Дијаспора

Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (34 дел)

anticka-istorija-janko-tomov

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишување во врска со културата

Исто е и со музичката скала, која била измислена од Фригијците, а дури подоцна била прифатена од Грците (Плин. Н.Х.ВИИ, 197). Диод. ИИ, 58, Плутарх: “Де мус.” 18).  (Подетално кај: Александар Донски “Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – прв дел фолклорни елементи”, Штип, 2002 година).

Во книгата на Фиона Мекдоналд (цит. дело), авторката го користи терминот “хеленистичка ера” за мешаната македонска, грчка и друга балканска култура. За значењето на овој термин веќе објаснивме претходно во книгава.

Во книгата на Шон Шехан (цит. дело) пренесена е една констатација во врска со спортската култура. Овде читаме:

 “Грците биле горди кон нивната љубов кон атлетиката и натпреварувачките настапи. Тоа им била традиција која се протегаше дури до херојските времиња, опишани од Хомер и тоа е аспект на грчката цивилизација што одигра големо влијание на нашево време. Во главните атлетски натпревари биле привлекувани учесници од целиот грчки свет, а посебно на Олимписките игри во Елис на Пелопонез и на Питиските игри во Делфи”.

 Во врска со оваа  констатација ќе го кажеме следното.

 Како прво не е спорно дека Грците и навистина имале љубов кон спортот, но не е точно дека таа нивна традиција се протегала до времињата што ги опишува Хомер (тоа е околу 12 век пред Христа) затоа што, едноставно, тогаш Грци не постоеле.

 Што се однесува до тврдењето дека  на атлетските натпревари биле привлекувани само учесници од “грчкиот свет”, тоа е точно и во оваа констатација јасно гледаме дека Македонија не е спомната како дел од тој “грчки свет”.

Пак ќе потсетиме дека на Македонците (како на не-грчки народ) им било забранувано да учествуваат на грчките Олимписки игри. Веќе спомнавме дека авторот Улрих Вилкен (цит. дело) со право пишува дека за прв пат дури на Александар Први му било дозволено да учествува на грчките олимписки игри, иако отпрвин и тој бил одбиен, а подоцна, откако самиот го измислил своето наводно потекло од Херакле, му било дозволено да учествува, но само нему, а не и на Македонците.

Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор Словиковски (цит. дело), која е експерт за спортот во антиката, еве што пишува во врска со оваа тема:

“Александар во времето на 76 Олимпијада бил прогласен за “проксен” од страна на Атињаните. Таа титула Грците им ја давале на своите гости пријатели”.  (стр.. 46).

 Практично, самата титула “проксен” била давана на не-Грци, па штом истата ја добил Александар Први Македонски, тоа е најголем доказ дека тој не бил никаков Грк.

Таа докажува дека Александар Први Македонски не учествувал на Олимписките игри затоа што неговото име го нема во списокот на победниците, за разлика од тврдењето на Херодот. Таа докажува и дека во времето на дотичната Олимпијада Александар Први  бил престар за да учествува, а камо ли да биде победник во трката на околу 193 метри.

Во подолжение (стр. 51), таа пишува: “Грците не ги признавале Македонците како свои Хелени и Македонците не можеле нормално да учествуваат во панхеленските натпреварувања.”

 И понатаму: “…За време на владеењето на  Пердика Втори, македонската култура се уште не била подготвена за хеленизмот”. (стр. 62)…

Кога ги спомнавме Олимписките игри, да кажеме дека постојат се­риоз­ни претпоставки дека Олимписките игри прво биле создадени во Македонија. Американс­ката историчарка д-р Синдја Синдор Словиковски (цит. дело, стр. 71) потсетува дека, освен Хелените, и Маке­донците организирале свои олимписки игри. Таа пишува дека олимписките игри што ги воспоставил македонс­киот крал Архелај можеби биле постари од грчките, т.е. тие можеби прет­ста­вувале само обновување на некои древни македонски олимписки игри, чиј претходник бил некој архаичен македонски фестивал посветен на Зевс. Во врска со ова д-р Словиковски пишува:

Можно е дека некој многу стар фестивал посветен на Зевс бил обновен од Архелај… Епиграфас­ките податоци од хеленис­тичкиот период ни сугерираат дека постоеле раскошни прослави во сите македонски заед­ници во чест на Зевс во месецот Диос. Во таков случај  веројатно е  дека во чест на Зевс во Дион  постоел некој постар архаичен фестивал уште пред времето на Архелај”.

 Дали ќе се потврди или оспори оваа претпоставка ќе зависи од напредокот на археолошките ископувања во Македонија под Грција, кои с# уште недоволно напредуваат. Во врска со ова д-р Словиковски пишува

“Археологијата во Дион има напредувано само до римските слоеви, но ќе биде интересно да се открие дали навис­тина Архелај само ги обновил игрите што таму се одржувале”. (Исто, стр. 72).

 Значи идните откритија во Дион (доколу бидат коректно презенти­ра­ни) ќе покажат дали Македонците ги создале Олимпис­ките игри пред Грците.

Да закличиме дека културата на античкиоте Македонци кај западните автори главно е прикажувана како “грчка” или како “хеленистичка” (македонско-грчка), но се добива впечаток дека тоа најчесто е последица на некритичко препишување едни од други, без да бидат направени посериознои анализи. Кај оние западни автори, пак, кои имаат направено анализа на македонската култура (Борза) јасно е издвоена македонската од грчката култура и потенцирани се драстичните разлики.

Освен тоа, и многу балкански културни сегменти некритички  се прикажувани како “грчки”, без да се спомнат останатите балкански култури. Но, сметаме дека и тоа е последица на нектиричкото преповторување и препишување на едни автори од други на ваквите недокажани и лажни прогрчки стереотипи, без да се спроведе сопствено истражување. Меѓутоа, охрабрува сознанието дека се повеќе западни автори почнуваат да укажуваат на постоењето на ваквите стереотипи.

П р о д о л ж у в а

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top