Култура и туризам

Кога момчето ќе стане на 17-18 години, тоа веќе е готово за годеж

melnik

Обичаи од Мелник

melnikКога момчето ќе стане на 17-18 години, тоа веќе е готово за годеж. Се договараат момчето и момата и тој ги праќа мајка му и татко му, сестра му и други поканети за годеж. Тие носат облека модерна, купена од Мелничката чаршија, преполнета со солунски стоки, чорапи и обувки. Момата ги дарува. На свекорот и свекрвата т.н. бохчалаци (подароците се завиткани во прекраска бовча зата се вика бохчалак). Таа ги содржи следниве дарови: риза, чорапи, крпа за лице. На другите годежници: чорапи плетени на рака, но мајсторски плетени, та изгледаат како нечепнати со рака. Сите присутни на годежот добиваат китки најмногу од цвеќето М’нѕурана- миризливо, со ситни сребрени ливчиња кое секоја мома го одгледува во саксија на своите прозорци.

Домашните на момчето отвораат дума за парична сума од страна на момата тука наречена трахума. Таа сума се плаќала во лири – од сто шеесет до двнаесет и пет најмалата, за најбедните моми. Ако некоја мома ја нема таа сума се собираат од блиските и купуваат јорган, душек, рокља. Многу си помагаа- вели информаторката баба Кераца на 108 години.

Свадба.  Една недела пред свадбата момчето заедно со другари оди кај момата, целува рака на дедото и на бабата (нејзините родители) и тие му ја даваат договорената трахуна во турски лири. Со таа сума момчето започнува трговија, си купува лозја итн.

Во четврток. Целото приќе на момата се извадува од сандаците и се наредува на оптегнати јажиња на големиот чардак со кој се карактеризираат мелничките куќи кои како поредени на скалест терен, поради специфичната положба на градот немаат дворови. Прикаската е богата – од материјали донесени во трговски врски. Се е везено на ѓерѓеф.

Во сабота започнуваат да свират чалгиите – со кемане и зурли. Момата во сабота оди на бања заедно со другарките, таа им плаќа, таму јадат, играат и се веселат.

Пак во сабота – се собираат десет ергени на коњи и одат кај невестата да го земат чеизот. Оделе на коњи, зашто во мелничките сокаци не можеле да минат каруца или пајтон. На враќање коњите се натоварени со големи шарени сандаци со приќето, младите пијат од шишињата и пеат.

Во недела – најнапред момчето се бричи со свирки од неговите другари. Потоа се облекува „а ла франга“ т.е. со евриопски костум шиен во Солун, а на некои побогати во Виена (како трговци на прочуеното мелничко вино, тие со каравани од камили го разнесувале виното до Виена, Солун, Серес, дури до Венеција, по море од Солун натаму). На главата младоженецот носел фес со црн пискул. На реверот од сакото –  бело цвеќе.

На невестата и` носеле: бела долга рокља, долги ракавици, чорапи, венец од бели цвеќиња „вало“ и бели обувки.

Специјални готвачи готвеле на огромните огништа во двете куќи. Мени: супа, месо со ориз, печено. Од слатките: пандишпан и реване. Кон четири часот по ручек сватовите тргнуваат пешки по момата. Кумот носи табла, свеќите се украсени со цвеќиња и панделки, жито, бомбони и пари – измешани за фрлање преку главите на младоженците при венчавањето во црквата. Чалгиите свират. Не пуштаат никого внатре во куќата на девојката, вратата е затворена додека не биде откупена од кумот. По венчавањето си одат во новата куќа со запалени свеќи во рацете. Има верување чија свеќа ќе угасне по патот, ќе умре. Исто има верување, ако во црквата се запали велото на невестата, ќе се случи несреќа.

На портата свекрвата и опашува на невестата престилка и и` става два леба под мишките. Свекрвата и невестата заедно ја мачкаат вратата со масло – се меѓу нив да врви како подмачкано, „по масло“. Утрото во понеделникот пијат блага ракија, ако невестата е чиста. Сите роднини идат со благи работи: пандишани, слатки, пијат црвена блага ракија и ја гледаат ризата. Се кршат стомни, шишиња, чаши. Ако невестата не е чиста ја качуваат на магаре и ја враќаат дома.

Во петок наутро одат кај мајка и и таму таа си ја мие главата и преспива во саботата кога иде момчето. Во недела одат во црквата, потоа прават посети на три куќи, ручаат кај мајка и и си одат.

Информаторката на обичаите баба Кераца Попикономова – на 108 години, во 1951 година со совршено бистра памет и весело настроение ми раскажа за свадбите и за многу други подробности од стариот Мелник. Таа ми кажа дека името на Мелник произлегува од зборот „меленица“- воденица, какви што имало многу во околината на градот покрај брзата Мелничка река. Раскажувачката Кераца е сопруга на иконом Стојан Ѓауров, учител и свештеник долги години на многу места во некогашната турска империја, а исто така и во Мелник. За народнокорисната дејност пред 1912 година како истомисленик на идеите на Јане Сандански иконом Ѓауров платил со својот живот. На 13 октомври 1913 година тој е убиен од Турците што отстапувале кај месноста Грозни Дол на влезот на Малник, заедно со 26 души мелнички жители меѓу кои и единствениот прогресивен Грк – Манолис Кордопулос – истомисленик со Старикот. Големата реставрирана куќа – цитадела наречена Кородопулова, беше домот каде редовно Јане Сандански држел собранија со месното население. Една од собите во таа куќа било скривалиштето на Старикот многу успешно скриена зад долап со стакларија.

Од записите на Евгенија Несторова, бивша учителка во гимназијата во Сандански

Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top