Историја

Правила на Македонскиот Востанички Комитет – 1878 (1 дел)

Kresna Macedonian Uprising 1878

Kresna Macedonian Uprising 1878
Првата страница од Правилата на Кресненското Македонско востание од 1878

Преамбула

Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и` е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза: „Слобода или смрт“!

Меѓутоа, поради настаните и ослободувањето на голем број села од нашите востаници и вопијуштите потреби да се воведе еден ред во земјата каде што дејствуваат востаниците, решивме да поднесеме едни правила од Македонскиот востанички комитет, односно Устав, по кој сите ќе се управуваме и сите ќе ги исполнуваме додека не ја ослободиме целата наша татковина Македонија.

Целта на востанието во Македонија

The Stamp Of The Kresna Macedonian Uprising 1878
Печат на Кресненското Македонско востание од 1878

1. Востанието во Македонија, кое сега е уште локално, треба да се прошири низ цела Македонија.

2. Во востанието учествуваат луѓе од самата Македонија, кои се чувствуваат Македонци и ја сакаат слободата на својата татковина.

3. Во востанието можат да учествуваат и сите македонски жители, без разлика на вера и народност, стига да ја сакаат слободата.

4. Сите доброжелатели на Македонците од соседните и подалечните земји можат да учествуваат во Македонското востание, ако му се покоруваат на Македонскиот востанички комитет и искрено се залагаат за ослободување на Македонија.

5. Им се дозволува на таканаречените Благотворителни комитети надвор од Македонија да го помагаат востанието, меѓутоа главен предмет и грижа да им биде: собирање на парични помошти, оружје со принадлежностите, облека од секаков род и вид и со готовност да ги испраќаат во однапред определени места, за да се доставуваат на востаничкиот терен; исто така и храната (да се доставува б.р.) до востанатите места, ако тоа го бара нуждата, а посебно прехраната и облеката во оние места каде што селата и куќите се разорени или ќе бидат разорени.

6. Се повикуваат доброволците надвор од Македонија кој е вистински доброволец и вистински пожртвуван љубител на татковината и сочувственик на оние што страдаат, со својот труд и со својата пот, на сопствена издршка да дојде до местото каде што ќе се приклучи во редовите на востаниците и ќе му се даде оружје и се` што е нужно.

7. За мрзливците, крадците и арамолепците нема место меѓу македонските востаници, како што нема место на слични наемници, кои се покажаа силеџии рамни на турските башибозуци, од кои произлезе и произлегува големото беспокојство во народот. Такви доброволци не му се потребни на делото. Подобро е да си одат по своите места од каде што се дојдени и да си ги гледаат своите интереси.

8. Секој доброволец од каде и да е и каков и да е, нека си ги обуе опинците, да си оди мирно, спокојно, блародно и благодетно за насушниот леб што ќе му го дадат по патот до означеното место, и извршувајќи ги општите распоредби.

9. Нашата цел на Македонското востание не е никаква тајна. Таа е ослободувањето на Македонија, земјата на славните словенски просветители и учители Св. Кирил и Методиј, која со векови страда под турското иго. Затоа секој што не се бори за нејзиното ослободување, туку си прави своја сметка за него нема место во востанието.

10. Од сега во иднина секој доброволец, востаник и арамија е должен најнапред да дојде до Македонскиот востанички комитет на сопствен трошок, со пушка мартинка, со кама, со сабја или јатаган и со 100 куршуми, без да бара такви нешта од Востаничкиот комитет, кој се грижи за се` што е потребно за востанието. И тој што сака да испрати се` што е потребно за востанието, да го испраќа до главната управа на востанието, а не да го предава на приватни лица.

продолжува

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top