеќе од 1.500.000. Тел Авив е подигнат на просторот до стариот град Јафа. За него се вели дека е град на амбасади, конзули, на разни други дипломатски претставништва и кан­це­ларии, на бизнис центри, на научни институции и на голем број луксузни хотели изградени по должината на Средоземното Море и на многу други важни ус­танови. Се досетиле умните Евреи да направат ка­мени брани во морето кои придонесуваат да се та­ложи ситен кристален и убав песок на брегот, ка­де е изградена патека за џогерите и огромни плажи за туристите. Сето тоа наликува на плажата Копа­кабана во Рио де Жанеиро.

Тел Авив не е граден по некој одреден урбанистички план, затоа во него се среќаваат различни архитектонски стилови. Осо­бено брзо се градени станбените згради за новодој­ден­ците, по 1948 година. Денес, куќите се претежно од три до пет ката, а се чини дека кулата „Шалом“ е највисока меѓу градбите и стрчи во прос­то­рот.

Исто така, Тел Авив е голем културен и спорт­ски центар. Во него со успех работи еден од најпознатите свет­­ски симфониски оркестри, Израелската фил­хармонија, како и познатиот театар Хабиман. Меѓутоа, Музејот за еврејската дијаспора има по­себно место во севкупното национално и културно жи­веење, не само на Тел Авив, туку воопшто за Евреите во Израел и ширум светот.

tel-aviv-2
Вака се брани Тел Авив

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top