Дијаспора

Бранислав Синадиновски прво ја фалсификува вистината за основањето на ВМРО-ДПМНЕ, а сега се нарече Албанец!?

janko-tomov-3

janko-tomov-3
Пишува: Јанко ТОМОВ

7 Септември, 2014 година, Бризбен

Почитуван господине Синадиновски,

Благодарам за читањето на мојата статија во „Македонска нација“: “Богдановски е идеологот на ВМРО-ДПМНЕ” и за вашиот одзив на моето барање, до моите читатели, односно пријатели на кои преку интернет им доставувам национално-политички  материјали, за да ме информираат за сознанија околу активноста на Драган Богдановски за основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Од вашиот одговор, не можев да искористам ништо, што би се однесувало за историската вистина, а гласи:

“Сте испуштиеле се` што не ви одговара, односно ви причинувало задоволство за да избегнете или да замижете пред многу факти. Секако ваше право“.

Поздрав, Проф. Др. Бранислав Синадиновски  (7 Септември 2012)

Господине Синадиновски, вас не Ве познавам лично и немам никакви документи или информации за вашата активност во основањето на ДПМНЕ, односно ВМРО-ДПМНЕ, како во дијаспората така и во Република Македонија. 

Ве молам, господине Синадиновски да ми кажете, што е пишувано во вашите книги за ВМРО-ДПМНЕ, за мене Јанко и за Координативното тело за дијаспората? Сигурно не Ви се давани или намерно испуштени документи, од нашите активности во  дијаспората-Австралија, Европа, Америка, Канада, посебно за непосредните денови на основањето на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината активност во процесите за првите плуралистички избори во Македонија. За вашето претставување за еден од идеолозите на оваа партија во наредните мои теми околу ВМРО-ДПМНЕ, македонската стручна и патриотска јавност ќе има прилика да ја запознае вистината за идеологот Драган Богдановски и за формирањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Со моите пријатели, со кои соработував, а со некои се` уште соработувам во последните  4 децении, во иселеништвото, повеќето од нив лидери на македонски национално политички организации од дијаспората, Драган Богдановски, Панко Стамакоски, Михаил Шариновски-Солунски, Крсто Шкодров, Крсто Јенчев Димитров, со Мане Јаковлески (од „Македонска нација“), кој е се` уште патриотски активен и неговиот брат Гојко Јаковлески, ниту еден, ама баш ниту еден не ми спомнал или поточно не ми посочил ниту еден докумет за вашето тврдење дека сте основач или  дека сте идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, или дека сте имале некоја активност во минатото поврзана со македонското патриотско движење во Македонија или дијаспората.

Јас сум еден од таквите патриоти, кои имаат искуство, во услови на добри, а и со лоши  соработки со активисти, а посебно со видни активисти и автори на повеќе патриотски и историски дела. Според тоа, тешко е да се одлучам брзо, без да дадам шанса да се корегираат или изјаснат, тие мои бивши пријатели или соработници, кога се однесува за многу важни настани поврзани со вистината за минатите активисти на македонското движење. 

Од вас Синадиновски барам, да бидете попрецизни во изјавите и пишувањата, во вашите статии и книги, кога се однесува за главните настани, како што е основањето и идеологијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сигурно е едно Господине Синадиновски, дека оснивачите на ВМРО-ДПМНЕ не вредат ништо без нивните претходни активности во ОКМ, ДОМ, ДООМ и други македонски движења, во дијаспората и во Македонија, до самото основње на ВМРО-ДПМНЕ и внесување на партијата од дијаспората во Република Македонија.

Не е можно, покрај  сите етички правила и правила на организационото поставување на една демократска партија, да се претставуваат пред народот и пред македонската историја како идеолози на ВМРО-ДПМНЕ, лица или случајни патриоти, кои зад себе немаат ама баш ништо видно или конкретно направено за македонската кауза. Да, кога се однесува за основањето на ВМРО-ДПМНЕ и формирањето ограноци во Република Македонија од деведесетта година наваму, навистина имаат дадено свој голем  допринос.

Сигурно е едно, да немаше ОКМ, ДОМ и ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) и да не беше единствениот идеолог Драган Богдановски на чело на Македонската патриотска дијаспора, немаше да има ниту ВМРО-ДПМНЕ, а можеби немаше да имаме ниту самостојна држава Македонија.

Ова Вам што ви го пишувам, е наменето и за останатите автори на национално политички македонски дела кои си припишуваат заслуги демек тие се идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ. За да се одржи и напредува македонскиот народ и Република Македонија, треба сите оние кои се надарени за пишување на стручни и научни дела, за Македонците и за Македонија, да се придржуваат стриктно кон вистината и со аргументи, зошто вистината на крај победува.

Ние поедини Македонци од дијаспората, покрај драгоцената патриотска практична  психо-физичка активност за македонската кауза, се “отепавме” и од пишување на македонски дела, се` со цел да и` помогнеме на Република Македонија, да се афирмира и да просперира, пред Македонците и пред целиот свет. Што добивме од тоа? Добивме поедини личности со куси погледи за Македонското дело, како што се погрешните одбраници на покојниот Драган Богдановски, кој ги постави за лидери на ВМРО-ДПМНЕ во Република Македонија, да ги игнорираат и негираат нашите дела и делата на идеологот Драган Богдановски.

Нели и Вие Браниславе Синадиновски бевте во конфликт извесно време, со Љубчо Георгиевски, во врска со финансиски нерасчистени работи, околу некоја ваша книга?! Тие кои имаат криминални активности и кои се збогатија на сметка на народот и на партијата не заслужуваат поддршка, туку треба да се казнат, за пример на идните генерации такво нешто да не прават.

Ние патриотите во дијаспората скоро сите средства што ги печалиме сме ги вложувале и се` уште ги вложуваме за меѓусебни договарања, преку телефони, пишување, печатење и промоции на македонски дела и многу други активности, се` за  македонската кауза и еве не` продолжуваме и не се откажавме од нашето македонско потекло. Вие господине Синадиновски се откажавте заради пари и лична корист, срам за Вас господине Синадиновски, а со вашето однесување нанесовте голем срам за Македонија.

Македонија вечна, АМИН!

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top