Македонски легенди

Костадин Молеров

1876-1957 Kostadin Kocho Molerov

1876-1957 Kostadin Kocho MolerovКостадин Молеров (Банско, 18. XI. 1876 – Софија, 24. X. 1957) е собирач на македонско народно творештво, поет и револуционер. Како деец на Македонската револуционерна организација учествува во аферата Мис Стон, го организира пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ и учествува во Илинденското востание. Автор е на некои песни од стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“, објавена со брат му Димитар. Со него развиле богата собирачка дејност и заедно објавуваат „Народописни материјали од Разлошко“.

Костадин Георгиев Молеров е роден на 18 ноември 1876 година во Банско, Пиринска Македонија, во познато семејство. Син е на Георги Молеров и внук на Симеон Димитров Молеров, познати живописци од големиот род на Молерови. Костадин се школува во Серез и во Солунската гимназија, која ја завршил во 1896 година. Истата година станал и член на Македонската револуционерна организација и директно се вклучил во борбите за слободна Македонија.

По завршувањето на гимназијата, учителствува во Лом и во Банско. Во  учебната 1897/1898 година, тој учителствува во родното место, каде развива револуционерна дејност. Особено овие активности се зголемуваат по формирањето на Револуционерниот комитет во Банско, во 1897 година. Костадин Молеров како секретар на Револуционерниот комитет го организирал пренесувањето на оружјето за Серскиот револуционерен округ.

Во 1889 година бил уапсен од турските власти и затворен во Куршумли ан во Скопје. По ослободувањето во 1900 година, Костадин се враќа во Банско, каде повторно застанува на чело на револуционерниот комитет и ја продолжува својата револуционерна активност. Во текот на 1901 година учествува во аферата „Мис Стон“, а во 1902 година, прогонет од властите се префрла во Бугарија, каде го предводи пунктот на Македонската револуционерна организација во Лаџане (денешен Велинград).

Во текот на Илинденското востание 1903 година, Костадин Молеров предводи чета во Разлошко. Тој е член на Разлошкото реонско раководство заедно со Димитар Лазаров Тодев и Антон Шипков. По угушувањето на востанието, Костадин повторно се префрла во Бугарија, каде ја започнува својата литературна дејност. Познат е уште како Кочо Молеров или Суодолски.

Под псевдонимот К. Суодолски му помага на братот Димитар Молеров во уредувањето на литературно списание „Ајдучка ливада“, кое периодично излегува во текот 1903 година во Софија. Во него се објавувааат раскази и поеми од животот на македонските револуционери, како и сторијата „По грабнувањето на Мис Стон“ од Димитар Молеров.

Во текот на 1904 година Костадин Молеров се враќа на чело на четата, но потоа се повлекува од револуционерната дејност и заминува на студии во Швајцарија. Во 1908 гоздина завршува социологија во Лозана, по што се враќа во Бугарија и предава во Враца, Дупница и Сливен.

Во 1912 година Костадин учествува во Првата балканска војна како војвода на партизанска чета на Македонско-одринското ополчение. Учествува во ослободувањето на Разлог, а по Првата Светска Војна се враќа во Банско каде работи како директор на месното училиште.

Мошне значаен историски и литературен документ, претставува „Ајдучкиот дневник“ на Кочо Молеров. Во него, покрај настаните, тој ги опишувал страдањата, несреќата, самотијата, стравовите и надежта на учесниците во борбата за слобода на Македонија.  

Кочо Молеров е автор на некои песни од стихозбирката „Жална ми бабо, послушај“, објавена со брат му Димитар, со кого развиле богата собирачка дејност. Тие собираат народни песни, гатанки, поговорки, приказни и друг фолклорен материјал, кои ги обработуваат, споредуваат, го класифицираат и публикуваат.  

