Историја

Последните воздишки на субсахарците

alexander-the-great

alexander-the-great

Балканот се уште е заложник на мракот од минатото. Голем дел од неговите државни ентитети живеат под страв од македонското постоење и македонското воздигнување. Впрочем, така и ги поминаа вековите наназад. Опседнати од македонизмот, настојуваа трајно да го збришат македонскиот дух, не само од пишаните хартии, туку и од душата и умот на секој оној кој се чувствува како Македонец. Дека не успеаја во злобните намери е евидентно, но тоа што и натаму продолжуваат тенденциозно да го градат својот хистеричен и шизофреничен однос кон Македонија и Македонците е предмет на длабока психолошко-трауматолошка анализа. Доказите за постоењето на македонштината во нас и нашите предци растат секој ден. Несоборливи се наодите кои вистинските патриоти му ги презентираат на светот.

Паѓа моќта на грчката држава, се кине превезот ставен врз лажното лице на Атина

Се сторија, се направија, само за да му покажат на светот некакви квазидокази и фалсификувани факти дека на Балканот нема повеќе Македонци. Во ниту еден дел од светската историја, не постои досега запис дека цел еден народ изумрел и го снемало од земјените простори.

Првите археолошки истражувања во Егејскиот дел од Македонија од страна на Грција беа направени пред триесетина години. Дотогаш местата само ги евидентираа. Грчките археолози кога го пронајдоа сонцето во Филиповата гробница напишаа дека станува збор за стара и типична македонска култура, високоразвиена и афтохтона. Потоа, Грците почнаа да ги извитоперуваат наодите. Дека Грција нема факти во обидот да ја обезличи македонската древност, говорат и стотиците други археолошки наоѓалишта на целата територија на етничка Македонија. Во сите од нив има белези и автентични остатоци од античко време. Тоа се населби и градови што ги подигнувале луѓето и војниците на Александар Македонски.

А, дека не сме само ние Македонците тие што за себе кажуваме кои сме, што сме и од каде сме, говорат и следниве изјази, размислувања и ставови искажани токму од Грци. Голем дел од нив уште во древното минато знаеле и зборувале за различноста меѓу Македонците и Грците во секоја смисла на зборот ( етничка, јазична, културолошка, традиционална и сл.) Но, има дел и од денешните Грци кои размислуваат поинаку од крутите шовинистички политички структури во Атина. Тие ги повикуваат конзервативните струи да го прифатат постоењето на македонската нација на македонската територија која по ништо не е грчка, туку автентично македонска.

“Мора да сфатиме дека Македонци постојат и надвор од Грција. Грчките Македонци ќе сфатат дека кон крајот на 19 век се оформи нова нација, нов ентитет во земјата позната како Македонија, а тој едноставно не е грчки ентитет. Верувам дека Македонците без никаков друг атрибут со тек на времето ќе бидат сфатени, но грчките Македонци кои сметаат дека се Грци треба да сторат напор, како и меѓународните фактори. Мислам дека многу други наоди и многу малцинства треба да формираат сојуз и да ги научат Грците што значи да се биде малцинство и колкаво богатство е соживотот со малцинствата.”

Григорис Валијанатос, поранешен советник на лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу:

“Хелените се перчат пред Македонците како полубогови среде диви ѕверови”

~ Плутарх, грчки историчар и филозоф

“Тие љубеле да се нарекуваат Македонци, што всушност и биле”

~ Павсаниј, древен грчки писател

Александар Македонски

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top