Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (24 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со јазикот

Во ова поглавие ќе изнесеме податоци за некои од современите пишувања на западни автори во врска со јазикот на античките Македонци. Исто така (заради компаративен преглед) ќе наведеме и неколку факти (сведоштва од антички извори) во врска со карактерот на овој јазик.

Во книгата на Бернард Рандел под наслов “Александар Македонски – Велики” (Њујорк, 2004), читаме една бесмислица во врска со јазикот на античките Македонци:

“Македонскиот јазик бил сроден со грчкот, но јужните соседи на Македонците не можеле да го разберат.” (на наглиски: “The Macedonian language was related to Greek, but Macedonian southern neighbours, would not have understood it “).

И други автори пишуваат дека македонскиот јазик бил “сличен на грчкиот”, што значи дека Македонците биле “Грци”. За да ги негираме ваквите тврдења ќе ги повикаме на помош самите антички грчки и други автори, кои сосема јасно пишувале дека македонскиот јазик бил посебен јазик од грчкиот и дека Македонците не го разбирале грчкиот јазик и обратно. За овој факт постојат повеќе сведоштва од древ¬ните историчари.

Античкиот грчки историчар Плутарх, опишувајќи една расправија помеѓу Александар Македонски и еден негов пријател, во својата биографија за Александар Македонски во 53-та глава, запишал дека Александар: “скокнал на нозе и почнал на македонски да ги довикува своите штитоносци.” (Плутарх: Александар Македонски, Скопје, 1994).

Дека античките Македонци зборувале на засебен македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф. (Квинтиј Куртиј Руф: Историја на Александар Македонски, во превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година).

Позната е случката кога било судењето на Македонецот Филота, кој подготвувал заговор за убиство на Александар Македонски. Заговорот бил откриен и Филота бил јавно испрашуван лично од страна на Александар.

Квинтиј Куртиј Руф, опишувајќи ја оваа случка, сосема јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик. Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски,во која, тој обрнувајќи им се на Македонците во прво лице множина, го споменува (цитат): “мајчиниот” и “нашиот јазик”. Квинтиј Куртиј Руф дури пишува и дека Македонците и Грците тогаш комуницирале преку преведувачи.

Доказ за засебноста на македонскиот јазик има и во еден пронајден фрагмент од папирус, за кој се сметало дека претставува дел од изгубеното дело под наслов “Историја на наследниците” од древниот грчки историчар Аријан. Во овој папирус ( XII.1284), спомната е една епизода од древно-македонската историја во која е јасно потенцирана засебноста на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и на Александар Македонски, по име Евмен (цитат): “…испратил напред еден човек, по име Ксение, кој зборувал македонски (на англиски преведено како: “who was Macedonian in speech“)… за да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој настан се случил околу 321 година пред Христа.

Доказ дека Македонците не зборувале грчки е и нарекувањето на Македонците како “барбари” од страна на Грците.

 Веќе спомнавме дека големиот атински говорник Демостен во своето дело “Филипики” за Филип Втори Македонски рекол дека е “барбарин”.

Се поставува прашањето: зошто Демостен го нарекол Филипа “барбарин”? Што значел овој термин во антиката? Научниците се речиси едногласни кога тврдат дека терминот “барбарин” во антиката главно се однесувал за луѓе кои зборувале на неразбирлив јазик за Грците со доза на потценување кон нивната култура. Значи, сите народи кои не зборувале грчки, Грците ги нарекувале “барбари”, додека помеѓу себе Грците си се нарекувале “ксенои”.

Демостен не бил единствениот Грк, кој вака ги нарекол Македонците. И античкиот грчки историчар Исократ ги нарекол Македонците “барбари”, а таков бил случајот и со Гркот Тразимах во 5 век пред Христа (D-r Synthia Syndor Slowikowski: “Sport and Culture in the Ancient Mace¬donian Society, The Pennsylvania State University, 1988, стр. 30). Во својот говор за Ларисјаните, Тразимах го нарекол македонскиот крал Архелај како “барбарин” во однос на Грците Ларисјани (Тукидид 2,8,1. Исократ 5.108 и Климент Александриски 6.2.17).

Авторката Ема Станфорд во својата книга “Античка Грција, живот, митови и уметност” (цит. дело), пишува:

“Грчкиот јазик бил основен за Грците за да можат себеси да се дефинираат како поинакви од барбарите, на чиј ба-ба-ба јазик им се потсмевале.”

Во книгата “Античка Грција” (цит. дело) од авторот Шон Шехан на стр. 28 пишува дека терминот “барбари” бил употребуван во антиката од страна на грчките автори за означување на сите негрчки народи, т.е. за сите луѓе кои не зборувале грчки.

Дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот пишуваат и многу подоцнежни и современи автори. Дури и во “Историјата на Грција”, од авторот Џорџ Герот, објавена во Лондон во 19 век, пишува дека македонскиот јазик бил различен од грчкиот (“History of Greece” by George Gerote, Vol.II, third edition, London, John Murray, Albemarle Street, дел 2, стр. 14 и 15).

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top