Во 1933 година Кочо Молеров публикува материјали за родното село во списанието за наука, литература и општествен живот „Македонски преглед“ кој го издава Македонскиот научен институт во Софија. Во 1954 година двајцата браќа издаваат зборник „Народописни материјали од Разлошко“ во кој е дадена историјата на Банско, опис на Разлошкиот говор и биографии на одредени личности. Меѓутоа, во творештвото на двјцата браќа, во преден план од секогаш била татковината и борбата за нејзино ослободување.

Костадин (Кочо) Молеров умира на 24 октомври 1957 година во Софија.

kostadin-molerov

Тихомир Каранфилов

Најново од: Македонски легенди

Димитар Влахов – живот посветен на македонското прашање

Димитар Влахов (1878–1953) е македонски револуционер, публицист, дипломат и државник, една од значајните личности во македонската национална и политичка историја. Неговиот животен пат ги поврзува револуционерните борби од крајот на XIX век, настојувањата за ослободување и обединување на Македонија и создавањето на современата македонска држава. Има луѓе што живеат во историјата и луѓе што учествуваат […]

Наде Проева

Наде Проева (9. IX 1949 – 6. XI 2024) е македонски историчар, универзитетски професор, научник со светско реноме и борец за македонската кауза. Таа е истражувач кој ја афирмираше античката историја на Македонија, која долго време бил запоставувана. Оставила длабока трага во македонската и светската историографија. Наде Проева е родена на 9 септември 1949 година […]

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса загина за вистината

Романската монахиња Херувима (Светлана Михаела Танаса, 1969–1998) студирала класични јазици во Јаши и ги проучувала делата на свети Јован Златоуст. Се упокоила на 8 ноември 1998 година, на 29-годишна возраст, и била погребана во манастирот Петру Вода во Романија. Во 1995 година добила стипендија од Фондацијата „Сорос“ за магистерски студии по средновековна историја на Централноевропскиот […]

Тома Прошев

Тома Прошев е роден на 10 ноември 1931 година во Скопје, а починал на 12 септември 1996 година на хрватскиот остров Зларин. Тома Прошев е Македонски композитор, диригент и музиколог, еден од најистакнатите автори на македонската современа музика и меѓу првите композитори што внеле нов звук во македонското музичко творештво. Гимназија завршил во родниот град. […]

Никола Беровски – големиот учител на Македонците во Албанија

Никола Беровски е роден во 1923 година во Битола, а починал во 1993 година во Тирана, Албанија. Има луѓе чие дело продолжува да живее во генерациите што ги описмениле, во книгите што ги оставиле и во јазикот што помогнале да се зачува. Меѓу нив е Никола Беровски, македонскиот учител, учебникар и преведувач кој својот работен […]

Бранко Гапо – великан на македонската кинематографија

Бранко Гапо (5 ноември 1931 – 18 ноември 2008) е еден од најзначајните македонски режисери. Со своето богато филмско творештво, како и со работата во театарот, телевизијата и радиото, оставил длабока трага во македонската култура. Роден е како Бранко Ивановски на 5 ноември 1931 година во Тетово. Неговата љубов кон филмот се развила уште во […]

Владо Черноземски – живот меѓу револуционерното подземје и Марсејскиот атентат

Владо Черноземски е роден на 19 октомври 1897 година во селото Каменица, денес дел од Велинград, Бугарија, Владо Черноземски загинал на 9 октомври 1934 година во Марсеј, Франција. Неговото вистинско име било Величко Димитров Керин. Како член на ВМРО, најнапред во времето на Тодор Александров, а потоа во организацијата предводена од Иван Михајлов, останал запаметен […]

Јордан Костадинов – борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија

Јордан Костадинов (9 ноември 1932 – 23 август 2019) бил борец за националните права на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, политички затвореник и еден од основачите и претседател на ОМО „Илинден“. Поради своето дејствување, двапати бил затворан од бугарските власти. Јордан Костадинов Иванов е роден на 9 ноември 1932 година во селото Белица, преименувано […]

To top