Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (25 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со јазикот

Таткото на историјата Херодот, за населението во македонската област Крестонија пишува дека зборувало на јазик, кој бил неразбирлив за сите околни народи. Ова е уште еден доказ за разликите меѓу македонскиот и грчкиот јазик.

Некои од современите западни автори и истражувачи на античко-македонската историја, како, на пример, Артур Вајгал, сосема коректно тврдат дека античко-македонскиот јазик бил толку различен од  тогашниот грчки, што обичните антички Македонци не разбирале ниту еден единствен збор од грчкиот јазик (Artur Vajgal: Александар Македонски, во превод на македонски, Скопје,1992).

Што се однесува до старогрчкиот јазик, во книгата на Натанаил Харис  сепак коректно е презентиран фактот дека по доаѓањето на Грците на Балканот, тие  примиле голем број зборови од јазикот на балканските староседелци. Овде читаме:

“Речиси сигурно дека покорувањето и асимилирањето на негрчките жители, може да се потврди од присуството на бројни непознати и туѓи зборови во грчкиот јазик” (на англиски:  “Almost certainly conquering and absorbing the non-Greek inhabitians, whose existence can be inferred from the presence of a number of unknown alien words in the Greek language”).

Меѓутоа во продолжение на својата книга (стр. 100) Харис, пишувајќи за Библиотеката во Александрија, погрешно тврди дека книгите во оваа библиотека биле пишувани на “грчки јазик”. 

Слично пишува и на стр. 101, каде читаме дека владетелот Птолемеј Втори (кој инаку бил Македонец по род) наредил да се регистираат настаните на “грчки јазик” од страна на неговиот висок свештеник Мането (на англиски: “Ptolemy II had ordered records made in (or translated in to) Greek, including the history of his own kingdom by the Egyptian high priest Manetho”).

На истата страница во врска со заслугите на споменатиот Мането читаме:

“Тој исто така дал придонес и во грчкиот превод на Стариот Завет, наречен Септуагинта, според седумдесет и двајцата учени, за кои се смета дека Птолемеј ги довел од Ерусалим и ги однел да работат на островот Фарос”. (на англиски: ” He also credited with arranging for the Greek translation of the Old Testament, called The Septuagent after  the 72 scholars Ptolemy is supposed to have  summoned from Jerusalem and set  to work on island of Pharos“).Познато е дека  голем број книги (папируси) во тоа време биле пишувани на јазикот коине, а не на класичниот старогрчки јазик. Јазикот коине, пак, претставувал мешавина од разни јазици  и тој бил прифатен како универзален јазик во империјата на Александар Македонски, а како таков продолжил да се развива и натаму.

Дека јазикот коине не бил ист со старогрчкот јазик ќе се послужиме со истражувањата на Александар Донски, објавени во неговата книга “Исус Христос и Македонците” (Штип, 2002 год.). Овде се наведени сведоштва до добри познавачи на тој јазик. Меѓу другото читаме дека денес научниците сметаат дека јазикот коине всушност бил еден вид есперанто во тоа време. Како илустрација за ова спомнато е пишувањето на д-р Чарлс Френсис Потер, кој инсистира на фактот дека јазикот коине не бил никаков “чист” грчки јазик, туку дека бил еден вид есперанто – мешавина од повеќе тогашни јазици. Во врска со ова д-р Потер пишува:

“…Коине (мешавина од различни јазици)… настанал како резултат на освојувањата на Александар Македонски на тогаш¬ниоот познат свет. Коине… бил заеднички или универзален јазик на тоа време, еден вид есперанто, што се употребувал во конверза¬цијата, во комерцијалата и во пишувањето со векови пред и по првиот век по Христа…” (Dr Charles Francis Poter: The Lost Years of Jesus Revealed; A Fawcett Gold Medal Book, Published by Ballantine Books, 1962, 1958, CBS Publications, r. 40).         Уште подециден е српскиот црковен историчар Веселиновиќ, кој во врска со карактерот на јазикот коине, уште во 1908 година, запишал:

 “Јазикот коине треба да го разликуваме од стариот класичен грчки јазик. Тој бил создаден во времето на Александар Велики како заеднички јазик за сите народи во Македонското царство. Бил наречен и како: заеднички или Александриски дијалект, бидејќи глав¬но се развивал во Александрија. На тој јазик било преведено Светото Писмо во времето на Птолемеј Филаделф…” (С. М. Веселиновиќ: Лекције из Светог Писма – Законске књиге Старог Завета, Београд, Нова штампарија Давидовиќ, Дечанска 14, 1908 год. стр. 17-18).

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Илјадници наши иселеници летово во Македонија

Фиданка Танаскова Посети и дружење за незаборав Д-р Ицо Најдовски Перин од Мелбурн помина два месеца во родната земја, исполнети со средби, патувања и дружење. Летово, во своја Македонија, на балканската крстосница во јужниот дел на Европа, допатуваа илјадници наши сонародници од различни генерации, кои низ годините заминале на разни страни од светот. Оживеаја многу […]

Градот Мелбурн им се извини на Македонците

Градскиот совет ги покани македонските играорци повторно да настапат на парадата Мумба во 2027 година, со дозвола да го истакнат знамето со Ѕвездата од Кутлеш.   Градот Мелбурн на 16 ноември 2026 година официјално ѝ се извини на македонско-австралиската заедница поради одлуката со која во март на македонските учесници на парадата Мумба им беше забрането […]

Мито Алексовски од Полска во 2010 година: Името Македонија му припаѓа на македонскиот народ

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а, ни на било која партија. Тоа се сопствености на целиот македонски народ. Исто така тоа не е стока за продавање и не постои  начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник […]

Се одржа Јубилејна „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип

Јубилејната „Егејска вечер“ и семакедонската средба во Штип ги собраа Македонците од Грција, Бугарија и Албанија, како и Македонците од Егејска Македонија кои денес живеат во Република Македонија. Од средбата беше упатена порака за зачувување на македонскиот идентитет, поцврсти врски меѓу заедниците и поголемо внимание од институциите кон нивните права. Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на […]

Апел на Друштвото на Македонците во Полска од 28 мај 1994 година

Друштво на Македонците во Полска Гдањск, 28 мај 1994 година До Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија АПЕЛ Ние, Македонци – бегалци од егејскиот дел на Македонија, здружени во Друштвото на Македонците во Полска, апелираме до Претседателот, Владата и Парламентот на Република Македонија да не се откажуваат од името „Република Македонија“, знамето, сонцето – […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

Македонската црква Свети Кирил и Методиј во Чикаго

Македонската православна црква „Свети Кирил и Методиј“ во Чикаго е духовно собиралиште на македонските иселеници и место за зачувување на православната вера, македонскиот јазик и традициите од татковината. Во далечната 1979 година, Македонците од Чикаго го направиле првиот поголем чекор кон остварувањето на својот сон – купиле постара црква во Бервин, Илиноис, и веднаш започнале […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

To top