Историја

Едмонд Бушие де Бел: „Очигледно е дека Македонците не се Грци“

la-macedoine-et-les-macedoniens

Александар Македонски

la-macedoine-et-les-macedoniensЕдмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија во Кондорсе, а потоа дипломирал на правниот факултет. Како  доктор по право, бил висок финансиски службеник во Париз, советник во Министерството за финансии, а во текот на Првата Светска Војна заземал видно место во Главниот штаб на француската Источна армија на Балканот.

По доаѓањето на Солунскиот фронт, Едмонд Бушие де Бел имал можност повеќе време да престојува на Завојот на река Црна, каде останува шест месеци. Потоа го следи движењето на Армијата кај Островското Езеро, во Лерин, Битола, во Прилеп и Скопје, каде што завршува и неговиот животен пат. Умира во Скопје на 20 октомври 1918 година.

Едмонд Бушие де Бел во тоа време напишал книга за Македонија и Македонците, која по неговата смрт е печатена во Париз во 1922 година под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens”, (Раriѕ 1922, 80, IV. 303). Книгата на Едмонд Бушие де Бел, која се појавува од печат, четири години по неговата смрт, наградена е од Француската академија на науките. Денес, кога Грција и` го оспорува правото на Македонија за користење на името, книгата на Едмонд Бушие де Бел е интересна и значајна од повеќе аспекти.

Согледувајќи дека Македонија уште долго време ќе биде предмет на внимание на Европа, Едмонд Бушие де Бел се обидува да даде свое решение за македонското прашање. Врз основа на личните опсервации и искуства стекнати за време на престојот во Македонија тој во своите записи ќе констатира дека: населението иако е слично сепак се разликува од Бугарите и Србите, како и тоа дека „Македонските Словени не се Грци“. Едмонд Бушие не само што го разликува населението во Македонија, туку и посочува како решение дека „населението на Македонија треба да биде одделно како посебна народност чиешто име скратено би било Македонци“. Ваквите негови констатации и решение се посебно интересни па затоа ви пренесуваме извадоци од неговата книга во која тој вели:

„Ниту од вчера, ниту пак од денес, датира македонското прашање. Македoнија имала зад себе долго минато, а во иднина нема да престанеда ја занимава Европа. Тоа што Македонија и` стана позната на Европа се должи, главно, на два факта и тоа: на својата географска положба како раскрсница на светските патишта: едниот од Белград и од Нови Пазар низ Вардарската долина за Солун и другиот – Старата Via Egnatia од Драч пак за Солун, додека Солун како пристаниште на Македонија и по важност не стои поназад од Цариград и Суец. Од Солун може да се владее над Источното Средоземно Море и над патиштата за Азија.

Другата причина е: населението е различно по народност, по потекло и над него уште одамна се спроведува тактика на влијание од страна на соседните балкански држави, поддржани од големите сили, чиишто интереси се поврзани со положбата на балканските земји…

Македонија ја населуваат три групи народности. Едната е оспоруваната народност Македонските Словени, или, кратко речено Македонци, кои ја образуваат јатката на селското население. Потоа се јавуваат три други народности кои се стремат за господство над Македонците: Бугарите, Србите и Грците и три од спорот далечни народности: Власи, Турци и Евреи. Но, ниедна од овие народности не населуваат определена територија, туку се јавуваат овде-онде во земјата. По сите полиња на Македонија се среќава една народност од селани со словенски јазик од источноправославна вероисповед. Нив Бугарите ги сметаат за свои „по јазик и по срце“, повикувајќи се дури на Велика Бугарија, создадена со Санстефанскиот договор и на името „Бугари“ под кое жртвите на Берлинскиот договор се бореа против турското ропство. Србите ги сметаат за „Срби“ – бидејќи Душановата држава ја вклучувала некогаш и „цела Македонија“, од спомениците што го преживеале турското ропство и дека јазикот бил „старосрпски“ и затоа што и Македонците славеле „слава“. На крајот доаѓаат и Грците, за кои немало решавачко значење потеклото, ниту јазикот, туку само „духот“ и културата, која била грчка, и како што за Французите, на пример, не можело да се каже дека не се Латини, така и за Македонците не можело да се рече дека не се „Грци“.

Очевидно е дека Македонските Словени не се Грци. Но и покрај фактот што имаат некои сличности во наравите, верата и јазикот со Бугарите и Србите, тие се одликуваат и од едните и од другите. Прашајте еден селанец од Островска околија, или од Битолска, како се чувствува, тој ќе ви одговори девет од десет пати: Македонец! Затоа словенското население на Македонија треба да биде одделно како посебна народност чиешто име би било Македонски Словени или, скратено, Македонци…“

Иако француската дипломатија отсекогаш била добро запозната со состојбите во Македонија, како голема сила која играла видна улога во светот и влијаела на историските текови, таа не одиграла конструктивна улога во зачувување на целовитоста на Македонија. Тргнувајќи од сопствените интереси, честопати своите „симпатии“ ги насочувала кон Србија и Грција, односно кон оние кои имале голем апетит кон Македонија. За разлика од неа, француските интелектуалци  отсекогаш гледале со симпатии кон македонскиот народ.

Меѓутоа, како и во минатото така и денес, на прашањето на било кој од ЕУ, како се чувствуваат граѓаните на Македонија, тие ќе ви одговорат од десет, десет пати дека се Македонци, и дека нема да го сменат името. Затоа како водечка земја во ЕУ, Франција која добро ја познава Македонија, треба еднаш за секогаш да ги сопре незаситните барања на нивниот пулен Грција и да и` помогне на Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО.

Најново од: Историја

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

To top