Историја

Надворешно политичката активност на ТМОРО за време на Илинденското востание

zname-ohrid-cheta-peter-chaulev

zname-ohrid-cheta-peter-chaulev

Надворешнополитичката активност на ТМОРО за време на востанието претставува битен момент, не само поради пропагандниот ефект и запознавањето на јавноста на Европа со ситуацијата во Македонија, туку и поради тоа што го поставува прашањето за меѓународното признавање на Организацијата и нејзината борба, а преку тоа и за меѓународно-правно субјективизирање на нејзината борба.

Од друга страна, надворешнополитичката комуникација на ТМОРО, пред се`, документите што се упатени до големите сили, претставува и негација на “настојувањето на бугарскиот двор да му придаде на ослободителното движење во Македонија пробугарски карактер. Наедно, со овие интервенции, бугарската дипломатија е исклучена од воспоставувањето односи меѓу Македонија и европските држави, т.е. таа се исклучува од тогашните и идните евентуални преговори во врска со промената на статусот на државно-правната положба на Македонија”.

Преку активноста на ТМОРО на меѓународен план, се поставува барањето за признавање на статусот на завојувана страна на востаниците. На тој начин, “македонските востаници со ова ја истакнаа наедно и потребата дека само нивните претставници можат непосредно да стапуваат во меѓународни односи по повод и во врска со решавањето на македонското прашање, независно од тоа што во овој период Македонија не е конституирана како посебна држава”. Во барањето да им се признае статусот на завојувана страна, востаниците “својот субјективитет го изведуваат врз основа на тоа што тие го отфрлиле суверенитетот на султановата врвна власт во овој дел на Турција, прогласувајќи востаничка држава, односно, формирајќи нова држава”. Турција одби да ги признае вооружените востанички формации како завојувана страна, а Организацијата остана и без очекуваната поддршка од големите сили. Тоа повлекува, практично, одврзани раце на Турција своите “внатрешни” проблеми да ги решава на свој начин, што подразбира невидени крвави репресалии и ѕверства. 

Makedonski-dokumenti
Извор: Македонско братство

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top